Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Знам колкава и каква е струга, дедо ми е стружанец, имам роднини струга. Него чим ќе го брмчиш често до охрид и назад избегавај ја микор класата: Сеиченто, Спарк/Матиз, Ајго, 107, ц1 и сл.Јас живеам во Струга, сигурно си бил. Секој ден правам минимум по 30 километри (патувам за на факс до Охрид (14+14км)плус низ град, па и други ја возат...не е многу битно). Лично барам автомобил од средна големина со скратен гепек (нешто како полото), ама проблем е што татко ми запнал за шевролет спарк (најмногу дека е 6000-6500евра). Не дека ако го купи нема да го возам и нема да ми врши работа, но нема да ми се направи кејфот. Е сега дали вреди да се до дадат 2000 евра за поло? Мене тоа ми е застанато во очи, најмногу дека е фолсваген а и доста ми се симпатични (тврдам дека се и најдобри во таа класа и за тие пари).
Логан значи можеш да го заборавиш бидејќи тоа е ти е рено во романска кожа.
За корејциве: киа пиканто поточно можам да ти кажам дека според тестирањата што ги имаат правено гермнациве, се покажува како и не толку лоша варјанта, со оглед дека е поквалитетно од фиат. За Форд, Опел, VW можам да ти кажа дека Poloto малку е и преценето, така да не се исплати да даваш 1000 повеќе за него, кога за тиа пари можеш да си земеш некоја од другиве со клима и додатни џиги-миги. Инаку шевролетот (Калос) заборави го, катастрофа од квалитет се тие што ги носат кај нас.
Така види корсата е баш симпатична, а и фиестата ќе ти вржи работа, иако веќе кај да е треба фордовциве да вадат нова фиеста.
Види ако начекаш случајно некаде да не заостанала некоја пежо 206 пошто се поевтини и сакаат да ги дораспродадат.
Инаку ако сакаш да се правиш шизик почекај уште три-четири месеца, па купи си го новото фиќо.