Извини, не ми беше поента да идам у погрешна насока. Сепак суштината е таа...погоре ги набројав дилемите кои нема да ги решат ниту далеку поучените и поголеми умови, сепак е сето тоа теорија која може да ја вртиме во наша или било чија корист. За се постоја контрапрашања кои не водат до она основното -човековата перцепција, ограниченост и границите.
Едно прашање (од претходно).
Доколку (претпоставка) суштество кое живее во дводимензионална средина го внесеме во нашата тродимензионална -како истото ќе се однесува према третата димензија, дали воопшто ќе ја прецепира, дали ќе е свесно за неа?
Истото се случува и со човекот, ние сме свесни, но до кој степен, кои димензии може да ги перцепираме, акои не? Колку димензии постојат, колку нивоа, слоеви, енергии, светови вон овој универзум...за кои не сме свесни дали постојат и дали некогаш ќе ги осознаеме?