E што е де турбофолкот?

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Abe u Makedonija zboram covek nad 30 godini koj slusa Hevi metal

a da ne e onoj so kosata od Kocani kako se vikase sto se misli vtor Hendriks e

Znaesh nekoj takov ?

Татко ми слуша хеви-метал и не е нити наркоман, нити алкохоличар. Тоа тврдењето твое да си го повлечиш.
 
Abe u Makedonija zboram covek nad 30 godini koj slusa Hevi metal

a da ne e onoj so kosata od Kocani kako se vikase sto se misli vtor Hendriks e

Znaesh nekoj takov ?

Колега на татко ми, хирург, пред некое време ми го бараше албумот од Death - The Sound of Preservance зашто само тој му фалел од дискографијата.
 
Ок SWEDEN бар докажи шо беше финтава со човек над 30 год што слуша метал во македонија? хахах
 
Не забележав во кој момент дојдовме до констатција дека тој што не слуша турбо ем фолк, автоматски припаѓа во групата металци, т.е. наркомани, алкохоличари и сл? И како воопшто го ставивте хеви металот како антипод на турбофолкот?
Дајте бе луѓе, па не е светов црно-бел.
 
Ок SWEDEN бар докажи шо беше финтава со човек над 30 год што слуша метал во македонија? хахах

Муабетот дека тоа со слушањето метал (во нашиот случај) е тинејџерски филм и кај и да е ќе ти помине па и ти ќе слушаш турбофолк како сите `нормални` луѓе на 30 години. Повторно ми се гади од муабетиве. Турбофолкот е секојдневие нормала и вообичаеност, додека квалитетните видови на музика служат само за покажување на некој лажен елитивизам и квази култура додека си во отмено друштво. Сите во душата сме турбофолкери!!!

Не забележав во кој момент дојдовме до констатција дека тој што не слуша турбо ем фолк, автоматски припаѓа во групата металци, т.е. наркомани, алкохоличари и сл? И како воопшто го ставивте хеви металот како антипод на турбофолкот?
Дајте бе луѓе, па не е светов црно-бел.

Произлезе од разговорот помеѓу Гижо и Шведска, па се погодија неколку луѓе да дадат примери кои се однесуваат на метал. Далеку од тоа дека металот е антипод на турбофолкот, според мене, музика е антипод на турбофолк.
 
Муабетот дека тоа со слушањето метал (во нашиот случај) е тинејџерски филм и кај и да е ќе ти помине па и ти ќе слушаш турбофолк како сите `нормални` луѓе на 30 години. Повторно ми се гади од муабетиве. Турбофолкот е секојдневие нормала и вообичаеност, додека квалитетните видови на музика се само за некој лажен елитивизам и покажување на некоја квази култура додека си во отмено друштво. Сите во душата сме турбофолкери!!!

Се надевам дека е ова кажано со иронија. Нели?
Јас се надевам дека турбофолкерската сипаница ќе и’ помине на генерацијава која се равива и формира и ќе биде пелцувана понатаму од шљам.
 
Се надевам дека е ова кажано со иронија. Нели?
Јас се надевам дека турбофолкерската сипаница ќе и’ помине на генерацијава која се равива и формира и ќе биде пелцувана понатаму од шљам.

Не е очигледно? Океј, можеби и моја вина донекаде е. Значи, официјално известување: првиот параграф од претходниот мој пост на темава е крајно ироничен.
 
Мене ме зачудува зашто реалните проблеми со кои се соочува човештвото и реалните проблеми со кои се соочува човекот како единка не се така секојдневни и музичарите кои ги опејуваат не ги допираат обичните луѓе? Можеби тоа треба да ни каже нешто за слушателите на кафанската музика кои се декларираат како обични луѓе.

Па вака, по мене у овие години музика е да развесели човек не да го тера на размислување и барање на суштина на животот што некој наркоман во моменти на делириум и халуцинација ке го срочи . Ако се пее за тагата, за невработеноста, за бедата социјални теми мене тоа ме замара и тоа не е целта на турбофолкот туку е релаксација, зајебанција А вие што сте млади па се барате себе уште и Ви треба некој узор да го следите и некој подлабок текст ок е тоа разбирам јас ама тоа не е во природата на турбофолкот !

Ал да појаснам хронолошки

Еве вака

Вие сте генерација на техно на пилули на влијание на запад јас сум генерација која знаела да заседне у кафана и по три дена.

Али да почнеме од почеток ...

ја коа бев мал значи 15 години имав четка на глава и седев на коцка . Сид вишиус, секс пистолс, Рамонс и Клеш ми беа идоли , се додека не почнав поактивно да ебам . Е тогаш сватив дека освен музика има и нешто друго у животот. Па ублажив малце ЕКВ, Пекиншка патка , Електрични оргазам и Азра . И гледам не иде . И тоаш освен секс и почнав поинтензивно и да пијам , тоаш немаше многу дроги и што се деси. Бјело дугме и Рибља Чорба деградација нели ? И така малце по малце како се повеке ебев ушите ми попримаа друг тоналитет ...Бери Вајт, Шаде , Дјуран Дјуран , У2 , Талкинг хеадс Депеш моде Боб Марлеј замисли и Бее Џиз. У мегувреме улетаа Алан паркер улета и Нина Симоне, улета богами и све што е врзано за соул музиката.

И тоаш дојдоа на сцена црнците МЦ Хамер и компанија е нив не можев да ги смислам . И се пропив и така дур пиев јас се деси кафана ... па па па една друга трета ама таму немаше од горенаведените и како повеке пиев а и општеството идеше у курац јас почнав да слушам она што допира у уво Легенде, Аца Лукас, Цеца , Тома Здравковик, Харис Џиновик и многу убаво ми беше на душата. просто без многу филозофија како што и беше и животот у тоа време . И тоаш се деси Техно рејвовите и бев на раскрсница дал да станам наркоман ко пола друштво на апови или да бидам пијаница . Се одлучив на второто иако експериментирав колку да навлезам во техното кое секако ако си на голо не влегува во уво. И така еве ме сега си наогам интересни работи во добра турбо фолк песна и ич кур не ми чуе . За мене е се убаво што ми е мене убаво !

Па мавајте Вие иронија до задутре може е јаз мегугенерациски може е неискуство ама дека има уметност во ЦЕЦА има !
 
Не забележав во кој момент дојдовме до констатција дека тој што не слуша турбо ем фолк, автоматски припаѓа во групата металци, т.е. наркомани, алкохоличари и сл? И како воопшто го ставивте хеви металот како антипод на турбофолкот?
Дајте бе луѓе, па не е светов црно-бел.

Финтата е што воопшто не го споменав металот, туку sweden сам си го донесе во дискусијата.

Иначе sweden, Ацева ти личи на тинејџер забеган наркомански? Како тоа она не бара весеље?

Ахам сеа испаднавме и дека не сме ни имале женски туку се бараме во музиката.

Меѓутоа постов твој е интересен, израз е на твојот нестабилен карактер, и потреба да се блендираш во околината, за да ебнеш нешто.
Пак ништо не донесе во муабетот за да не убедиш дека турбо фолкот има вредност.
 
znaete li sto e vistinata jas sum 37 godini i nikogas ne sum go sakal turbo folkot ..rastev so corba ,stulic ,yu grupa, leb i sol ,ama gledam deka sega vie rastete so planeta i pink
retko mozes da najdes mesto sto pusta dobra muzika
u stvari me neervira se sto e komercijala
 
Па мавајте Вие иронија до задутре може е јаз мегугенерациски може е неискуство ама дека има уметност во ЦЕЦА има !

Пред да си легнам да спијам, јас сум родена на 14.о7.1965.
Толку за јазот. А и за уметноста кај/во Цеца.
 
Ма каков генерациски јаз, 80 посто од моите врсници слушаат турбо фолк. Лоша теорија.
 
Извини вака Ацева ама на мнение сум дека ти како сениорка не си искочила у град у кафана од прошлиот век навака. Сериозна како тебе жена у години и не ни треба се замара со турбофолк повеке ти лежи тебе класика моцарт , шуберт остај ние неженета сељачана да се иживееме дур не ни стаиле окови .

Лека нок
 
Па вака, по мене у овие години музика е да развесели човек не да го тера на размислување и барање на суштина на животот што некој наркоман во моменти на делириум и халуцинација ке го срочи . Ако се пее за тагата(3), за невработеноста, за бедата социјални теми мене тоа ме замара(3) и тоа не е целта на турбофолкот туку е релаксација, зајебанција(2) А вие што сте млади па се барате себе уште и Ви треба некој узор да го следите и некој подлабок текст ок е тоа разбирам јас ама тоа не е во природата на турбофолкот !(1)

Па мавајте Вие иронија до задутре може е јаз мегугенерациски може е неискуство ама дека има уметност во ЦЕЦА има(1) !


Многу сакам кога ќе си се смести некој сам...
1.Има уметност но нема подлабоки текстови? Каде е уметноста? Во правењето на тотално предвидливи и шаблонски песни?

2. Заебанција уметност???

3. Те замара кога некој пее за тагата, но кога Цеца (а кога викам Цеца мислам сите оние пеачки без идентитет кои наликуваат една на друга) пее за тоа како и е празен креветот, како дечко и ја оставил, како она плаче по него а он по неа не, тоа не те замара и е уметност, нели?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom