Ми пречи, престани!

  • Креатор на темата Креатор на темата Orion2
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 ноември 2005
Мислења
396
Поени од реакции
8
Ок, вака е ситуацијата, имате врска со некој/а и тој/таа постојано повторува некоја работа која ве нервира и иритира...
Која е таа работа и како го решавате проблемот?
На оваа тема, може да пишете и на пример што ве иритира кај спротивниот пол, некоја особина, на пример, што повеке девојки/машки го прават...

Што ми пречи кај партнерка - кога ке пробаат да ми наметнат доминација, т.е. да биде се по нејзино и да проба да ги влече конците... Решение: и кажувам да престане, дека ме нервираат тие игри, и разговарам за проблемот... доколку продолжи понатаму, онда сечам... едноставно со некој со кој немаш разбирање нема потреба и од врска...

Кај женскиот пол општо, главна особина која ме нервира е нерешителноста и исто работа која многу ме нервира кога ке почнат да ти го организираат животот...
 
Ме нервира во некои случаеви кога ќе сакаат нешто а после ќе се предомислат(за било што).
Кога нешто и пречи на девојката секако гледам да се поправам,сепак да не ја навредам односно гледам на секој можен начин да ја задоволам:)
А во случај некоја мене да ми го организира шивотот не се десило уште,не сум имал толку долга врска,тоа можеби ќе се случи кога ќе земам некоја за жена:):smir:
 
Најмногу ме нервира кај мојата девојка што во последно е премногу негатвино расположена. Е тоа едноставно ме вади од такт. А најлошо е што мисли на лоши работи кои можат да ни се случат во најцрно сценарио по едно 10-15 години.
 
тоа е навистина гадно, да имаш врска со таквите луѓе е навистина тешко
но можеби е само период (ПМС мејби):wink:
 
Најмногу ме нервира кај мојата девојка што во последно е премногу негатвино расположена. Е тоа едноставно ме вади од такт. А најлошо е што мисли на лоши работи кои можат да ни се случат во најцрно сценарио по едно 10-15 години.

Абе остај женски памет, од тоа што го кажува и онака поголемиот дел е фантазирање, бидејќи накрај пак ќе испадне по твое, нормално ако си маж тоа да го направиш без таа да го примети и почувствува така.
 
Молам дефиниција за женски памет (не сакам да ја извлекувам од постов ќе се изнервирам).
Имам цел ветувам :smir:
 
Ме нервира кај мажите што кога ме интересира нешто мора со клешти да му ги вадиш зборовите од уста :icon_lol: Веројатно и мажите ги нервира баш оваа наша особина: кога ги „форсираме“ да зборат повеќе отколку што им се збори :pos:

Ме нервира кога не се замараат доволно за нешта што нас (мене) ни се битни... Кога не можат да ни ги сфатат „нападите“ што повремено ги имаме и кога не ја добивам потребната поддршка.
Кога се нерешителни и не знаат што сакаат од животот... Особина што ја мразам кај нив, а и сама ја поседувам. :icon_lol:

И кога дејствуваат без да размислат за последиците...
 
Сите особини наведени од Псај ме вадат од кожа ... :bilokojzbor:
Но исто така многу ми иде на живци она : :br:

Јас : Што сакаш ти ?
Тој : Се што сакаш ти ...

или ....

Тој : Дај нешто да правиме ...
Јас : Што сакаш да правиме ?
Тој : Што сакаш ти ...
Јас : Е кажи де на тебе ти е досадно ...
Тој : Па се што сакаш тииии ...
И така до бескрајот ... :vozbud:

Особинава се викаше незаитересираност или нерешителност или недостиг-на-идеи особината или незнам-што-сакам особината ... Не ми се допаѓа тоа, а повеќето па баш за мој инат го прават ова ... :drk:

Проблемот го решавам со тоа што ќе правам јас што сакам, па ако има простор нека се буни, бидејќи колку што знам на мене ми беше дадено простор да правиме нешто по моја идеја ... :devojkr:

Ме нервираат кога зборат едно, а прават друго ...

И уште некои кои во овој пост нема да ги напишам од проста причина што не ми текнуваат ....:uvo:
 
Јас : Што сакаш ти ?
Тој : Се што сакаш ти ...
или ....
Тој : Дај нешто да правиме ...
Јас : Што сакаш да правиме ?
Тој : Што сакаш ти ...
Јас : Е кажи де на тебе ти е досадно ...
Тој : Па се што сакаш тииии ...
И така до бескрајот ... :vozbud:
Ако ваков муабет ти направил дечкото, стварно , молим те, води го на IQ тест .... или поарно води го на лекар, да видат каде застанал неговиот мозочен развој ....
Зарем има вакви луге ??!!
Ама искрено најглуп муабет ми е кога некоја ке ми рече "Ај кажи нешто", а мене устата пена ми фатила, од зборење цела вечер...
И што очекуваат тогаш, да и кажам која комбинација на лото се падна... Лее , многу ме нервира ова кога ке ми го речат... уххх и сега додека пишувам се нервирам , на тие зборови ...
Обично кога се разбива мразот со некое девојче, и обавезно го поставуваат тоа прашање, досега ми се нама случено да промашат.... што е фората не ми е јасно ...
 
Ако ваков муабет ти направил дечкото, стварно , молим те, води го на IQ тест .... или поарно води го на лекар, да видат каде застанал неговиот мозочен развој ....
Зарем има вакви луге ??!!
Ама искрено најглуп муабет ми е кога некоја ке ми рече "Ај кажи нешто", а мене устата пена ми фатила, од зборење цела вечер...
И што очекуваат тогаш, да и кажам која комбинација на лото се падна...

Хаха, човекот или е многу глупав или многу паметен ... :pos2:
Дечкото сакаше да извлече нешто од мене, ама ми вртеше од околу место да каже што сака ОДМА ... Значи не сакам такви ... Кажи што сакаш ако си муж, па што биде - биде ... :r:
 
Ми пречи кога ме бомбардира со смс а јас сум на работа и сред работа и веднаш не можам да му вратам...па го поткрева носето :back:
 
Ми пречи кога ме бомбардира со смс а јас сум на работа и сред работа и веднаш не можам да му вратам...па го поткрева носето :back:
Да се надоврзам, ми пречи кога ѕвонел тоолку многу (пати) што мобилнот ми паднал од местото на кое се наоѓал, а јас едноставно сум имала обврски и не сум го чула или намерно сум игнорирала ... Ме нервира кога се досаднииии, ѕвони еднаш - два пати, ако не ти одговорам пак - откажи се ... Можеби така знам дека не може без мене (:vozbud:), но ме вади од кожа ...
 
me nervira koga se glupavi, inaeti, koga se karaat za sekoja sitnica, se i sesto im smeta a najmnogu koga e premnogu ljubomoren!
drugo nesto tolku mnogu da me nervira sega ne mi teknuva :)
 
Различен од машки памет. Инаку под памет се подразбира како се резонираат и интерпретираат работите.
:pos: мислев на друго и исто така дека сум јасна али ајде нема врска да не избегаме од темата.
П.С. благодарам што ме изнасмеа:zver:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom