Интересни билдови, но сепак би ти предложил некои измени.
Генерално, да направиме една поделба.
1.PvP
2. PvE
1.1
PvP Shadow
Значи генерално твојот билд, само што наместо Shadow Reach идеме на Improved Vampiric Embrace, и наместо Inner Focus идеме на Martyrdom. Причината за оваа одлука е дека во battleground искрено кажано, Inner Focus и не ти баш толку битен, доколку мислиш дека една магија повеќе ќе те спаси, тогаш размисли што може мартирдом да направи за тебе. Inner Focus ќе ти биде потребно во една од 1000 ситуации, каде што маната нема да ти биде доволна за една последна магија. Наспроти тоа, Мартирдом е сосема поефикасен, особено против rogues, со тоа што добиваш 10% шанса да kick или било каков interupt обид да биде неуспешен, наспроти тоа, добиваш фул cast time.
Што се однесува до одлуката за Improved Vampiric, наместо Shadow Reach, мислам дека е очигледно. PvP Shadow времето го поминува во battlegrounds каде што реално немаш време да се вадиш од форма и да се лечиш себеси. Најоптимално е да имаш 25% Vampiric кој што ќе ти биде повеќе потребен, затоа што секогаш можеш да направиш еден чекор напред и да спамуваш магии.
1.2
PvP Discipline
Повторно во твојот Дисц. билд го забораваш мартирдом кој е многу битен фактор во PvP. Друже, во PvP ти си тепач. Веруј, попот може да биде еден опасен тепач поради тоа што е способен да се лечи себеси, да тепа убаво да шамара, и да заебе противникот со Mass Dispel, Mana Burn, Fear. Исто така во твојот дисц билд не приметив Force of Will. Друже, тоа се 5% crit на магии. 5% spell damage исто. Зашто да го оставиш тоа на страна, и да одбереш Healing Focus, или Blessed Recovery? Ако веќе си одлучил да бидеш дисц, тогаш тоа дрво треба да ти биде предност. Не треба да лечиш. Лечење сите знаеме дека е најефикасно во Holy дрвото. Дисц дрвото е тепач, supporter.
1.3
PvP Holy
Е тука треба да се концентрираш на лечење, ова е дрвото што ни треба за лечење во PvP. Lightwell не знам дека некој користи во PvP, и доколку користи, е идиот. Демек, се залетуваш со DPS Warrior пред тебе, против 4ца противници, и ти му викаш чек малце да пуштам Lightwell. Доколку прочиташ таму ти пишува Any damage taken cancels the effect. Нели ти е тоа доволно за да го избегнеш Lightwell за било каква опција?
2.1
PvE Shadow
Овој билд ти е ок за PvE. Го оставив истиот линк, искрено немам примедби.
2.2
PvE Discipline
Иако ретко се користи, постои опција Дисц дрвото да биде бекап лекар со тоа што има Improved Spirit, со тоа што сите кастери добиваат одреден процент поголем spell damage. Исто така Power Infussion знае значително да го подобри резултатот на одреден кастер, дури за 20% повеќе. Другите таленти се распоредени така што Дисц попот да може да се придружи на DPS листата, дека искрено, Smite мава по 2000 damage, за 2 секунди, така да не смее да се запоставува. Нормално, на Boss Fights доколку има потреба, се придружува на лекарите и помага, со тоа што лечи кога главните лекари одмараат за мана.
2.3
PvE Holy
Друже, поп со спирит, поп без спирит??? Попот МОРА да има спирит, тоа му е мана регенерација, тоа му е healing power. Не знам од каде идеа дека попот може да биде функционален без спирит. Како и да е, по цена на Improved Spirit НИКАКО не смееш да жртвуваш Empowered Healing. Под никој случај. Особено не кога зборуваме за поп кој лечи долги тепачки, рејдови. Со твојата опција попот добива 10% healing power од вкупниот негов спирит. Да кажеме тоа е 700, што треба ептен добар поп да бидеш за тоа, значи добиваш 70 healing повеќе. Да ја разгледаме мојата опција, со 5/5 Empowered Healing...значи цитирам "
Your Greater Heal spell, gains an
additional 20% and your Flash Heal and Binding Heal gains an additional 10% of
your bonus healing effects."
Значи, зборуваме за Holy попови во PvE. Главното "оружје" на истите попови е Greater Heal. Доколку еден поп има 1800 healing бонус, неговиот Greater Heal добива 20% повеќе лечење. Во овој случај тоа би било 360 повеќе. Со твојата комбинација се добиваше само 70....
Ќе кажеш да, ама само на Greater Heal вака се добива. Е добро де, ете нека биде и Flash Heal, 10%, значи пак 180 повеќе, а не само бедни 70....
Се надевам дека ќе ги анализираш билдовиве, и ќе се согласиш со еден значително постар priest.
Со Почит
Ороспија, lvl 70 UD Priest - Tarren Mill <Sindikat>