Малку немате врска со муабетов.. ги кривите за предавници а воопшто не може да се наречат така.. Како прво Пујол игра во најголемиот ривал на Реал Мадрид и во иста лига, па ДА, ако си отиде во Реал Мадрид ќе биде предавник.. Хлеб и Фламини си отидоа од Арсенал затоа што сакаа нови предизвици и не отидоа во Ман Утд или Ливерпул, туку ја напуштија земјата, и секако поради пари зашто на крајот ова е работа, и секој гледа како да заработи пари.. исто како тебе да ти дадат да работиш за Бил Гејтс и ти даваат 1 мил пари, а ти викаш не, јас у Македонија ќе си работам чистач и ќе си зимам 5000 ден месечно, но важно е патриот сум... Глупости... Второ Бентли го направи најдобриот можен избор бидејќи кога беше он кај вас, вие имавте премногу крила и тој секако си отиде за да може да ја развие кариерата, а сега кога отиде во Тотенхем продолжува истото да го прави. Да не се откажавте вие од него така, можеби и да дојдеше сега во ова немаше да ги одбере Тотенхем но сепак тоа клубот најпрвин ја прифаќа понудата.
Мислам дека е срам да ги нарекувате играчите до вчера што играа за вашиот тим и постигавте колку толку поради нив предавници и вакви такви.. Вие размислете дали сте у право, но стварно е срамота од ваша страна ова што го правите.