ДУША

  • Креатор на темата Креатор на темата Маwечко
  • Време на започнување Време на започнување
Астрален секс. :)

Шала на страна.

Мора да ти го надополнам мислењето кое ти го поддржувам комплетно.

Доколку душите биле тие што се префрлаат од тело на тело, практично ние не би се викале луѓе, него паразити, непостојани суштества, зависиме од колонизирање нечие тело, преземање на контролата.
Би рекол дека душа е термин што го вовела религијата, за мене тоа е само свест и подсвест, или уште подобро, микрострујата која овозможува мозокот да функционира.

Еј, фала :) Можам и само да додадам, што не се сетив кога го пишував мислењето. Ако ние навистина ги 'наследуваме' душите од нашите предци, ако е можно мојата душа претходно да ја поседувало куче, дали е можно и растение и дождовна глиста, или кокошка да ја поседувало? Верувам дека религијата ќе каже дека тие немаат души. А како е тоа можно, кога постојат научни податоци, факти и докази дека тие се живи суштества, што подлегнуваат на биолошки закони, како и ние?
Апсолутно ми се нон-сенс овие размислувања.
 
Тоа.Не.Е.Концептот.На.Реинкарнација.
 
Душата е последно нешто што ке ти излезе низ гзот кога ке починеш.
 
На работ на науката ,гледајте ги сите 4 дела ,интересно е.

Тоа.Не.Е.Концептот.На.Реинкарнација.

Епа, може јас не сум добро информирана, или ставовите не ми се во согласност со вистината. (ова не го кажувам саркастично) Може сум во грешка, па ако можеш да ми објасниш тогаш што точно е концептот на реинкарнација. Барем, да научам нешто кога веќе сум во грешка :)
 
Па вака.Според будизмот,души и не постојат.Се се сведува на чиста енергија.Е сега реинкарнацијата или прераѓањето всушност значи дека кога материјалното тело е истрошено енергијата се ослободува и повторно се материјализира во друга форма.
Така да не е ништо паразитско или нешто слично :)
Во Тибет севкупно постоењето се опишува како круг поделен на четири таканаречени бардо-а,тоест премини.
Природно бардо на овој живот
Болното бардо на умирањето
Сјајното бардо на дармата
кармичко бардо на настанувањето

Природното бардно се однесува на периодот од физичкото раѓање до смртта.По него настапува Болното бардо на смртта кое ја опфаќа смртта до испуштањето на последниот здив,тоест самиот момент на смртта.Тогаш настапува сјајното бардо на дармата,кое го означува зрачењето на природата на умот,што се покажува како обоена светлина.
Кармичкото бардо на настанувањето се нарекува меѓусостојба и трае до моментот на новото раѓање.

Во секое бардо постои можност за духовно просветлување.

Накратко,то е то :smir:
 
А ова, не е реинкарнација?
И, од каде докази за ова? Мислам, ова се само древни приказни што се пренесуваат од генерација на генерација или постојат физички докази, и науката го поддржува ова?
 
Па можеби не директно ама ете првиот закон на термодинамиката вели дека енергијата не се губи ниту се добива туку само се претвора.
Тоа што го пишав е донекаде концептот на реинкарнација.
Барем така јас сум го разбрал :)
 
Набљудувач на нештата субјектривно доживувајќи се во тело, јас или доживувањето на тоа нешто е душа, душата не е нешто што се поседува или не, туку битисување на личноста и самата свесност дека човек е свесен е душа.

--- надополнето ---

А ова, не е реинкарнација?
И, од каде докази за ова? Мислам, ова се само древни приказни што се пренесуваат од генерација на генерација или постојат физички докази, и науката го поддржува ова?
Денешната материјалистичак наука не го поддржува концептот за душа.
 
Набљудувач на нештата субјектривно доживувајќи се во тело, јас или доживувањето на тоа нешто е душа, душата не е нешто што се поседува или не, туку битисување на личноста и самата свесност дека човек е свесен е душа.

Денешната материјалистичак наука не го поддржува концептот за душа.
Мислев да пишам нешто ама гледам дека се си кажал.
 
Тоа не е концептот на реинкарнација.Кога телото е истрошено,енергијата во него не умира туку се материјализира во друга форма.

Значи, енергијата (во случајов микроструја шо го држи мозокот во функционалност) преминува во друга форма, тогаш, и компјутеров има душа? И телевизоров? И апаратоов? Ама чекај, тие неможат да умрат. Можат да се расипат, и да се поправат и пак да работат. А што со таа енергија? Што со струјата шо се троши цело време? Таа стануе нечија душа? Или нечија душа стануе струја за сијалица?
 
Погледај го видеово ќе ти разјасни многу работи:
[video=google;7799171063626430789]http://video.google.com/videoplay?docid=7799171063626430789#[/video]
Подетални дискусии имаш на оваа тема:http://forum.kajgana.com/showthread...%81%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82.
Поздрав.
 
Набљудувач на нештата субјектривно доживувајќи се во тело, јас или доживувањето на тоа нешто е душа, душата не е нешто што се поседува или не, туку битисување на личноста и самата свесност дека човек е свесен е душа.

--- надополнето ---

Денешната материјалистичак наука не го поддржува концептот за душа.

Фала, што ме поддржа, така и си мислев :)
 
Значи, енергијата (во случајов микроструја шо го држи мозокот во функционалност) преминува во друга форма, тогаш, и компјутеров има душа? И телевизоров? И апаратоов? Ама чекај, тие неможат да умрат. Можат да се расипат, и да се поправат и пак да работат. А што со таа енергија? Што со струјата шо се троши цело време? Таа стануе нечија душа? Или нечија душа стануе струја за сијалица?

Вака.Телевизорот е составен од материја.Ти си составен од материја.Твојата градежен материјал има толку и толку рок на траење а на телевизорот толку и толку.Струјата не се троши.Електричната енергија се претвора во топлинска...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom