Помали проценти и нови пензиски фондови

Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Stapkata na trosoci sto penz.fondovi ja zemaat uste pred da gi vlozat parite so noviot predlog zakon se namaluva,a isto se dozvoluva i form. novi fondovi.
Со измени во законот за вториот пензиски столб Владата ја ограничува максималната стапка на трошоци што ќе може да ја пресметуваат приватните пензиски фондови, а кои паѓаат на товар на осигурениците.
Ваквиот чекор следува откако веќе неколку месеци Владата и двата приватни пензиски фонда не успеваат да се договорат колкава треба да биде провизијата што „КБ“ и „Нов пензиски фонд“ ја наплаќаат од идните пензионери аз своето работење.
Двата фонда пред летните одмори излегоа со став дека стапката треба да биде 7,9%, колку што е сега. Пресметките на Владата, пак, се поинакви.
„Нашите предлози, коишто ги базиравме врз анализите што ги направивме, но истовремено и анализите на познати експерти кои беа ангажирани за оваа работа, укажуваат дека постојат реални предуслови стапката од 8,5 да се намали на отприлика 6,9 до 7 проценти“, рече Љупчо Мешков, министер за труд.
„Се појави потреба од заштита на членовите на вториот пензиски столб заради тоа што во иднина неконтролираното зголемување на ваквата стапка на трошоци може негативно да се одрази врз пензиите и врз средствата на индивидуалните сметки на членовите на вториот пензиски столб“, вели Мешков.
Со законските измени ќе се зголеми и конкуренцијата во овој бизнис. Се предлага и нови приватни пензиски фондови да се формираат на пазарот. Ќе може да ги основаат домашни, но и странски правни лица.
Ставот на ресорниот министер е дека на овој начин освен поголема конкуренција, ќе се зголеми и довербата на осигурениците во фондовите.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Сепак плаќаме најголеми придонеси во регионот и ова е само мачкање очи на јавноста како еве владата нешто работи.Па Турците плаќаат по 50 евра придонеси и наплататата е 120%,сега дури и невработените плаќаат за да бидат здравствено и пензиски осигурани,ама ние имаме морони во владата кој знаат само да продаваат бубрези за мадиња и да си го мерат рејтингот потпомогнат со непотистичките вработувања во сите сектори на администрацијата која наместо да се намалува се зголемува со незапирливо темпо.
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Ova e za komercijalnite fondovi,koi naplacat % uste pred da gi vlozat parite.Rabotele-nerabotele,pa si ze maat,baska kako gi vlozuvaat...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ova e za komercijalnite fondovi,koi naplacat % uste pred da gi vlozat parite.Rabotele-nerabotele,pa si ze maat,baska kako gi vlozuvaat...
Знам зошто е,само и тие не се криви штом има таква политика на високи давачки кон пензиските фондови зошто да не си земаат % несработени.
Доколку државата или владата сака навистина да стави ред во пензискиот сектор најпрво треба да ги поттикне граќаните да плаќаат а не да имаме армија од невработени,уште една од вработени административци и згора на се највисоки давачки за вработен во регионот.
Па ако резонираме дека 50 евра месечно за пензија се издатоци кој на 40 години вложување во најобична банка се убави пари со камати и се друго кој еден просечен пензионер никогаш нема да ги земе назад доколку се знае дека со новиот закон ќе зема пензија во просек по 10тина години а можеби и помалку.Проста математика,нели?
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Abe kakva penzija izdvojuvaj si tie pari 100 evra za 30 godini ke imas 36 000 evra penzionen fond , kupi si stance rentaj go za 150 evra i ete ti ... kakvi stolbovi kakvi bakrachi
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Токму затоа треба владата да ги сведе давачките на 50 евра по вработен со што никој нема да помислува да си купи стан и да го издава под кирија.
Вака со вакви високи давачки само се зголемува револтот и се одбегнува плаќањето во здравствено-пензиските фондови и имаме официјална армија од невработени кој доколку ги платат тие 100 евра стварно ќе бидат исто како невработени па дури и полошо од тоа кога знаеме дека просекот на обичниот работник е тука некаде окулу 100 евра.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Чек малце!!!
Финтава со новите пензиски столбови е следната:
1. Првиот државен пензиски столб е оној кој го знаевме досега, кој си продолжува и понатам.
Тој е по принципот на меѓугенерациска солидарност. Значи, јас сега плаќам придонеси, и некој од тоа зема пензија, вулгаризирано кажано...
2. Вториот пензиски столб, кој е и објект на оваа тема е задолжителниот приватен пензиски фонд, т.е. оние два кои постојат сега, каде задолжително одат дел од придонесите, кои тие фондови ги инвестираат со цел остварување профит, и кога еден ден работникот оди во пензија, му се исплаќаат вложените пари со камата одеднаш или како тој самиот сака...Во случај на смрт парите се исплаќаат на неговите наследници.
3. Третиот пензиски столб е доброволниот приватен фонд. Обично осигурителните компании ги држат тие фондови, во кои работникот ДОБРОВОЛНО си плаќа месечно определена сума пари во текот на својот работен век (или дел од работниот век) и кои по завршувањето на договорот или пензионирањето му се исплаќаат на начинот под бр.2

Колку што разбрав од темава, Владата сака да се намалат трошоците кои паѓаат на товар на работниците (осигурениците) а кои како разни провизии ги задржуваат фондовите, а и за таа цел би се дозволило формирање нови такви фондови, па логички, конкуренцијата би го направила своето.
Не гледам ништо лошо и ништо чудно тука.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Лошото и чудното тука е што владата не се зафати со општо намалување на давачките за пензиско и здравствено осигурување кон вработените граѓани туку почна да мрчи за намалување од 1% на провизиите.Значи не одиме директно на главниот проблем туку решаваме нешто за кое не вреди да се пишува.Тоа ти е исто како кога пекарите ќе ја зголемат цената на лебот за 50%,владата да им се пушти на трговците кој го препродаваат лебот и да им одземе по 1% од заработката.Блентаво и безпредметно би рекол.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Лошото и чудното тука е што владата не се зафати со општо намалување на давачките за пензиско и здравствено осигурување кон вработените граѓани туку почна да мрчи за намалување од 1% на провизиите.Значи не одиме директно на главниот проблем туку решаваме нешто за кое не вреди да се пишува.Тоа ти е исто како кога пекарите ќе ја зголемат цената на лебот за 50%,владата да им се пушти на трговците кој го препродаваат лебот и да им одземе по 1% од заработката.Блентаво и безпредметно би рекол.
Не би се согласил...
Треба да се сработи нешто во врска со ВРАБОТУВАЊЕТО, а не во врска со висината на придонесите, барем не во вториот, а во иднина и третиот столб, бидејќи намалувањето на придонесите во тие два столба ќе биде на директна штета на работниците, кога ќе станат пензионери, па ќе земат и помала пара, настрана од класичната пензија, каква што ја знаеме.
Симболични придонеси би го уништиле првиот пензиски столб, а со тоа би оделе на штета на буџетот на РМ.
Јас го гледам тоа така:
Силна економија = нови вработувања = плаќање на придонеси
А на крајот на краиштата, ова кое сега го бара Владата се однесува на нас, чијшто работен век е далеку од завршување, па замисли ти некое процентче повеќе за мене во наредните 34 години...
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Ne go cepkaj strumix on si plaka 50 evra penzisko neli ?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Е па замислувам јас некое процентче ама кај невработените кој сториле и по 40 години ама немаат работа.Од нив сигурно никој нема да земе затоа што не се вработени многу од нив барем 50% и поради факторот "високи придонеси за вработување".
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Е па замислувам јас некое процентче ама кај невработените кој сториле и по 40 години ама немаат работа.Од нив сигурно никој нема да земе затоа што не се вработени многу од нив барем 50% и поради факторот "високи придонеси за вработување".
Тој фактор е најмалиот проблем во решавањето на невработеноста. Погледни првин КАДЕ да се вработат сите тие невработени, дали воопшто постојат работни места, целата економија каква ни е...
Па на државно ниво можат на прсти да се избројат успешни големи компании...
И ај, да се намалат придонесите...сигурен сум дека бројката на невработени не би паднала за повеќе од 5%.
И, оваа тема ги тангира вработените, за невработените сме дискутирале на многу други теми.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Ne se slagam strumix samo 5 %

eve zasto

jas ako imam firma i ako mene mi e 100 do 120 evra da im plakam pridonesi na rabotnicite , ne sum lud da gi prijavuem ako toa me vodi u minus

ako mi e samo 50 evra bolje ke platam na drzavata toa nego na inspektori koi moram da potkupam da zamizat

cista logika
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Токму оваа тема ги тангира сите,од вработени до невработени преку пензионери.Ако се намалат зафаќањата од вработените Македонската економија слично на Турската ќе почне да дише и да се ревитализира а кога ќе се зголемат платите може да се оди на процентуално зголемување на давачките за вработување,тоа е просто и едноставно само треба да се има малку ум и тоа да се направи а не да ми се носат некои министри од странство кој појма немаат што е економија и се шетаат како тур-оператори по светот нудејќи ја Македонија како привлечна дестинација во која ни домашните потенцијални инвеститори не вложуваат затоа што давачките им се преголеми,и гледаат со свој очи колкав државен апарат треба да одржуваат во добра кондиција со платени високи давачки за поголеми пензии оти нишале врати по канцалариите на владата или државната администрација.Всушност Македонија освен во слободни економски зони нема да добие ни денар странска инвестиција доколку и понатаму продолжи со истата политика.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom