Класите на мобилните телефони по функции и производители (за да знаете Koj е Koj!)

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Возраст
37
Локација
Usa
Веб-сајт
meettomy.site
за да знаете Кој е Кој!
  • Мобилни телефони со основна функционалност
Значи "low end" телефоните најчесто се поврзани со минимална функционалност и нивната намена е овозможување на мобилна комуникација. Добри примери за такви телефони се серијата А на Siemens (A50/A51/A52/A55) потоа SonyEricsson T100, T200, T68 Motorola T190/T191 ili C115, C116, C2xx серијата, Alcatel OT3xx, 1xx и слични телефони на другите произведувачи.
Се случува некој мобилен телефон од средната класа да премина во оваа класа заради падот на цената на пазарот заради влегување на понови телефони како што пред неколку години се случи со популарната Nokia 3310.
Значи припадноста кон оваа класа телефони освен функционалноста, често ја одредува и староста на телефонот. Колку моделот е повеќе на пазарот полесно се препознава но се продава се помалку, Како што покажува практиката, доколку неговиот дизајн или функционалноста не се менуваат тој модел доаѓа до точка во која го напушта пазарот за да го ослободи местото за новите апарати.
Споредувањето на мобилните телефони од различни класи е погрешна практика бидејќи разликите помеѓу нив можат да бидат многу големи во различно време. Единствено компетентно е да се споредуваат модели на разни произведувачи во иста клласа и иста година на производство и само тогаш ќе се дојде до јасна слика на позитивните и негативните страни на еден телефон.
Обидите за споредби на телефоните во разни класи и разни години често доведуваат до потполна нелогичност во одлучувањето. Тоа е како да споредувате некој олд тајмер мерцедес со некој нов модел на BMW иако и двата автомобили имаат иста цена.

  • Мобилните со напредни опции и функционалност
Втората група на телефони се апаратите од средната класа. Тоа е најголемата група во различните модели, а во однос на продажбата се продава исто како и претходната класа.
Овие апарати имаат доволно голема функционалност и ги задоволуваат критериумите на општите потреби. Најчесто имаат гласновно бирање, WAP, Java, MMS, GPRS, игри и други напредни функции. Примери за вакви телефони, најчесто им недостасува Bluetooth, кај некои и инфраред, имаат послаба батерија, скромен мемориски капацитет и се со едноставен календар и организациски можности.

  • Телефони заштитени од надворешни влијаниа
Третата категорија на мобилни телефони се создадени за работа под тешки услови и со тоа заслужуваат да се посебна категорија иако најчесто се работи за физичка надградба на некои стандардни модели. Првиот најпознат ваков телефон беше Siemens M35 (иако пред него искочи и Siemens S10 Active, ама не беше толку познат поради тоа што во тоа време кошташе околу 1800 марки) со функции и софтвер позајмен од С35 со куќиште од гумирана пластика како заштита од падови и влага.
Други примери се Nokia 5100, 5140, 5210 или Ericsson R310 кои беа наменети за тешки услови на работа.
R310 беше првиот мобилен телефон кој можеше да издржи вистинско потопување во вода, конструкција која поднесува и често паѓање и целосна заштита од прашина. Во денешно време вакви модели повеќе не се произведуваат.

Shot at 2007-08-01
  • Деловни мобилни телефони
Деловните мобилни телефони се најфункционалните мобилни на пазарот.
Овие телефони имаат најнапредни организациски функции и широк спектар на комуникациски можности. Веќе стандардно е да имаат доста издржливи батерии, GPRS и EDGE пренос на податоци, web и wap прегледувачи, Infrared и Bluetooth и напредни можности за синхронизација со компјутер и други компатибилни уреди како печатачи.
Најчесто работат на сите можни мобилни фреквенции така што можат да се користат низ целиот свет.
Големата меморија од неколку мегабајти најчесто им дозволува запис на над 1000 контакти со повеќе внесови на електронска пошта,мобилен, фиксен, факс и други белешки за контактите. Најчесто имаат можност за зголемување на меморијата со мемориска картичка.
Вградените камери на овие телефони се со висок квалитет така да забавната димензија воопшто не е заборавена.
Тие репродуцираат музика и видео во речиси сите познати формати така да го прават животот интересен и организиран за што всушност се и наменети.
До неаодамна дизајнот на овие телфони беше скроментокму за да се запази строгата деловна линија но новите модели се вистински дизајнерски ремек дела. Моментални претставници на оваа класа се: SonyEricsson K700, K750, K800, Nokia 6230i, 8800, Alcatel 7xx серијата и многу други.

  • Модни телефони
се поставува прашањето дали "Fashion" телефоните се разликуваат од модерно дизајнираните деловни телефони и дали е можно да се обединат во една категорија?
Сепак одговорот би бил не.
Најчесто модните телефони имаат послаба функционалност во однос со деловните телефони но често производителите некој свој деловен телефон со нов дизајн знаат да го претстават со моден дизајн како сосема нов модел. Модните телефони можат да бдат од ниска класа како популарниот Alcatel Elle претставен како Glamour телефон или од висока класа како Vertu или Mobiado чија вредност може да достигне и вртоглава цена од милион долари. Се разбира во тие скапи телефони софтверот е со последните технологии на пазарот но нивната изведба е најчесто со дијаманти или благородни метали.
Модните телефони се создаваат за да можат нивните корисници да можат да го привлечат вниманието на другите врз себе. Се одликуваат со необичен дизајн и најчесто се помали и полесно од другите телефони.

  • Комуникатори или "Паметни Телефони"
Телефони кои се опремени со посебна функционалност која е се послична на рачните компјутери, спаѓаат во посебна класа на хибридни уреди чие име слободно може да се преведува од англиски јазик бидејќи во целост ги опишува. Smartphone уредите, односно паметните телефони во последно време стануваат се популарни. Мразот во таа класа го пробија Nokia 7650, SonyEricsson P800 и Siemens SX1.
Овие телефони имаат своја посебна класа на корисници бидејќи со своите димензии кои се очигледно поголеми од другите телефони, а автономијата на батеријата во просек е пократка.
Нивната цена во принцип е повисока, но функционалноста која ја имаат е неспорна во споредба со нормалните мобилни телефони. Разликата помеѓу комуникаторите и паметните телефони е многу малаи се состои воглавно истата функционалност, но кај комуникаторите е додадена целосна QWERTY тастатура која го олеснува пишувањето пораки и работењето на офис документи. Досега најпознатиот комуникатор е Nokia 9210i Communicator, негов наследник се очекува да биде во теков на годинава Nokia E90.


  • 3G Телефони
3G телефоните се посебна класа бидејќи можат да работат во сите постоечки GSM мрежи, но имаат и функции кои не може да ги употребат за тие мрежи и во својата функционалност се поблиски до комуникаторите и паметните телефони.
Од друга страна најчесто се малку потешки и имаат помал век на траење на батеријата. Овозможуваат многу напредни мултимедијални функции, најчесто имаат две интегрирани камери кои овозможуваат видеотелефонија, можат да репродуцираат долгометражно видео, можат да емитуваат телевизија и брзината на податоци е доста брза.
Такви познати телефони се LG U-900, SonyEricsson P990 и Z1010, Nokia N95...

 
Motorola

lg_motor.gif

Овој американски произведувач своите модели ги класифицира според цената во дадениот момент, што и не е сосема логично. Основните категории можат да се поделат вака:
  • А - серијата означува технолошки напредни модели
  • V - серијата ги означува модните телефони
  • Е - серијата ги означува забавните телфони
  • С - серијата е наменета за секојдневната комуникација што значи дека се работи за основни модели на овој производител
Посебната класа со МРх апаратите кои работат на Microsoft оперативен систем кои се врв на бизнис моделите на Моторола.
 
SonyEricsson

lg_sonye.gif

  • Серија Т - модели со класичен изглед на плочка од основни до деловни, висината на класата го означува бројот, кога е помал станува збор за основен модел, кога е поголем тој модел е функционално посилен.
  • Серија Р - паметни телефони, посебна производна линија на високотехнолошки апарати.
  • Серија Ѕ - серија на модели со камера со резолуција од и над еден милион пиксели.
  • Серија К - серија на модели со високи перфоманси, кои досега имаа вградена камера со VGA резолуција но голема мултимедијална предност.
  • Серија Z - серија на модели со преклоп, првенствено замислени како модни телефони.
  • Серија W - нова серија апарати кои акцент ставаат на музичката функционалност (W-Walkman). Се одликуваат со поголема меморија и можност за репродукција на повеќе музички формати.
 
Siemens and Benq-Siemens

lg_benqs.gif
and
lg_sieme.gif

Класификацијата на овој мобилен производител е слична со онаа на Мерцедес - што повисока буквата на класата, тоа уредот пофункционален.

  • Серија А - low end апарати
  • Серија С - апарати од средна класа
  • Серија М - големи апарати чија категоризација понекогаш се преклопува со бизнис и модната категорија, препознатливи се по нивната отпорност на удари, вода и прашина поради тоа што имаат гумирани маски.
  • Серија Ѕ - деловни телефони
  • Серија SL - стилизирани модни телефони
  • Серија СХ - паметни телефони
 
Nokia

lg_nokia.gif
Кај Нокиа која на пазарот постојано претставува многу нови модели се приметува преклопување во класификацијата. Сепак груба поделба може да се направи:
  • Base - едноставни мобилни наменети за почетници, доста познати по издржливоста на батеријата поради малата потрошувачка. Пример се моделите 1112, 1100, 2310, 2610...
  • Expression - посебно апаратите од серијата 3ххх, познати како најекономични телефони. Примери се 3100, 3310, 3510...
  • Среден Сегмент - уреди кои ги преклопуваат Expression и Imaging категориите - модели 3650, 3660, 3220...
  • Забавен сегмент - апарати кои ја комбинираат функционалноста на мобилните со играчка конзола и преносен музички плеер. Пример за такви телефони се 3300, 5510, и посебната класа за себе мобилен-играчка конзол N-Gage и NGage QD.
  • Спорт - модели како 5210, 5100, 5140, 5500 - апарати кои имаат гумено куќиште, отпрони на удари, вода и прашина.
  • Fashion - модели наменети за понежниот пол, малечки со не толку напредни функции и доста привлечни. Познати модели се 7200, 6100, 7360, 7370, 7380...
  • Класична серија - модели наменети за бизнис сегментот, најдобри претставници се 6310i, 6510, 6650, 6230i и сите од серијата Е (Е50, Е60, Е61, Е70...)
  • Premium - модели со ексклузивен дизајн како што се 8850, 8910, 8800 - разликата не е во функционалноста туку во материјалите и цените. Претежно овие модели се направени од легури на повеќе метали како и титаниум, платина или злато.
  • Smartphone/Communicator - модели како што се 6600, 7650, и Communicator серијата 9210i, 9300, 9500 деловни телефони со посебни функции на паметни телефони
 
Samsung

lg_samsu.gif

Оваа компанија во минатото ги делеше телефоните на четери категории:
  1. Моден Сегмент - модни апарати, чија примарна намена е дизајнот и атрактивноста
  2. Деловен Сегмент - функционалност и практичност
  3. Технолошки Сегмент - имплементирани нови технологии
  4. Основне Сегмент - најголем број модели на пазарот, водечки мотиви се ниската цена и едноставноста при користењето.
Веќе од пролетта 2002 година тие утврдија нова класификација. Новите ознаки се со букви.
  • Р серија - премиум модели, технолошка и мултимедијална функционалност
  • Е серија - ексклузивни модели со акцент на модата
  • D и S серија - бизнис модели
  • Х серија - апарати наменети за игра и забава
  • С серија - класична серија наменета за широките народни маси.
  • I серија - комбинација од мобилен и дигитален асистент
  • Z серија - 3G мобилни базирани на UMTS технологија.
 
LG

lg-logo.gif


Сите уреди од овој производител имаат алфабетско означување кое означува функционалност и цена.

  • В серија - почетни модели, ефтина low end серија.
  • W серија - WAP модели, можно е да се сместат во средната и повисоката ценовна класа - W3000 и W7000
  • G серија - GPRS мобилни кои исто така спаѓаат во средната и високата класа
  • U серија - UMTS, односно 3G модели, кои моментално се наоѓаат на високата ценовна класа.
 
Alcatel

lg_alcat.gif

Alcatel има едноставен начин на означување на своите уреди.
Поедноставно речено, што повисока бројка толку телефонот е помоќен.

  • Серија ОТ1хх - првенствено наменета на почетниците и со ниско платежни можности
  • Серија ОТ3хх - модели за почетници чија функционалност е во последно време е се подобра со GPRS, екран во боја итн...
  • Серија ОТ5хх - бизнис модели со средна ценовна вредност.
  • Серија ОТ7хх и ОТ8хх - најмоќните бизнис модели со највисока цена
 
Malo nadopolnuvanje za sony ericsson:



  • Серија Ѕ - Imeto S go dobiva po zborot Swivel... Zaradi nivnata konstrukcija na vrtenje... ali deneska isklucok prai S500...
  • Серија К - Kamera... Telefoni kaj koi sto kamerata e stavena vo glavna uloga...
  • Серија W - нова серија апарати кои акцент ставаат на музичката функционалност (W-Walkman). "Се одликуваат со поголема меморија и можност за репродукција на повеќе музички формати." - poddrskata za formati e identicna kako taa na K serija... Razlikata e toa sto imaat podobar media player t.e. podobro se snaogaat so organiziranje na muzikata:)
 
К серија јас не би се сложил дека е тоа „К“ поради камерата.
Имам К510 и К320 и двата имаат тиња камера. Ти веројатно мислеше на моделите како К750 (долго време телефон со најдобра камера од сите телефони на планетава) и сличните нумерирани 7хх и 8хх.
 
Za K serija zboram za ponovite Cybershot modeli... U sekoj slucaj na primer i K700kata so nejzinata VGA kamera (so moznost za vadenje sliki od 1.3 mp) bese legenda za nejzinoto vreme :)
 
Стризло, на памет збориш?

бај д веј, ако К - значи камера во земјите кои користат кирилица, во остатокот од светот C значи Camera, тоа се 90% од земјите ширум светов :)

јас полесно би ги поделил како кај мене што беше во првите постови, а за К-серијата би додал дека се и најдобри бизнис модели.
 
Џабе везеш. К серија има се она што му е потребно на еден деловен човек.
А ако сакаш камера убаа, било кој модел со Carl Zeiss леќи е добар за фотографирање. На сите останати, камерата може да послужи ако сакаш да имаш слика во именик од некој контакт, да можеш да сликнеш и да зачуваш во именик.

Ако нешто не ти е јасно, внимателно прочитај ги постовите на Некрофилија.
 
  • Телефони заштитени од надворешни влијаниа
Третата категорија на мобилни телефони се создадени за работа под тешки услови и со тоа заслужуваат да се посебна категорија иако најчесто се работи за физичка надградба на некои стандардни модели. Првиот најпознат ваков телефон беше Siemens M35 (иако пред него искочи и Siemens S10 Active, ама не беше толку познат поради тоа што во тоа време кошташе околу 1800 марки) со функции и софтвер позајмен од С35 со куќиште од гумирана пластика како заштита од падови и влага.
Други примери се Nokia 5100, 5140, 5210 или Ericsson R310 кои беа наменети за тешки услови на работа.
R310 беше првиот мобилен телефон кој можеше да издржи вистинско потопување во вода, конструкција која поднесува и често паѓање и целосна заштита од прашина. Во денешно време вакви модели повеќе не се произведуваат.

Shot at 2007-08-01


  • Си го заборавил ericsson R250, "таткото" на R310
    L550.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom