Дали е време да се покрене обвинение за ОКТА?

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Што мислите,дали е време Македонија да покрене обвинение против катастрофалната продажба на ОКТА и непридржување кон договорот за потрошувачка на енормни количества мазут.Со тој толку штетен договор за продажба на рафинеријата очигледно се употребени сите средства за корупција со кој се располагало во тоа време.Значи потписниците на вака штетен договор мора под итно да се притворат за земање мито а сопствениците на Окта исто така за давање мито со што би се покренал судски процес од кој Македонија може да извлече барем малку корист за да ги компензира штетите направени од оваа криминална продажба.
При тоа не треба да се заборави и да се почитува процедурата за одземање имунитет на ЛуБчо оти веќе имаме еден таков горлив проблем во парламентот со Бучко.
 

LiquidHeII

хемичар
Член од
31 јули 2007
Мислења
178
Поени од реакции
3
остави... се оцрнавме пред светот пред некој ден кога ја наполнавме касата на Хеленик петролеум,
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Треба, пошо очигледно е дека има нешто. И владава ако сака да покаже дека СТВАРНО се бори против криминалот треба да покрене обвинение, а не само да апси луѓе што земале 5 евра на царина.
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
A кој ќе го подигне обвинението?
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Тој шо ќе има амин од владата, малце послободно кажано. ;)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Komplicirano e ....kako i kaj site nasi raboti...t.e. takanarecenite MAKEDONCKI RABOTI..nie sekogas rabotime vo stilot : 1.RABOTI VO KORIST NA SOPSTVENATA STETA....
2.DA MU UMRE NA KOMSIJATA KRAVATA i......
3.ZAEBI GO POLITICKIOT (citaj KONKURENTOT VO KRADENJE) po sekoja cena duri i za skrsena paricka..., ne e vazno kolku toa ke go cini MAKEDONSKIOT NAROD.

Dogovorot za OKTA e bez veza , ne zaradi drugo tuku zaradi DILETANTITE podmitlivi od VMRO koi go sklucija.....
Potoa SDSM toj diletantski dogovor go DOTEPA za da stavat i tie nekoja para u dzep , a i normalno da go zaebat VMRO (pak so istata sema : koj ebe narod...) go blokira na najamaterski nacin...( I tie tolku znaat...) pa sega na ova Grckive cigani , em im podarivme rafinerija, em ne odraa so ceni , a na krajot i Mamidakis go pozlativme....
Uste podocna VMRO sitka Telekom ( zborot sitka e najsoodveten)....po nikade dosega nevideni uslovi , osven vo apsolutni kolonii, a SDSM vednas uprilicuva operetska vojna za prava na Ilirive, pa pak se delat pari sakom i kapom...dodeka ne se potrosi i posleden denar od taa"zdelka"....
Edna od poslednite takvi GENIJALNI privatizacii so ESM ( pak vo REZIJA NA VMRO)...koj ti go zna koj ke ja otpletka...iako dubarata korne , smrdi do nakaj 2000 km na sever...:):)!!
Najverojatno sega SDSM pak ke smisli nekoj stos....ne dzabe na konferenciite za pecat na VMRO , na istive postojano im namignuvaat :A NELI KE PRIZNAETE DEKA NA ESEN SPREMATE BEZREDIJA ?????....:):)!!!
Se vo se.... zaebana zemja, ako brgu brgi ne se razmrda nekoj GLAVOSECA , ama bukvalen , a ne virtuelen ...se voda ke odnese...........iako ralno mislam deka odnela veke.....no nejse....pusta nadez....
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Ja mislam deka e zastareno ponistuvanje na toj dogovor za okta ... koja godina bilo toa ?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Сепак мислам дека е време да се покренат тужби против сите продавачи на државни ресурси по багателни цени.На следните избори ќе добие оној кој ќе посегне против оние што извршија криминална продажба и ќе видиме резултати од обвиненија а не само бесцелни,трапави седници дали требало или не да се укинува имунитет.Мислам дека и оваа власт нема да биде во можност тоа да го направи затоа што и одредени нејзини членови се длабоко навлезени во такви дејствија чии договори излегуваат во јавноста.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
За Окта и Телеком мора да се покрене обвинение... само не знам колку му одговара на премиерот, во тоа време министер за финансии...
Околу застареноста не знам, договорот нема 10 години.

Сеа ќе си го пуштам скечот од К-15 со ЛУПЧО и грците :pos2: Ееее каде се сега К-15 со такви скечеви...
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
За Окта и Телеком мора да се покрене обвинение... само не знам колку му одговара на премиерот, во тоа време министер за финансии...
Околу застареноста не знам, договорот нема 10 години.

Сеа ќе си го пуштам скечот од К-15 со ЛУПЧО и грците :pos2: Ееее каде се сега К-15 со такви скечеви...
А што велиш и за Фершпед,Пивара,Алкалоид,Макпетрол,Комерцијална Банка,Европа и на 95% од Македонските фирми се ги купија нивните директори со нивните скромни директорски плати се се тоа чесни приватизации бидејки се во времето на чесната СДСМ а Телеком и ОКТА се во времето на апажите од ДПМНЕ

И зошто го прекрши СДСМ договорот со ОКТА ``за доброто на граганите`` да плакат поефтино за нафта(цена која ја определува регулаторната комисија според цените на нафтата на светските берзи)НЕ туку за да може Макпетрол да увезува бидејки само тој според законот ги исполнува условите за увоз можеше да пошека уште 1 година и да го раскине договорот и да не плакаме казни

Инаку се согласувам ако се најдат докази да се покрене постапка против тие што се огрeшиле
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Темата е дали да се покрене обвинение за ОКТА, а не кои се гафови на СДСМ, а кои на ДПМНЕ. А инаку, и ја сум за обвинение против секој шо крадел, без разлика дали е од ваму или таму.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Проблемот во Македонија е што немаме здрави институции институциите ни се корумпирани и се управувани од центри на моќ тие не го почитуват законот а ние сакаме тие да воспостават закон и ред па против тие што они треба да се борат ним им се директори
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Проблемот во Македонија е што немаме здрави институции институциите ни се корумпирани и се управувани од центри на моќ тие не го почитуват законот на ние сакаме тие да воспостават закон и ред па против тие што они треба да се борат ним им се директори
Точно така,институциите во Македонија се управувани од одредени центри односно личности со моќ,кој одлучуваат против кого и со колкав интезитет ќе се покрене одредена кривична постапка.Сепак јас мислам дека премиерите на Македонија заслужуваат најмногу да бидат судени затоа што тие беа оние кој им овозможија на одредени личности да се стекнат со толкава моќ.Тоа се случуваше во сите поголеми фирми,банки и осигурителни компании.Нивните директори станаа моќни да ја контролираат државната администрација и судството по што Македонија стана мафијашка држава која сеуште ги штити интересите на одредени личности без да им служи на граѓаните.Сепак вакви крупни афери не треба да останат неказнето посебно сега откако се заговара одземање на имот како мерка во новото законодавство и по стекнување на двојно државјанство од страна на одредени функционери и олигарси со цел да ги избегнат законските мерки кој можат да ги засегнат доколку останат во Македонија.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.455
И зошто го прекрши СДСМ договорот со ОКТА ``за доброто на граганите`` да плакат поефтино за нафта(цена која ја определува регулаторната комисија според цените на нафтата на светските берзи)НЕ туку за да може Макпетрол да увезува бидејки само тој според законот ги исполнува условите за увоз можеше да пошека уште 1 година и да го раскине договорот и да не плакаме казни
Како тоа да почекавме уште една година. Ти знаеш каков е договорот, се сеќаваш на тоа време што ни правеа грците со цената на нафтата, гледај го скечот од К15, па потсети се.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Како тоа да почекавме уште една година. Ти знаеш каков е договорот, се сеќаваш на тоа време што ни правеа грците со цената на нафтата, гледај го скечот од К15, па потсети се.
СДСМ и нејзината влада се криви за предвременото раскинување на договорот со Грците.Колку и да беше штетен немаше да биде поштетен од ова плаќање оштета и морално продолжување на истиот договор до предвидениот рок.Токму затоа треба да се апсат сите кој на одреден начин беа инволвирани во скандалот со ОКТА од каде ги наполнија своите џебови со пари кој им ги нудеа Грчките сопственици како мито на сите влади од продажбата до сега.Па Македонија или оваа влада можеше многу лесно досега барем во неколку наврати да ја тужи Окта за неисполнување на договорот во целост а секако и за загадувањето кое продолжи иако имаше обврска да вгради соодветни филтри.Тоа загадување може да добие поинаков тек во целата работа доколку се тужи Грчката фирма за непоправливо загадување на животната околина и предвремена смрт на околните граѓани.Се разбира дека ни за тоа не се поднесе тужба оти некој можеби сеуште инкасира од одолговлекување на кривични пријави кон ОКТА.:(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom