Сакам да спомнам нешто што го прочитав на почетокот на овој форум, а тоа е за славните македонски корени од антиката. Се спомнува за Македон и за македонската митологија. Вака сега, според легендите и според одредени историски податоци првото име на Македонија е Ематија. Ематијците, мизијците или денешните најдиректни потомци мијаците се истиот тој народ, истиот тој македонски ген. Ематијците во одреден дел од историјата( што значи не на почетокот на нивното постоење, туку подоцна) го добиле својот принц Македон. Тој успеал да ја задржи власта и да ја подобри нивната војска, како и општите услови за живеење. Ематијците во негова чест се нарекуваат МАКЕДОНци, народот на Македон, а по неговата смрт ја нарекуваат својата земја Македонија. Македон како име опстојува повеќе од 6.000 година, а за тоа се сведоци македонските древни натписи во карпестата уметност. Се среќава првата форма на владеење во Македонија, првата титула _ ЗЕТ. Таков Зет бил и славниот Македон. Но и пред него постоеле други зетови со име Македон. Инаку во овој контекст, поточно во контекст на Мијаците како најак македонски ген, од најстарите времиња го населуваат делот кој денес се нарекува Албанија. Тие делот од Македонија кој го населувааат повторно го нарекуваат Ематија(поточно Матија) и живеат таму се до создавањето на вештачката творба Албанија во мнозинство. По доагањето на Гегите(кавказкото племе) тие бегаат во поголем дел и се селат во источниот дел на Матија, кој денес си го викаме Мијачија. Мијаците дури си ги пренесуваат и имињата на селата- Галичник, Гари, Река и сл. Инаку во книгата на Петар Поповски се зборува и за последниот член на фамилијата Кастрати(Кастриоти од времето на Георги Кастриот). Тој бил интервјуиран во 19 век, и го прикажал знамето кое фамилијарно го предавале од генерација на генерација од времето на Искендер. Верувале или не тоа било црвено знаме со златножолт лав, цело испосечено од воените дејствија. Исто така се до формирањето на албанската вештачка нација, во Матија на куќите на Македонците, на самиот влез го имале грбот на Македонија или пак сонцето од Кутлеш...............продолжува