Stapkata na trosoci sto penz.fondovi ja zemaat uste pred da gi vlozat parite so noviot predlog zakon se namaluva,a isto se dozvoluva i form. novi fondovi.
Со измени во законот за вториот пензиски столб Владата ја ограничува максималната стапка на трошоци што ќе може да ја пресметуваат приватните пензиски фондови, а кои паѓаат на товар на осигурениците.
Ваквиот чекор следува откако веќе неколку месеци Владата и двата приватни пензиски фонда не успеваат да се договорат колкава треба да биде провизијата што „КБ“ и „Нов пензиски фонд“ ја наплаќаат од идните пензионери аз своето работење.
Двата фонда пред летните одмори излегоа со став дека стапката треба да биде 7,9%, колку што е сега. Пресметките на Владата, пак, се поинакви.
„Нашите предлози, коишто ги базиравме врз анализите што ги направивме, но истовремено и анализите на познати експерти кои беа ангажирани за оваа работа, укажуваат дека постојат реални предуслови стапката од 8,5 да се намали на отприлика 6,9 до 7 проценти“, рече Љупчо Мешков, министер за труд.
„Се појави потреба од заштита на членовите на вториот пензиски столб заради тоа што во иднина неконтролираното зголемување на ваквата стапка на трошоци може негативно да се одрази врз пензиите и врз средствата на индивидуалните сметки на членовите на вториот пензиски столб“, вели Мешков.
Со законските измени ќе се зголеми и конкуренцијата во овој бизнис. Се предлага и нови приватни пензиски фондови да се формираат на пазарот. Ќе може да ги основаат домашни, но и странски правни лица.
Ставот на ресорниот министер е дека на овој начин освен поголема конкуренција, ќе се зголеми и довербата на осигурениците во фондовите.