Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
17.08.2007
Недоволната способност на Бугарија да се грижи за малцинствата, а особено за ромското, ја поставува земјата во групата на држави, во кои постои можност од дестабилизација, објави бугарските медиуми, повикувајќи се на истражување изработено од американскиот Фонд за мир од Вашингтон и американското политичко списание „Карнеги форин полиси“.
Според истражувањето, стабилноста на Бугарија може да биде нарушена и поради намалувањето на населението, постојаниот „одлив на мозоци“, нерамномерниот развој на градските и селските области, отсуството на единство кај политичката власт и корупцијата.
Во истражувањето се нагласува дека судството во Бугарија е најслаба институција во државата.
Бугарија, заедно со Хрватска и Романија, е сместена во најбројната група на држави со умерена нестабилност. Од вкупно 177 држави од оваа група, Бугарија е рангирана на 128-то место, што е подобра позиција во однос на 2006 година кога се наоѓаше на 103-то место.
Според авторите на истражувањето, подобрата позиција на Бугарија се должи на нејзиниот прием во Европската унија.
Во истражувањето се нагласува дека 32 држави во светот се на работ од распад, а најлоша е ситуацијата во Судан, Ирак и Сомалија, додека пак Норвешка, Швајцарија, Канада, Шведска и Јапонија се најстабилни држави.
Целта на истражувањето е да се направи класификација на најслабите држави во светот, чија нестабилност претставува опасност за самите нив, но и за нивните соседи.
За изработка на оваа класификација во истражувањето се користени 12 социјални, економски, политички и воени параметри.