A postoi li vo Makedonija oficijalen fun club na The Magpies?
ja sakam da stanam oficijalen MAG mozno li e toa??
Постои, пред неколку години пишуваше во весник за нив, оделе и на утакмици во Англија, дури имале и песни за Ширер и Њукасл.
Јас стапив во контакт со еден од дечките, неколку пати му се јавив, ама ништо од тоа и сега не можам пак да стапам во контакт.
Ако знае некој нешто повеќе, нека пише.
Еве ја статијата од Дневник:
ФАН-КЛУБ НА ТИМОТ "ЊУКАСЛ ЈУНАЈТЕД"
Македонци навиваат на англиски стадион
Членовите на фан-клубот мора одлично да го владеат англискиот јазик, да ги знаат најголемите достигања на тимот и да плаќаат по 10 фунти годишно
Кога се игра значаен фудбалски меч на стадионот "Сент Џејмс" во англискиот град Њукасл, на навивачките трибини може да се слушне и македонскиот јазик. Повеќе од 1.500 фанови од Скопје на клубот "Њукасл" ја користат секоја можност да го бодрат својот омилен тим и со голема гордост ја пеат химната на клубот "The leged of the sait", заедно со илјадници навивачи од Англија. Македонскиот фан-клуб е формиран пред една година и е дел од мрежата клубови од 28 земји, во кои членуваат 168.000 навивачи на "Њукасл".
За формирањето на македонскиот клуб се одговорни двајца ентузијасти и вљубеници во англискиот фудбал.
- Пред една година со другар ми Дарко одлучивме да одиме на натпреварот меѓу "Партизан" и "Њукасл" во Белград. Но не сакавме да одиме сами и убедивме уште 20-тина другари да дојдат. Кога стигнавме пред стадионот, вратарите не сакаа да не пуштат внатре зашто носевме дресови на "Њукасл". Но бевме упорни и успеавме да му се приближиме и на Ентони Стивенс, кој е шеф на навивачката група "Њукасл интернешнл". Тој ни предложи да отвориме клуб во Македонија. За да се биде дел од мрежата на фан-клубови на "Њукасл" треба да се платат 1.000 фунти, а ние толку пари немавме. Затоа Ентони ни ги даде парите само за да го отвориме клубот - објаснува Мартин Пешев, портпарол на македонскиот клуб.
Членовите на фан-клубот мора одлично да го владеат англискиот јазик, да ги знаат најголемите достигања на тимот и да плаќаат по 10 фунти годишно.
- Пред да стане навивачот член на фан-клубот мора да пополни формулар на англиски јазик, од кој се гледа колку кандидатот го знае јазикот и колку е запознаен со историјата на фудбалскиот клуб. Кога го отворивме клубот, добивме и цеде со навивачките песни, кои моравме да ги научиме. Членовите на фан-клубот бесплатно добиваат и дресови, а ако одиме организирано на натпреварот тогаш ни се платени превозот и картите - додава Пешев.
За начинот на кој се навива на англиските стадиони Мартин вели:
- Неколку часа пред почетокот на натпреварот стадионот е отворен и навивачите се местат и ги вежбаат кореографиите. Во секое време може да излезеш од стадионот и повторно да се вратиш. Во близина на "Сент Џејм" се наоѓа и црквичка, во која навивачите можат да се помолат пред натпреварот, а има и голем број ресторани и сувенирници. Членовите на фан-клубовите мора да ги знаат и сите навивачки песни, меѓу кои најпознати се: "O, I ca fly " и "We are black ad white...". По натпреварите одиме во блискиот паб да се напиеме чај, а често таму навратува и Алан Ширер, кој е капитен на "Њукасл".
Македонските навивачи имаат измислено и свои песни: "It's like that" и "We'll be back agai ext year", со кои се надеваат дека ќе внесат новини во бодрењето на "Њукасл" на англискиот стадион.