Ваши програми

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
Еве од мене еден програм за анаграмирање (составување збор од девет букви). Не е којзнае колку добар, но крајната оценка ќе ја дадете Вие.
Работи со кклк на глувчето на одредена буква. Со клик на следната буква ги променуваат местата...
 

Attachments

Програмот за вицови работи и без македонска поддршка. Но вицовите треба да се средат, бидејќи имаат премногу грешки.
Песнарката бара Net Framework 3.5 (или 3.0 - не се сеќавам).
Сепак бев повеќе одговорен за програмата а вицовите така ги напишав колку да има нешто за секој заентерисиран да внесува вицови му ја давам вицотеката со можност за внесување. А песнарката си бара net framework 3.5 тука нема никаков проблем.
 
Не забележав опција со која можам јас да внесувам вицови.
Што добивам со песнарката (текст на песни или нешто друго)? Ова го прашувам за да знам дали да инсталирам NET Framework 3.5.
 
Текст од песната а, ако ја имаш песната во мп3 или друг аудио фајл и да ја слушаш на плеарот. позз.
 
ИНГСОФТ ЕКСПЛОРЕР е веб браузер на македонски јазик со кој можете
  • Да одите на англиски сајтови и со само еден клик на копче да добиете превод на Македонски јазик со помош на Google Translator
  • Безбедно да сурфате на било која страница исто како и со Интернет Експлорер
  • Имате со еден клик многу македонски линкови
  • Вин амп подршка за македонските радио станици
  • Брзо пребарување со повеке пребарувачки машини со само еден клик
  • Торент подршка за бесплатно симнување на вашите омилени филмови
  • Подршка за превод од македонски на англиски и обратно
ИНГСОФТ ЕКСПЛОРЕР е базиран на Internet Explorer технологијата на Microsoft Corporation . Сите подесувања кои важат за Интернет Експлорерот важат и за ИНГСОФТ ЕКСПЛОРЕР . Затоа за гледање на Flash клипови и JAVA подшка морате да инсталирате подршка на Интернет Експлорерот . ИНГСОФТ ЕКСПЛОРЕР автоматски ке добие подршка за Flash клипови и JAVA.
Се работи исто како и со Интернет Експлорер затоа доколку сте работеле со него нема да имате проблеми .


Симни од http://dame1612.freehostwebs.com/produkti.htm
 
Сакам да направам една игра за анаграмирање со девет букви, па ми требаат сите именки во еднина со девет букви. Дали постои некоја Македонска енциклопедија од која можам да ги извадам?
 
Сакам да направам една игра за анаграмирање со девет букви, па ми требаат сите именки во еднина со девет букви. Дали постои некоја Македонска енциклопедија од која можам да ги извадам?

Македонски речник од ОпенОфис (ило од Фајрфокс, истиор течник е.)
 
Да се пофалам со едно програмче кое лично мене ми врши одлична работа особено кога станува збор за тест табели од MySQL.

Значи програмчето е пишувано во Qt C++ и работи само на Linux.

Наменето е за извршување на SQL команди и прикажување на табелата во која се извршуваат операциите, а работата која мене ми врши работа е тоа што доколку ви е селектирана опцијата „Instert query“ наместо да пишувате цела SQL команда за секое insert квери вие пишувате име на табела (во полето „Table name“), имињата на колоните во табелата (во „Column(s)“ (ги раздвојувате со запирка)) и после тоа во местото означено за кверијата ги внесувате само вредностите без да ја пишувате цела SQL команда (исто така и вредностите ги разделувате со запирка), а доколку ви е селектирано „Other query“ тогаш во полето за SQL команди можете да ја пишете било која SQL команда.

Еве и скриншотови:

Слика 1:

screenshotrf.png


Слика 2:

screenshot1qy.png


Слика 3:

screenshot2zp.png


----------------------------------

Е сеа... има една зезната работа што во insert кверито неможете да внесете нумеричка (integer) вредност затоа што програмот го прави кверито како стринг (за внесување на integer вредност користете ја опцијата „Other query“) и исто така за извршување на кверито можете да користите CTRL + Enter наместо да кликате со маус на дугмето...

П.С. Бидејки програмчево го правев за мене, доколку некој го користи може да наиде на некој дебилен баг...
 

Attachments

Одлично програмче кое заштедува доста време, секако може да се користи и за други видови на евиденција, а не само како што е покажано со скриншатовите.
Браво младичу!:aplauz:
Keep the good work!
 
FjB-0.0.1

FB = FaceBook
j = Java

Facebook клиент (ако можи да се наречи клиент) напишан во Java.

Апликацијата е само едно иконче во System Tray кое ве известува кога ќе добиете нова нотификација на Facebook.

При првото пуштање на апликацијата ќе побара да се логирате на Facebook и да му дозволите пристап на апликацијата.

Друга можност е промена на статус.

fjbmenu.png


fjbred.png


Линк за download: http://fjb.googlecode.com/files/FjB-0.0.1.rar

Засега работи само под Windows... нешто ме заебава SWT библиотеката под Linux.... И секако дека ќе продолжам да ја развивам апликацијата ако има интерес :P
 
Многу често Ви се има случено компјутерот да не реагира на вашите команди додека работите, играте некоја игра, гледате филм и друго. Потоа беспомошно го повикувате светото компјутерско тројство Ctrl+Alt+Delete, кое изгледа во моментот помага на некој друг и не функционира. Во овој случај последната надеж е притискањето на Reset копчето. "Рачното" рестартирање на компјутерот со притискање на Reset копчето, е само привремено решение на проблемот, кој може да се појави повторно.

Сигурно се прашувате зошто сето ова се случува?
И што би можело да биде решение на проблемов?

Компјутерот престанува да реагира (замрзнува) кога програмите кои се стартирани, премногу ги користат ресурсите на процесорот или користат премногу RAM меморија. Истото може да се случи доколку имате вклучено многу програми кои бараат многу ресурси, а немате компјутер кој би ги задоволил сите нивни барања истовремено. Во голем број случаи можете само да ја движите стрелката на глувчето, но не можете да затворите ниту една програма.

Едно од решениејата на проблемот е следното. Постои програма позната како AntiFreeze која ви нуди последна надеж, ако компјутерот престане да реагира, пред да има потреба да рестартирате "рачно".AntiFreeze е програма која користи многу малку ресурси и има пријателски интерфејс. Кога ќе се стартира програмата се сместува во System tray (кај саатот:) ) и нуди алтернатива кога компјутерот не реагира на ништо. Ако Task Manager не може да ви помогне да го одглавите компјутерот, тогаш можете да го повикате AntiFreeze task manager со притискање на копчињата Alt+Ctrl+Win+Home. AntiFreeze ќе суспендира голем број од активните процеси и програми и ќе ослободи доволно ресурси за системот да може повторно да функционира. Во прозорецот на AntiFreeze ќе видите која програма колку време го користи процесорот. Програмата која искористува најмногу од времето на процесорот е одговорна за замрзнувањето на системот. Можете да ја исклучите која и да било програма со притискање на End Process копчето.
Download: [FONT=Segoe UI, Arial]AntiFreeze 1.01( 814 KB )[/FONT]
 

Attachments

  • antifreeze_screen.gif
    antifreeze_screen.gif
    11 KB · Прегледи: 84

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom