Да појаснам.
Кога велам дека е логичен, мислам на тоа дека Новиот Завет има свој претходник, а тоа е, јасно, Стариот Завет. Но не само тоа! Светите Оци,токлувајќи го Писмото, наведуваат голем број паралели, праслики, кои се слушуваат во Новиот Завет а кои се на некој начин, облик и форма, веќе наведени и во Стариот. Да наведам некои од нив: ноевата арка, како праслика за Црквата Христова, жената (Ева) која ќе го роди Спасителот (Христа) и кој ќе ја гази змијата (ѓаволот) по опашката, престојот на човекот (неможам да се сетам на името) во стомакот на китот во траење од три дена, како праслика на Исусовиот „престој„ во гробот во траење од три дена и тн. А да не зборувам за пророците и нивните пророштва за доаѓањето на Спасителот.
Нормално дека Новиот Завет не е копија од Стариот. Па нели сам Христос го воведе Новиот, на Тајната вечера, кога им вели на Апостолите: „..ова е мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина за простување на гревовите. Пијте од неа сите...„ И логично, воведувањето нови правила воедно значи и укинување на старите, претходните правила на однесување.