Дин: Арсенал мора да се засили
Поранешниот потпретседател на Арсенал, Дејвид Дин вели дека Арсен Венгер мора да нагажира нови играчи за да го спречи ’паѓањето’ на табелата
Топџиите се пет бода зад Астон Вила во битката за четвртото место и се блиску до ангажман на Андреи Аршавин до Зенит. “На Арсенал очајно му се потребни ангажмани на нови играчи.” – рече Дин.
“Арсен е единствениот кој може водата да ја претвори во вино но потребна му е помош.”
И покрај тоа што Арсенал се справува со повредита на клучни играчи како што се Цеск Фабрегас, Тео Волкот, Едуардо да Силва и Томас Росицки, Венгер одбива панично да купува во јануарскиот трансфер период.
Франвузинот останува убеден дека ќе може да го комплетираат трансферот на Аршавин пред крајниот рок во понеделник на полноќ и Дин верува дека Рускиот интернационалец ќе го донесе потребното ниво за обезбедување место во Лигата на Шампионите.
“Нив очајно им треба додатна креативност, но потребно е да го одврзат кесето за Аршавин.”
“Кога јас заминав кажав дека постои опосаност од паѓање надолу на табелата. Тоа се случува во моментов и тоа ќе продолжи.”
“Оваа сезона е една од најзаплетканите, во која тие се борат за место во Лигата на Шампионите.”
“Првата цел е обезбедување место кое води во Лигата на Шампионите. Пет бода зад Астон Вила е мала пчанина која треба да се премости но тие имаат талент да се справат со тоа.”
“Арсебнал сигурно го може тоа.”
Извор