Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Атеистите веруваат во „нешто„ а теистите веруваат во точно одредено битие и учење. Ти текнува?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Од каде пак идеата дека верниците не веруваат во науката..можеби не верувам во разнорзни недокажани теории на постанок..
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
68
Поени од реакции
0
Па тоа де. Само тоа „нешто“ е природен закон - Математичка законитост на настаните (причина-последица). Теистот верува во некое битие, а атеистот верува дека секое битие мора да се покори на оваа законитост, какво и да е.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па тоа де. Само тоа „нешто“ е природен закон - Математичка законитост на настаните (причина-последица). Теистот верува во некое битие, а атеистот верува дека секое битие мора да се покори на оваа законитост, какво и да е.
Ето, видите, Бог не се покорува на твоите математички „законитости„ оти Он самиот ги поставува законите. И сега? Значи дека не постои?
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
68
Поени од реакции
0
Прво: Не се МОИ математичките законитости.
Друго прашање. Не знам за тебе Бог што е? ЗАконитост или Битие? ама колку што знам јас, како што вика религијата: Настаните се по желба на Бога, значи автоматски не е законитост.
Ја као атеист не верувам дека може нешто да постои без да се покорува на сите тие закони (сакаш кажи ги на природата, сакаш кажи ги математички, само не ги викај мои :nenene:)


Вака може да се вртиме у кург уште 100 години...
Само кога ќе ставиш метал во киселина, на одредена температура и одреден притисок, ќе си настане ракција што е однапред позната, а не зависи од волјата на никого.
+ после сите објаснувања за настанокот на светот во Библијата, вчера да излезе Ватикан и да каже дека можеби и има живот на други планети.... :) дај те молам...:nesum:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
ПРво и основно: она кое се нарекува математичка законитост, претставува само приближна пресметка/равенка до она кое објективно се случува во природата, така да рзвенката е само „приближост„ а не апсолутна идентичност со реалниот настан: равеката НЕ ОДГОВАРА апсолутно на настанот/појава/процесот, па со тоа,паѓа твојата теза за некаква „законитост„ во природата, без притоа да е „вмеша„ самиот Творец.
Понатаму; она кое тековно го прави Ватикан, не е за чудење. Од крајот на 19-от век, Рим, Ватикан и воопшто, папството , секоја научна новотарија ја прифаќаат како своја и ја вклопуваат во НИВНОТО видување на работите. Така не е за чудење ако римокатолицизмот, т.е. неговите тековни авторитети, откинат и по некоја „зелена„ , како што е постоењето на „марсовците„ и додавањето нови „гревови„.
Повеќе пати имам кажано дека треба да се прави разлика во она кое доаѓа од запад и да не се меша и припишува на православната Црква. Ако на форумов има римокатолчки верници, најдобро е тие да кометираат за состојбата во нивната Црква.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
68
Поени од реакции
0
ПРво и основно: она кое се нарекува математичка законитост, претставува само приближна пресметка/равенка до она кое објективно се случува во природата, така да рзвенката е само „приближост„ а не апсолутна идентичност со реалниот настан: равеката НЕ ОДГОВАРА апсолутно на настанот/појава/процесот, па со тоа,паѓа твојата теза за некаква „законитост„ во природата, без притоа да е „вмеша„ самиот Творец.

Апсолутно неточно. За многу работи имаш 100% прецизност. За оние кои се откриени бар до сега. Едноставно не ми се допаѓа ставот на црквите од типот на: до пред 5000 години Оганот бил од господ, па кога измислиле ќибрит или што и да е слично, добро де господ ти го дал кибритот и он пак кога сака ќе го запалиш ти оганот.

Ај баш ако има некои католици на форумов, ме интересира што ќе кажат за формиве на живот по другите планети и ставот на Ватикан.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Очигледно е дека некои работи не ги конташ или несакаш да ги сконташ.
Но, добро.
Посочи ми, во кој случај/случаи ја гледаш 100% точност, кога во овој свет такво нешто не постои, туку секогаш се јавува и понекоја луфта, разлика? Ниеден од авторите од математичките области не кажал дека во некое тврдење се 100% сигурни, кога постои реална можност тоа тврдење да биде коренито променето во најкус можен рок. На пример, њутновата небесна механика, која своевремено важела како вистинито научно-философко гледање на работите, сега е веќе напуштена (толку од Њутон!) и заменета со тековните физичко-математички модели на Универзумот. Плус тоа, Хокинг самиот прави корекции на својата теорија за црните јами (толку и од неговите вистини). Плус тоа, повеќе е од јасна контрадикцијата меѓиу теоријата од релативитетот и квантната механика о д МАкс Планк, за која Ајнштајн (релативистот) нема кажано пофални зборови, но ете, физичарите ја поддржуваат. И сега? Каде е 100%-та?
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
68
Поени од реакции
0
ЗА Њутн не е точно и за Галилееви трансформации. Истите се проширени од Ајнштајн. Ги додефинира каде точно важат, а дополнува во други услови како е. Теоријата на релативитетот, ништо ама баш ништо не побива, туку дава проширување.

И би требло да правиме разлика Меѓу научни ТЕЗИ и закони. За нешто да се проучи, обично се појавуваат многу тези, ама после тоа тие се докажуваат или се побиваат. Ако нешто му падне на памет на некој научник, мора да го изложи као теза и да почне да се докажува, па ако го помине цел тој пат тогаш ќе стане закон.

Мене не ми пречи црквата или слично. Но ми пречи кога истата се меша во работата на науката и сака да спречи одреден развој под изговор дека тоа е против бога...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Науките (природно, општесвени, хуманитарни и какви се не...) се занимаваат со проучување на следните категории:
- време
- простор
- материја
- енергија
- информации

Црквата се занимава со проучување на следните категории:
- Бог
-човек
-сите релации меѓу Бога и човекот и релации човек/човек.

Зашто мислиш дека Црквата има потреба да се меша во науките, кога Црквата има свои „објекти„ за опсервација?
А секогаш кога некоја од науките ќе забега во зло, нормално е дека Црквата ќе даде став за тоа забегување, оти едно од основните прашања на Црквата е прашањто на доброто и на злото. Злото. за Црквата е неприфатливо ниту како компромис и Црквата е должна да укаже на секоја зла појава и да предупреди за истата, без притоа некој да биде на нешто принуден.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
ЗА Њутн не е точно и за Галилееви трансформации. Истите се проширени од Ајнштајн. Ги додефинира каде точно важат, а дополнува во други услови како е. Теоријата на релативитетот, ништо ама баш ништо не побива, туку дава проширување.

И би требло да правиме разлика Меѓу научни ТЕЗИ и закони. За нешто да се проучи, обично се појавуваат многу тези, ама после тоа тие се докажуваат или се побиваат. Ако нешто му падне на памет на некој научник, мора да го изложи као теза и да почне да се докажува, па ако го помине цел тој пат тогаш ќе стане закон.

Мене не ми пречи црквата или слично. Но ми пречи кога истата се меша во работата на науката и сака да спречи одреден развој под изговор дека тоа е против бога...
Науките имаат неколку особини:
- континуалност
- кумулативност
- автокорективност
Во својот пост, ти самиот потврди дека научните сознанија се „коректибилни„ па со тоа ти самиот ја оставаш можноста од нивна корекција во иднина (исто како што корекциите се случувале во минатото и се случуват тековно) па тука е „луфтата„ од нивната не-100%-ност. Ти текнува?
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.163
Поени од реакции
6.040
Науките (природно, општесвени, хуманитарни и какви се не...) се занимаваат со проучување на следните категории:
- време
- простор
- материја
- енергија
- информации

Црквата се занимава со проучување на следните категории:
- Бог
-човек
-сите релации меѓу Бога и човекот и релации човек/човек.
Човекот слободно можеш да го префрлиш во горната листа. Си слушнал за антропологија?
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
A sto ako podednakvo veruvam i vo Gospod i vo naukata? Kako da glasam?
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
A sto ako podednakvo veruvam i vo Gospod i vo naukata? Kako da glasam?
неможеш да веруваш подеднакво во двете затоа што или не си запознаен со двете доволно или незнаеш што зборуваш.Неможеш да викаш во исто време дека нешто е црно и бело.Религијата и науката се спротивности, затоа и постојат ове теми,оние што веруваат во религија и оние што веруваат во наука да дискутираат што е вистинското.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom