Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Студентските домови како во средниот век

Студентските домови како во средниот век


29.12.2010 16:29
studentski-dom2.jpg

Оставени без греење сред зима, во соби излепени со селотејп да не дува, купатила и тоалети што буквално се распаѓаат. Во такви услови поголем дел од станарите на студентските домови ќе го дочекаат и крајот на оваа година.
Во просториите за туширање воопшто нема греење, тушевите не функционираат, вода од расипана чешма тече 24 часа на ден. Студентите на овие ниски температури не се ни осмелуваат да влезат тука, за хигиена се снаоѓаат како знаат и умеат.
Исплашени да не ги избркаат од собите кои ги земале со врски или ги плаќаат станарина на вистинските корисници студентите не смеат да излезат пред камерите.
studentski-dom3.jpg

„Заедничките вециња се целите до влага, туш кабините се целите во бигор, мензата е полупразна. 24 часа немаше никакво затоплување. Студентите сами се снаоѓаат, со греалки, а греалките според закон се забранети“, вели студент.
Студентите најмногу се револтирани од односот на Министерството за образование кое не реагира на злоупотребата на студентските легла од страна на луѓе блиски до власта.
„Седат од државни службеници, вработени во министерства, шофери, секретарки, седат во повеќето апсолвентски соби. Они се заведени како редовни студенти, затоа велат дека не е точно, но се е тоа точно“, додаде студент.
Министерот Тодоров се гордее со реновирањето на два студентски дома. Не верува во сведочењата дека во домовите спијат луѓе кои не се студенти, вели верувал во наодот на државниот просветен инспекторат.
studentski-dom4.jpg

„Со домовите особено мислам дека како влада да се гордееме, затоа што го наследивме токму она што вие го констатиравме, а сегашната состојба е многу подобрена од тоа иако се уште не е добра и не ги задоволува целосно условите кои што треба да бидат задоволени за сместување на студентите. Јас наредив на државниот просветен инспектор да ја провери оваа работа, тој изврши проверка во студентските домови и од она што ме информираше мене, а мислам дека ја информираше јавноста за тоа немаше такви злоупотреби“, изјави Никола Тодоров.
И претходникот на Тодоров за лошата состојба на домовите се правдаше со наследената состојба. Перо Стојановски тогаш исто ветуваше изградба на нови студентски домови.
Четири години од владеењето на актуелната влада и Тодоров со истото ветување за изградба на нови домови ќе ја поправел состојбата.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=132333
 
кој знае од каде ти се сликите.Од зимбабве изгледа,сега треба да се реновирани .
 
само едно ќе напоменам...........иако самите студентски организации и надлежните институции за нивна обнова и реконструкција се криви за таа состојба,сепак ќе напоменам дека НАЈГОЛЕМИ ВИНОВНИЦИ се САМИТЕ СТУДЕНТИ што живееат во тие домови
НИКАДЕ ги немало да се организираат и да се побунат на некој протест.....СЕ ДОДЕКА ТЕРААТ СКОПСКА ШЕМА по кафичи,кафеани и дискотеки,нека живеаат во мизерни услови........патетични ми се(со исклучок на 1%)
 
Пелагонија го нема ова! Туш со ладна вода е секојдневие, ама каде каде е подобро од Гоце!
 
кој знае од каде ти се сликите.Од зимбабве изгледа,сега треба да се реновирани .

Сакаш да ти дадам полоши слики од годинава?

Пелагонија го нема ова! Туш со ладна вода е секојдневие, ама каде каде е подобро од Гоце!

Така е
 
Добро е што им е у план реконструкцијата... ваљда ке ги поправат ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom