Свастиката е идеограм што го означува движењето на космосот и творечката енергија и е најраспространетиот од сите графички симболи.
Традиционално има позитивно значење но кога нацистите почнале да го употребуваат добил сосем спротивна репутација.
Свастиката е правилен рамностран крст со “скшени“ врвови. Кога врвовите се скршени на лево свастиката го претставува машкиот принцип и бескрајниот циклус на постоењето а кога е на десно - женскиот принцип.
Свастиката се упоребува уште од античко време и се појавува во повеке религии како старогрчката, староримската, будистичката, христијанската, хинду, во Египет и Вавилон и секаде е поврзувана со кружењето на материјата, животната материја, сонцето и повторното раѓање.