Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата unforgiven
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Линк
Breaking News guys, TFI - a french channel have just brought news that
e.adebayor has got an agreement to join AC MILAN in the summer - more
to follow!!!!!
Said guy in lobby

Also there:
Apparently according to German press - we've asked for Gourcouf as
part of the deal but nothing decided yet??


Линк

Се шпекулира Ade=Gourcuff+Flamini+пари!!!
Доказ?Адебајор се помалку игра во последно време,а не е повреден!!
Изворот е доста убедлив...

Едит:
Бидејки нема што да се прави,направив еден список од фудбалери кој веќе не сакам да ги гледам од другата сезона во Арсенал и кои сакам да ги видам на нивно место

Silvestre (може да биде ментор и не сакам веќе да го видам на теренот да игра за Арсенал)

Senderos
(нее доволно добар за Арсенал)

Traore
(за бек нее затоа што незнае да ирга одбрана,за везен нее бидејки нее доволно добар во нападот т.е.нее доволно добар за Арсенал)

Diaby
(одговорноста и учинокот апсолутно нула,губење време,пари, поготово живци)

Adebayor
(додека можеме да го продадеме тој "one season wonder" ,трча безвеза,не се труди,слаб скор и не е на својата заслуга)


Brede Hangeland - Fulham(точно тоа што ни треба во одбраната,брз,висок,искусен и воџа на одбраната,од очајната одбрана на Фулам направи една од подобрите одбрани во лигата,примија точно голови како нас,и дели 4 место како нај одбрана)

Mamadou Sakho - PSG
(висок,брз,млад(19),јак,екстраталент,повекето стручнаци велат дека многу брзо може да постане најдобар централен стопер во светот)

Xabi Alonso - Liverpool
(точно тоа што ни недостига,одличен техничар,добар шут,прецизен шут и пас,искуство,врши добра работа во нападот и во одбраната,исто така е и одличен креативец)

Eden Hazard - Lille
(Белгиско чудо од дете,феноменален играч,млада верзија на Аршавин,во Lille направи слично како што и Аршавин кај нас а има само 18 години)

Yoann Gourcuff - Milan/Bordeaux
(ако Росицки веке не е за ништо,тој е одлична замена за него,и не треба да објаснувам за него по опширно бидејки знаете за каков играч се работи)

Carlos Tevez - West Ham/ManUtd
или Edin Dzeko - Wolfsburg (Тевез како она позајмица за малку пари,да е и на 2 години тоа е доста,одличен играч,и ако е можно мора да дојде,ако не нека дојде Dijamant,и така изгледа како подобар од Адебајор,знае да игра со глава,дава голови и не е себичен)

Мислам дека е доволно :))

За мислењето на нашиве што сакаш да заминат...неможам да се согласам за Траоре...одличен заменик за Клиши...ама која брзина и техника иако одбранбен играч...има играно во младите конкуренции и лево крило... и игра одлично све по таа лева страна:smir:
 
Како прво не верувам во ова од причина што Адебајор самиот изјави дека не може и не сака да го напушти Арсенал, и второ Венгер кажа дека нема да купува шпиц играчи, така да логично е дека ќе ги задржи овие што се во моментов.
Овие играчи што ги наброја повеќето се млади неискусни таленти, а Арсенал има цела војска од такви... не се потребни ама ич такви играчи. Она што ни треба е искусен играч кој е веќе докажан, со многу освоени титули со многу настапи со еден збор кажано ѕвезда.
Доволно е двајца такви да дојдат ова лето и сигурен сум дека од наредната сезона ќе освојуваме титули.


точно доста ни беше млади и неискусни таленти редно е да земаме некоја ѕвезда
 
Како прво не ни треба пак некој од 19 20 години...Такви ги имаме на претек...А за Фламини, ако се врати, мислам дека е можно, но сепак дека јас нема повеке да го почитувам како играч, сем ако не се докажи...Но сепак не го сакам пак во Арсенал...

Како второ не верувам дека Аде ке си отиде, а сакам Бедтнер да остани, како и сите други, со исклучок на Диаби, кој не ни е потребен, а ниту пак Траоре или Фабијански...

Еве мој предлог и сепак можни релани наследници...

1, Ерик Абидал( изјави дека ја игра последната сезона во Барса и дека негова дестинација ке биди Англија....Сити упати понуда од 14,000,000 евра...а да не заборавиме дека е од школата каде беше Венгер главен(Монако).

2, Амелија - изјави дека сака да игра за ПЛ, и тоа за некој од големата четворка...Мислам дека брани во Палермо, и дека изјави дека кариерата ке ја продолжи во ПЛ..

3, Маркез - последна сезона во Барса, каде одолговлекува на продолжување на договорот...Сити упати понуда од 21,000,000 за Мексиканецот..

И она кое сега го најдов на нет е дека можно е Реј Парлоур да го предводи Сити од наредната сезона...
 
точно доста ни беше млади и неискусни таленти редно е да земаме некоја ѕвезда

Зависи што сметаме ние за Ѕвезда...зашто од оние најскапи играчи...се знае дека Венгер не зема зашто пред 2 дена изјави ни требале добри квалитетни играчи а не само скапи играчи:toe:
ама сепак мора да се земат барем 3 играчи од секој ред на теренот...еден одбрана еден средина и еден секако шпиц....:helou:
 
Ian Wright: Arsene Wenger Out Of Touch With Gunners Fans


"The Gunners manager is without doubt one of the best of all time but I am now beginning to wonder whether he is still in tune with the Arsenal fans," Wright told The Sun.

"Why hasn’t he replaced Thierry Henry? Why hasn’t he found someone to fill the huge gap left by Patrick Vieira? Why haven’t Arsenal had a top-quality keeper since David Seaman hung up his gloves?


"And why doesn’t he play Theo Walcott straight down the middle as the natural goal-scorer Arsenal desperately need?
 
Ме интересира нешто ,кога последен пат забивме гол од слободен удар?:raz:

Едит..
Kroenke 1.7% away from Arsenal takeover bid

Јас не памтам гол од слободен од кога Пирес погоди пред 3-4 сезони против Ливерпул уште на Хајбери за победа 3-1...Не памтам...ама сигурно одамна...
 
Сеа Јан Рајт ке му кажува на Венгер како се игра...???...Нека оди да шета....Јас тој не го признавам за играч ниту за легенда...Пред него се Анри, Беркамп, Пирес, Љунберг, Симан, Адамс па и Вилторд и Кион...
 
Линк
Breaking News guys, TFI - a french channel have just brought news that
e.adebayor has got an agreement to join AC MILAN in the summer - more
to follow!!!!!
Said guy in lobby

Also there:
Apparently according to German press - we've asked for Gourcouf as
part of the deal but nothing decided yet??


Линк

Се шпекулира Ade=Gourcuff+Flamini+пари!!!
Доказ?Адебајор се помалку игра во последно време,а не е повреден!!
Изворот е доста убедлив...

Едит:
Бидејки нема што да се прави,направив еден список од фудбалери кој веќе не сакам да ги гледам од другата сезона во Арсенал и кои сакам да ги видам на нивно место

Traore
(за бек нее затоа што незнае да ирга одбрана,за везен нее бидејки нее доволно добар во нападот т.е.нее доволно добар за Арсенал)
Ако Аде против МУ го нема во составот, тогаш е сигурно дека паднал договорот. Пред да даде изјава за арсенал.ком дека 100% останува во Арсенал и да раскажува приказни за тоа колку му помогнал Арсенал и дека сакал да им врати со трофеј, излезе пред медиумите и им се восхитуваше на титулите на Милан, ги споредуваше со Бијонсе и што уште не. Плус и се фалеше со тоа дека претставникот од Италија Морабито и неговиот агент работеле деноноќно. Дали само кокетира со нив или нешто друго е во прашање затоа што пред оваа сезона ги мењаше изјавите во рок од еден ден, а сега се фали пред сите и си ја дига репутацијата и сето тоа на штета на Арсенал.

Фламани, алчно ко*иле за пари... одбра да си ја уништи кариерата и слободно може да си остане таму или да оди во некој подпросечен клуб во Франција. Венгер се му даде, го направи фудбалер од светска класа а овој вака му врати. Па уште има и лице да се појавува на Ешбартон и да се смее на нашата несреќа. Такви фудбалери не заслужуваат почит. Добро е да се знае дека Венгер не враќа фудбалер кој го продал тој.

А за Траоре мислам дека не си во право. Тој е млад, има квалитет за одбрана и за во напад. Минатата сезона малку доби шанса, но од тоа што можев да го видам кога играше за резервите центаршутот му е опасен. Можам слободно да кажам дека му е подобар од оној на Клиши. Лани одлично набаци на Бендтнер откако сите закони на гравитацијата беа против него. Ова сезона против Евреите претрча цел терен и асистираше на Наџент и овој ја искористи шансата. Тој е одличен фудбалер и верувам дека ќе стане светска класа.
 
Емануел Адебајор (25), репрезентативецот на Того на крајот од сезоната ќе го напушти Арсенал, а најверојатно негова нова дестинација е Милан. Наводно, Карло Анчелоти веќе во живо го следел Адебајор, а за неговото заминување е подготвен и менаџерот на „топчиите“ Арсен Венгер. Тој завчера на дербито против Челзи го остави на клупата, а му даде шанса во последните 15 минути од мечот во кој Арсенал тешко страдаше, 1:4 (Бендтнер 70 минута - Алекс 28, Ањелка 39, Туре 49 автогол, Малуда 86). „Ќе загубиме добар играч, но вистината е дека разделбата е се' поблиску“, кажа Венгер за фудбалерот, кој сезонава постигна дури 30 гола во 36 меча за Арсенал во сите натпреварувања. Венгер откри и која е неговата прва опција за наследник на Адебајор: „Парагваецот Роке Санта Круз е играчот кој би сакал да игра во Арсенал“.

Тој играч откога дојде од Баерн во Блекбурн постигна 29 гола во вкупно 70 меча. Во трката за Круз се и Сити и Тотенхем. Венгер е заинтересиран и за напаѓачот на Тотенхем, Павел Погребњак.

Инаку, Арсенал како што кажавме доживеа катастрофа во мечот со Челзи, чија генерација може да се пофали дека ја остварила највисоката победа кај градскиот ривал. Со вака висок резултат Челзи не славел кај Арсенал полни 40 години. Статистиката кажува дека Челзи не доминираше. Арсенал имаше поголем посед на топка, упати 20 удари кон голот на гостите, а Челзи имаше 18. Но, присебноста во нападот беше клучен фактор. Од пет удари во рамките на голот на Арсенал, Челзи погоди четири.
 
Емануел Адебајор (25), репрезентативецот на Того на крајот од сезоната ќе го напушти Арсенал, а најверојатно негова нова дестинација е Милан. Наводно, Карло Анчелоти веќе во живо го следел Адебајор, а за неговото заминување е подготвен и менаџерот на „топчиите“ Арсен Венгер. Тој завчера на дербито против Челзи го остави на клупата, а му даде шанса во последните 15 минути од мечот во кој Арсенал тешко страдаше, 1:4 (Бендтнер 70 минута - Алекс 28, Ањелка 39, Туре 49 автогол, Малуда 86). „Ќе загубиме добар играч, но вистината е дека разделбата е се' поблиску“, кажа Венгер за фудбалерот, кој сезонава постигна дури 30 гола во 36 меча за Арсенал во сите натпреварувања. Венгер откри и која е неговата прва опција за наследник на Адебајор: „Парагваецот Роке Санта Круз е играчот кој би сакал да игра во Арсенал“.

Тој играч откога дојде од Баерн во Блекбурн постигна 29 гола во вкупно 70 меча. Во трката за Круз се и Сити и Тотенхем. Венгер е заинтересиран и за напаѓачот на Тотенхем, Павел Погребњак.
Невозможно, има постигнато 16 гола, 10 во Премиер лигата а 6 во Лигата на шампионите и имаше вкупно 31 настап.
 
Емануел Адебајор (25), репрезентативецот на Того на крајот од сезоната ќе го напушти Арсенал, а најверојатно негова нова дестинација е Милан. Наводно, Карло Анчелоти веќе во живо го следел Адебајор, а за неговото заминување е подготвен и менаџерот на „топчиите“ Арсен Венгер. Тој завчера на дербито против Челзи го остави на клупата, а му даде шанса во последните 15 минути од мечот во кој Арсенал тешко страдаше, 1:4 (Бендтнер 70 минута - Алекс 28, Ањелка 39, Туре 49 автогол, Малуда 86). „Ќе загубиме добар играч, но вистината е дека разделбата е се' поблиску“, кажа Венгер за фудбалерот, кој сезонава постигна дури 30 гола во 36 меча за Арсенал во сите натпреварувања. Венгер откри и која е неговата прва опција за наследник на Адебајор: „Парагваецот Роке Санта Круз е играчот кој би сакал да игра во Арсенал“.

Што сум гледал јас сезонава:nesvest:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom