Една важна причина поради која жените живеат подолго од мажите е поради одложувањето (во случајов предност) на кардиоваскуларните болести како што е срцевиот удар (и ред други болести).
Кај жените овие болести се развиваат многу подоцна,поточно во нивните 70-ти и 80-ти години ,за разлика од мажите кои страдаат уште во почетокот на 50-те и 60-те години од својот живот.
Првичните мислења биле дека тоа е поради зголеменото количество на естроген кај жените меѓутоа со понатамошни испитувања е докажано дека не е пожелно да се дава естроген на жени кои се наоѓаат во менопауза.
Причината за одложувањето на болестите е во недостатокот на железото кај жените посебно кај оние помладите (доцни тинејџери и околу 20-те години - поради менструалниот циклус). Големото количество на железо ги старее клетките и тие изумираат.
Најмногу железо има во црвеното месо и не за џабе луѓето кои се вегетаријанци живеат многу поздраво од тие кои си сакаат скара со пивце :wink:
Понеобјаснета причина е таа што жените имаат два X хромозоми а мажите еден.Се работи за генетичка структура која што кај жените е појака а кај мажите е покршлива.Секако тука треба да се спомене фактот дека мажите во нивните доцни 20-ти поминуваат низ таканаречена "бура на тестостерони" која се карактеризира со однесување кое може многу да му наштети на организмот (неносење на појас додека возат,возење во пијана состојба,неумесно употребување на пиштоли и друго оружје).
Исто така постарите мажи кои се во депресија побрзо би извршиле самоубиство отколку жените.
Сепак најмногу се должи на околината и опкружувањето во кое се наоѓаме а трите генерални работи кои се удар за мажите се:повеќе пушат,повеќе јадат (со што се зголемува нивото на холестерол) и многу работи задржуваат-наместо да се справат со стресот тие го насобираат во себе.