Еве што изјавил агентот на Аршавин:
"За несреќа во работите не се придвижуваат" - изјави агентот Денис Лечер за руските медиуми.
"Клучна точка секако се парите и тотално неприфатливи за Арсенал се барањата од Зенит".
"Позицијата на клубот останува останува непроменета и тоа е реалноста со која се соочуваме подолго време".
"Доколку ситуацијата и понатаму не се промени, ние ќе го искористиме правилото 17 на ФИФА и Аршавин ќе си го откупи договорот со клубот, тоа може да се случи на почетокот од ноември оваа година".
"Во таа ситуација Зенит би заработил многу помалку отколку што понудија претставниците на Арсенал".
"Доколку Андреи стане слободен фудбалер, тој ќе добие многу повеќе понуди од Англија, Италија и Шпанија".
Еве што изјавил генералниот директор на Зенит, Максим Митрофанов:
"Ситуацијата не е променета од петокот, што значи дека Арсенал сака да плати само 12 милиони фунти, ни цент повеќе" - изјави генералниот директор на Зенит, Максим Митрофанов.
"И ние во Зенит, сме подготвени да дискутираме со нив за некоја подобра понуда од нивна страна".
"Подготвени сме на чекор напред, но и тие исто така треба да бидат".
"Како и да е, јас им реков на луѓето од Арсенал дека сме подготвени да дискутираме за многу работи за да ја направиме ситуацијата полесна за нив".
"Колку што разбрав тие си поставиле краен рок до 26ти јануари, бидејќи после тоа би им требало некое време за да ангажираат нов фудбалер и ја почитувам оваа нивна позиција" - заврши генералниот директор на Зенит.
Значи сугурно има еден фудбалер кој во овој преоден рок ќе потпише со Арсенал. Дали тоа ќе биде Аршавин или некој друг останува да видиме.