+_Inception_+
Quantum
- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 230
- Поени од реакции
- 2
Добро дечко, во што друго можам да верувам освен во задгробен живот доколку ја застапувам теоријата дека од кога ќе умре телото, тоа губи 21 грам од својата тежина, што знажи тие 21 грам се душата? Ако е баш вака како што кажуваш ти, нели е логички да мислиме дека впрочем доаѓа до процес на разделување на душата од телото (и повторно, душа која тежи 21 грам и е материјална). И телото умира а што е со душата бе дечко? Каде таа оди? Повторно е логички да веруваме дека продолжува да живее, затоа што теоријата со 21 грам налага баш на таква веродостојност, налага да веруваме дека душата се ослободува од телото и продолжува да живее некаде...а каде е тоа некаде за една душа која е материјална и тежи ни повеќе ни помалку од 21 грам ? Душата како материјална БИ МОРАЛА да живее во материјалниот свет, никаде далеку од него. А тука доаѓаме до најглупавата противречност...значи и рајот и пеколот се во склоп на вселенава, т.е. не се надвор од неа...па што знам, со вакви научни докажувања, и благодарение на нашата способност да еволуираме во поинтелегентни суштества, и да одиме понапред и понапред во правецот на технологијата...па ДА, еден ден ќе се сретнеме и со дедо Боже!Не мораш да веруваш во задгробен живот за да веруваш дека постои душа!
Сопствената теорија ти е за никаде, не е теорија, што било да се родиш??? (ќе одговориш ништо, ама верувам знаеш дека е тоа многу несолиден одговор, бидејќи терминологијата не ти е на место, ако било не може да е ништо)
Човекот по ништо не се разликува од животните???? Видов две пилиња во ферари вчера, се возеа со едно дрво.
Каде го слушна ритамот на вселената???
Види не сакам да те навредувам или слично, ама заради таквите ко тебе луѓето и имаат дадено пежоративно значење на философијата, ако кажеш дека имаш теорија за нешто, ако решиш да побиваш некои авторитети имај барем некакви аргументи да го направиш тоа, не млати празна слама!!!
А и нешто друго не би беше јасно...Ти дечко го сметаш човекот за нешто поразлично од сето друго останато? Да, и јас се сложувам со тебе, човекот за разлика од животните на пример, е рационално и разумно суштество, но тоа не ни дава никаква слобода да си земаме за право да мислиме дека сме ние нешто посебно...а знаеш зашто? затоа што и ти умираш, и животното умира. И планетата земја еден ден ќе умре, па така и целава наша галаксија еден ден ќе умре! Ете тоа се физичките закони братче, така зборува квантната физика, немаш ти никакво право да ги кршиш овие закони и да се сметаш за нешто специјално...А и ти и каменот, сте иста е*ана состојка, и тој е изграден од атоми, и ти си изграден од атоми. Атомите на каменот ама по АПСОЛУТНО НИШТО не се разликуваат од твоите атоми, и тие функционираат исто како атомите во твоето тело, и тие се подлежни на физичките закони...така да..........