Виртуелниот лик наречен бог ........никому ништо не помогнал .
Видиш, самоувереност е погубна. Зошто сметаш дека Творецот на се видливо и невидливо, тука и насекаде...не постои?
За тебе што постои? Кои се шансите да се створи живот, кои се шансите да се створи днк со точно програмиран код, да се поврзат аминокиселините со пепт. врски во точен редослед? Да се створи живот од Л-амино, а не од Д-амино (експериментот со супата падна на вакви и слични проблеми)? Шанса да од неколку хемиски елементи се создаде цела вселена во точен редослед со точни законитости кои владеат насекаде...
Да не должам, имам многу прашања, овие се онака-не барам одговор пошто одговор и нема, колку да увидиш дека ништо не е јасно, ниту точно...шансите да се створи живот (амино, днк, рнк, органели, клеточен ѕид, информации, можност за размножување) е 1 према 10 на 100.000.000.000, шансите да се створи бактерија се 1 према 10 на 50-та, тие шанси според (сеа баш прашував математичар за шанси и веројатности) одредени математички правила се еднакви на чудо (секое над 1 према 10 на 30-та или на 50-та). Еднакви на шансите да се добива лото секоја недела во следните милион години од едно уплатено ливче неделно.
Кога еволуцијата не е само она што сме се фатиле за Дарвин и сличните теории, еволуцијата е еволуција на цел универзум со свои партиции на подеволуции, а не на видовите (кои исто така не се докажани, ниту имаат покритие одредени периоди туку гес вот -претпоставки и теории...и така натаму.
Сакаш наука, ок. Се по ред, имаме време до пензија да спориме за работава.
Само немој кога ќе остариш, кога ќе осетиш како те напушта младата снага и како се оди по ѓаволите да кажеш -Боже, аман спаси ме, аман не давај...
Впрочем зошто во Церн се бара Божја честичка, а не прачестичка или Њутнова прашинка...?
Ќе прашам за суштество во условно дводименизона средина истото пренесено во тродимензионално...ама малку подоцна, ме здоболеа прсти :wink: