Бидејќи темава е за нашите предци, тука спаѓгаат сите оние до пред нас. Па така ќе го спомнам НЕСТОР АЛЕКСИЕВ МИРЧЕВСКИ.
Зошто НЕСТОР? подолу повеќе за НЕСТОР, прво една интересна работа.
На горната слика е рекламната табла на дуќанот на Нестор во Битола, околу 1902 година.
Во делот каде расправаме за Александар Македонски и монетите од негово време, си го поставуваме прашањето како тој се напишал. Па еве на таблава се гледа дека презимето ОВ, ЕВ се пишува со OY.
Па така ALEXANDR-OY и ALEXI-OY (АЛЕКСИЕВ). Значи нешто тука околу наставката во монетите на Александар не е чисто.
Инаку да објаснам за НЕСТОР, тој е еден од Мијачките копаничари, по традиција копаничар, кој несакал да го сподели занаетот, туку строго го чувал за своите деца, за да го предаде во наследство.
Неговите дела се во црквите низ Балканот, а и србите и бугарите го величале како свој, а има добиено и меѓународни признанија за својата работа. Нековата лоза има работено не само за црквите, туку и мебел за богатата класа, исто така работеле и на украсување на џамиите.
Тој работел и за царот борис, но и за српските кралеви.
Ковчегот во кој се пренесени моштите на Гоце Делчев, го има изработено НЕСТОР, ковчегот може да го видите во комплексот на црквата Св. Спас, каде се и моштите на Гоце Делчев.
Можам само да бидам благодарен за упорноста на потомците на НЕСТОР, за издавањето на книгата посветена на делото на НЕСТОР.