Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Ме примија у Кузман.
Може некој да ми одговори на прашањава, за Кузман:

има интернет?
каков?
 
Ме примија у Кузман.
Може некој да ми одговори на прашањава, за Кузман:

има интернет?
каков?

И мене истото ме интересира.

И плус... Дали од УЈП документите што се вадат за состојба на имот треба само за студентот или и за родителите? Зашто се сеќавам дека за стипендијата извадив 3 такви, а сега мајка ми била ѝ рекле наводно само за студентот треба и само едно ѝ дале.
 
За сите членови од семејството ,татко ,мајка,брат, сестра.....
 
Нема врска бе, јас лани едно само за мене извадив, а познавам најмалку 10 кои не ги однесоа документите во Кузман
 
Нема врска бе, јас лани едно само за мене извадив, а познавам најмалку 10 кои не ги однесоа документите во Кузман
Aбе остај и ја познавам луѓе шо не ни конкурираа и не пополнија ни еден документ, а седеа цела година во дом. Така да, ако немаш врски, еден документ ако ти фали те враќаат. :toe:
 
Мене ме интересира за бруцоши сведителствата треба само копии, или треба да се заверени на нотар? На страната не пишува, пишуе само копии.

И државјанството, дали треба оригинал или може само копија?
 
Боби[Мкд];3723103 напиша:
Мене ме интересира за бруцоши сведителствата треба само копии, или треба да се заверени на нотар? На страната не пишува, пишуе само копии.

И државјанството, дали треба оригинал или може само копија?

за свидетелства незнам од втора почнав в дом, а за државјанство сигурно може копија
 
Боби[Мкд];3723103 напиша:
Мене ме интересира за бруцоши сведителствата треба само копии, или треба да се заверени на нотар? На страната не пишува, пишуе само копии.

И државјанството, дали треба оригинал или може само копија?

Баш за ова се вклучив и јас да прашам! На овој ЛИНК, стои:

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Студентите, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и се избрани на прелиминарната ранг-листа, потребно е да ги достават следните документи:
1. Потврда за успех и редовност во студирањето на студентот, како и индекс на увид;
2. Потврда за семејно-материјална положба на студентот, односно неговото семејство;
3. Потврда за редовност во учењето на учениците и студентите, членови на семејството;
4. Потврда за висината на последната исплатена нето месечна плата за секој член во семејството, за пензионери чек од последната пензија, за невработените потврда од соодветен орган, a за починат родител да се достави копија од извод на умрените и чек од семејна пензија;
5. Студентите – брачни другари, доставуваат копија од извод од матичната книга на венчани;
6. Изјава од родителот – старателот за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана;
7. Новозапишаните студенти од 1 година, наместо потврда за успех и редовност (точка 1), да достават копии од свидителства за завршена I, II, III и IV средно образование;
8. Препис од уверението за државјанство на Република Македонија.

На овој линк, пак стои:

  1. Копија од свидетелства за завршена I, II, III и IV година средно образование заверени на нотар;
  2. Копија од диплома за завршено средно образование заверена на нотар;
  3. Потврда за редовен студент од факултет на кој е запишан кандидатот;
  4. Потврда за семејно-материјалната положба на студентот, односно неговото семејство;
  5. Потврда за редовност во учењето на учениците и студентите, членови на семејството;
  6. Потврда за висината на последната исплатена нето месечна плата за секој член во семејството, за пензионерите потребно е чек од последната исплатена пензија, а за невработените потврда од соодветен орган;
  7. Студентите - брачни другари, потребно е да достават извод од матична книга на венчаните;
  8. Изјава од родител - старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана.
  9. Копија од уверение за државјансто на Република Македонија.
 
Боби[Мкд];3723103 напиша:
Мене ме интересира за бруцоши сведителствата треба само копии, или треба да се заверени на нотар? На страната не пишува, пишуе само копии.

И државјанството, дали треба оригинал или може само копија?
јас сеа разбрав дека требало да се носат на нотар сведителствата(со се диплома ми се чини)?
 
дипломата на нотар? :O damn it, Утре цел ден по банки и нотари :S
 
Боби[Мкд];3724222 напиша:
дипломата на нотар? :O damn it, Утре цел ден по банки и нотари :S
Дипломата обавезно, ама за свидетелстватаа, аман претеруваат веќе. Јас сепак мислам дека не бараат заверени свидетелства. Ај ќе се распрашам од лани кои бруцоши имаат седено во студентски дом што барале лани
 
А вие бруцоши само да ги фотокопирате и да причекате да пуштат апликацијата за пријавување и да чекате там да пишат дали треба заверени или не, а не само овде дали треба па дали не треба.
Ебати тој скопје денс најде документите за студентски да поднасам на најголемата вруќина
 
Кога точно се уписите во студентски за бруцоши, и точно кои документи треба да се поднесуваат ? Итно ми треба, не е за мене за другар ми е..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom