Како можеш да тврдиш нешто за кое ни самиот не си сигурен и немаш докази?
Некои работи во животот можеш да ги сфатиш посредно. Доволно е да ја видиш целата слика. Во овој случај, таа слика се вика
човечка историја.
Ако си запознаен со цивилизациите од човештвото, ќе знаеш дека
секоја цивилизација имала свои богови и свои божества. Ако ги проучиш
просторно и временски соседните цивилизации ќе џзабележиш дека влијаеле една на друга во обичаите, културата и, да, во религиите.
Така, многу лесно можеш да следиш каков е „генеолошкиот“ развој на Јахве, кои се неговите претходници, кои се приказните кои му се придодадени и од каде влечат корени тиа.
Понатаму, конкретно за Јахве, пошто ни е хит овдека, можеш да забележиш дури и од кои богови е микс.
Кога еднаш ќе го сфатиш ова, друже, не можеш веќе да го отсфатиш. Не можеш да го одучиш. Едноставно
знаеш што е религија, а што е необјаснет феномен.
Јас не тврдам дека духовноста е булшит. Јас само тврдам дека Маниту, Венера, Јахве, Шива или боло кој друг (од 5000-те) антропоморфен (персонален) Бог НЕ ПОСТОИ.
Тоа е се' фолклор, мит, приказна - како сакаш!
Дури и да постои „креатор“ (во што
најсериозно се сомневам) на овој свет, тој НИКАКО не може да одговара на описот на Јахве.
Затоа, јас
тврдам дека богови не постојат, исто како што
тврдам дека не постои Дедо Мраз, Пепелашка, библискиот левијатан, зомби-бог, некромансер-бог, худини-бог и сл.
За докази, пошто ај, не пишуваш често овде, треба да знаеш дека доказите се обврска на оној кој тврди постоење на нешто. Не кај оној кој тврди непостоење на нешто. Think about it.