Студентски домови

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Член од
18 март 2009
Мислења
1.120
Поени од реакции
343
Уште нема листа на примени кандидати а од утре треба да се носат документи, и како да однесам документи ко не знам дали сум примен. Башка во 1 сатот по полноќ му текна да напишат дека сите сведителства и дипломата треба да бидат заверени на нотар( патем земаат до кај 800 денари за ова). Секоја чест на тие шо се задолжени за овие работи, заради нив треба уште еднаш во рок од 3 дена да идам Скопје и да трошам еден куп пари.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.828
Поени од реакции
5.640
Значи и за студентите бруцоши ке се поднесуваат документи во Кузман, без разлика за каде конкурирале?
златна за кај шо си конкурирала и кај шо те примиле, таму ќе носиш документи :)

Најубавите моменти во животот ги имам поминато во студентски домови. Пример првиот пат кога влегов во Гоце мислев дека ќе се онесвестам, темно мрачно место од хорор филм но после една недела поминато таму и после целосно реновирање на собата со поликолор и гипс и неколку добри постери не сакав да си одам од таму. 1200 студенти собрани на едно место ти го менат начинот на живот, на размислување, на функционирање. Секој ден сакал нејќел ќе научиш нешто. Некогаш ќе бидеш гладен, ќе се осеќаш мизерно но затоа пак во само еден момент сето тоа може да се измени и ќе бидеш најсреќниот човек во светот. Далеку од мама и од тато ти си тој што ќе треба да се снаоѓа за се и сешто а тоа те зацврстува, те прави појак и поспремен за тоа што те очекува т.е животот кој од година на година е се посуров. Во исто време се чувствуваш притиснат најчесто од финансиски причини но и слободен зашто секоја мала одлука е донесена лично од тебе и таа мала одлука ќе допринесе дали денеска ќе се чувствуваш убаво и пријатно.

Не би сакал да ги сменам кавгите со цимерите за ништо, казаните со кафе кои заедно ги имаме испиено, журките кои ги имаме посетено, буреците кои сме ги јаделе или сме ги гледале низ излогот кога сме немале пари, бабичките од мензата кои секогаш ме расположуваа со својата едноставност, тетка Маци хигиеничарката која беше одговорна за нашиот спрат и нејзините утрински посети за кафе и обидот да ти шитне некое ланче, делењето на последното парче ајвар со некој просјак кој ти тропнал на врата, бессоните ноќи во читална, милферката што работеше во бифе, роденденските забави во соба 2х2 со 20 луѓе внатре, туширањето со ладна вода после 10 саатот сабајле и најважното од се чувството дека припаѓаш некаде. Не, не би сменил ништо од тоа зашто сето тоа допринесе да се развијам во личноста што сум денеска, спремен на секаков предизвик зашто секоја случка која ќе ја доживеам можам да ја поистоветувам со некоја случка од моите престои низ студентските домови.
брат алал да ми ти е :) нема шо повеќе да коментирам... искрено соба од студентскиот Гоце (два на два) не ја менувам за стан на водно.. кој бил, кој живеел во студентски, посебно во Гоце знае какво е чувството, а другите може само бурек да јадат..
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.467
Поени од реакции
9.929
me nema na preliminarnata lista za vo pelagonija :toe: ke bide interesno da se najde smestaj vo skopje :vozbud:
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Ајде дојди, те чекаме:zlo::zlo:
Хахаха... Не ме плаши беее...

А некој да знае што да правам оти не ми даваат потврда од машински дека сум запишан... Онаа на шалтер ми вика `Чекај дечко не сте внесени у список уште!` А онаа од студентски ми вика... `ПОТВРДААА ЗА ДЕКА СИ ЗАПИШАН НА ФАКУЛТЕЕЕТ!`

Ват да фак?
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.467
Поени од реакции
9.929
ej stvarno i za mene treba toa.greska spisok sum gledal jas,inaku i mene me imalo na preliminaren spisok,zoss da ne davat potvrda od faxot?? pa site dokumenti gi odnesivme.
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
ej stvarno i za mene treba toa.greska spisok sum gledal jas,inaku i mene me imalo na preliminaren spisok,zoss da ne davat potvrda od faxot?? pa site dokumenti gi odnesivme.
Глеаш ли бе глуп... А мене ми се смееш шо глеам грешка списоци... хахаха Бај д веј ... Кажаа утре да одиме да видиме дали ке има нешто... А види логично е да може и со копија од уплатница за партиципација... Или не е логично? Ај јави ми се утре ако си СК ... ке пробаме да средиме...
 

*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
760
Поени од реакции
1.209
Овака,имам едно прашање ама одговор ако може побрзо :wink:

Дали може ако си приман во еден дом да го отстапиш местото на друг,ако треба и приговор да се поднесе све регуларно итн.?:vozbud:

Ако некој знае,плс одма нека ми одговоре :smir:
 
Член од
23 септември 2008
Мислења
43
Поени од реакции
1
Едно прашање и од мене. Каде се наоѓа точно студентскиот дом Питу, ако можи дајте кординати од мапата на он нет.
 

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
K

KomitaMKD

Гостин
Овака,имам едно прашање ама одговор ако може побрзо :wink:

Дали може ако си приман во еден дом да го отстапиш местото на друг,ако треба и приговор да се поднесе све регуларно итн.?:vozbud:

Ако некој знае,плс одма нека ми одговоре :smir:
Не може, забрането е.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom