Наново измислениот “Маратон“!?
Денешна Грција неодамна одбележа 2500 години стара воена победа на Атина над античките Персијци. Грчкиот главен град ги истакнува сите обележја за да ги потсети луѓето како градот-држава Атина ја порази Персиската армија во 490 год. п.н.е. во Битката на Маратонот. Проектот „Маратон“ ќе се одржи во атинскиот музеј Акрополис под покровителство на Министерството за Култура и Туризам. Ова вклучува низа меѓународни претставувања на настаните базирани на идејата за натчовечките напори.
Прославата ќе достигне кулминација со 28-миот Класичен Маратон на Атина. Повеќе од 20.000 спортисти од сите делови на светот се очекува да земат учество на оваа трка од бојното поле на Маратонот до Мермерниот „Панатенаикон“ стадион, на растојание од 42 километри.
Иако ова може да предизвика чувство дека минатото е многу реално во своето значење, припишаната природа на настаните од комеморацијата многу ретко е во согласност со вистинските историски записи (Roudometof, 2005: 36).
Чинот на искористување на античката историја за модерни пропагандни цели смрди на антиквизација.
Модерното Грчко општество беше изградено на тврдењето дека тие се наследници на античките Грци. Тврдење кое многу тешко може да се поголта кога фактите кажуваат поинаку.
“Традициите“ кои се појавуваат или тврдат дека се стари, честопати се од скорашно потекло и понекогаш измислени (Hobsbawm, 1983: 1).
Еден Французин, а не Грк, Michel Bréal е заслужен за измислувањето на маратонската трка. Тој го даде предлогот да се стави овој настан на програмата од првите (официјални) модерни Олимписки игри во Атина 1896 година на кои Спиридон Лоуис победи на првиот маратон(Cummings, 2010). Спиридон Лоуис беше роден во 1873 година во Маруси северно од Атина. Маруси некогаш содржеше значајна Албанска(Арбанашка) заедница(Liotta, 1999: 64). Еден анонимен Англичанец волонтер за време на грчката војна за независност поминал низ Маруси и видел
„илјада жители, кои носеле фустанела и зборувале на албански јазик меѓу себе“(Anon, 1838: 624).
Евангелис Запас (1800-1865) е признат како основач на модерната Олимпијада. Запас ги иницираше Олимписките игри со својата верзија во 1859 година. Роден е во Албанско говорно село (Labove) во Епир (Young, 2002: 13).
Албанецот Запас ќе биде катализатор и доброчинител со градењето на „ Zappeion“( именуван според него) и за реновирање на мермерот на Панатенаикон стадионот кој се користи на комеморацијата за Маратонот. Неговата глава сега почива во Запеион под која стои плоча на грчки јазик која вели: „Тука лежи главата на Евангелис Запас“ а неговото тело лежи во родното село во јужна Албанија, во кое на неговиот надгробен споменик напишан на албански јазик, се вели: „Тука лежат коските на филантропот Евангелис Запас“(Young, 2004: 149).
Влавот Џорџ Аверов, исто така помогна во финансирањето на втората реконструкција на стадионот Панатенаикон пред којшто стои неговата статуа. Конечниот дизајн на реновираниот стадион беа врз основа на дизајнот на
Ernst Ziller, Германец. Тој толку многу е важен во модерната грчка историја што биографијата на овој Германец се наоѓа на веб-сајтот од Претседателството на Република Грција (
http://www.presidency.gr/en/ziller.htm ).
Маратонот е уште една област која сигнализира многу црвени знамиња. Една статија во весник го пишува следново за митот на Маратонот:
Митот за Феидипидес (исто така познати како Phidippides или Philippides) е најверојатно основан врз други раскази со поцврсти историски темели.
Грчкиот историчар на петтиот век п.н.е. Херодот, "таткото на историјата" не го спомена трчањето на Феидипидес до Атина во неговите записи за битката на Маратон. Тој напишал дека пред битката, Феидипидес беше испратен до Спарта да побара помош. Тој истрча (се проценува помеѓу 140 и 153 милји) во два дена, а потоа веднаш побрза назад кон Маратонот.
Херодот, исто така, пишува дека по битката Атинската армија побрзала назад кон Атина, така што Персијанците, кои избегале на нивните бродови, не можеле да го нападнат небранетиот град. Според холандскиот историчар за антиката Jona Lendering, креаторот на веб сајтот Livius, митот за Феидипидес е комбинација од неговото епско трчање и маршот на Атињаните до Атина.
Првиот запис на Феидипидес како трча до Атина се немал појавено се до вториот век од н.е., кога грчкиот писател Луцијан напишал во својата "Вистинска историја", " Феидипидес hemerodromos (од hemera - ден и dromos – трча), известување за победата од Маратонот до врховните атински управници, кои беа седнати нервозно очекувајќи го резултатот од борбата, рече: "Радувајте се, победивме“, и велејќи го ова, почина во исто време како и неговиот извештај, кој истекува со поздравот."
Луцијан сепак, беше сатиричар, а не историчар. „Својата Вистинска Историја не содржи ништо од историска вредност, но тој имаше одлична забава шегувајќи на сметка на сериозните писатели од неговата доба“, напишал археологот Jim D. Muhly, поранешен директор на американската школа за класични студии во Атина.
Митот исто така, се појави во 346 год. во делото на Плутарх “Моралиа“ иако Плутарх изјавил дека тркачот се викал Еуклес или Терсипус.
Приказната на Феипидипидес беше популаризирана во 19 век. Во 1834,
Французинот скулптор Кортот ја заврши скулптурата во Париската палата Tuileries на Феипидипидес умирајќи како што ја прогласува победата. Во 1879,
Англичанецот поет Роберт Броунинг ја напишата поемата „ Феипидипидес“ која гласеше:
“Неочекувано! Да, тој се бореше дента на Маратонот:
Значи, кога беше Персија прашина, сите вреснаа “Кон Акрополис!“
Трчај, Феипидипидес, уште една трка! Твојата награда е призната!
“Атина е спасена, благодарам Пан,“ Тој го фрли својот штит, Трчај како оганот повторно: и просторот помеѓу разијанските полиња и Атина беше стрниште повторно, поле низ кое поминува оганот, Додека не падна скршен:“Радувајте се, ние победивме!“ Како вино низ глинено грло, Радоста во неговата крв го распарчи неговото срце, тој умре – блаженство!“
Деветнаесет години после песната, маратонската трка беше создадена.
„Веројатноста е дека оваа поема, а не историските факти, беше во мислите на оние, кои после 20години, ќе се занимаваат со „оживување“ на Олимписките Игри и формирање на секој можен настан кој би им овозможил поврзаност со минатото“ – напиша R. Grogan во British Journal of Sports Medicine. (Cummings, 2010)
Американски патник патник поминувајќи низ Маратон во доцниот 19век запиша, низ хумор, она што го видел на Маратонот.
„Бев на почвата на славниот Маратон, погледите на кандидатите беа вперени во мене; што можев јас, како вистински Американец да направам за честа на мојата земја? Мојата должност беше јасна од старт, морав да одржам говор. Би ја изневерил мојата националност ако не го направев тоа. Ја тргнав масата настрана, ја тргнав и клупата и во целосна среќа поради задоволената глад и жед почнав да им се обраќам.
Андрес Маратониои - Еј луѓе на Маратонот – во овој момент морам да признаам дека морав да се смеам на себеси, гледајќи во лицата на педесетината Албанци, за ехото на свечената заклетва на Демостен во која се колне во хероите на Маратонот која ми помина низ мислите и ја направи ситуацијата смешна. Сепак, и покрај смеата, мора да знаете дека бев длабоко искрен и сигурен во мојот говор; имаше барем четири лица пред мене кои можеа да го зарберат мојот грчки и моите алузии. Шо се однесува на мојот грчки, мислам дека и Демостен би го разбрал, ако беше тука – иако можеби би го критикувал стилот и изговорот. (Snider, 1881: 87-88)“
Н
езамисливо е да се верува дека денешните Грци имаат било што заедничко со историјата на античкиот Маратон и митовите. Сите шест степени на поделба не оставаат со тоа дека Француската – Албанската – Влашката – Германската историја е порелевантна за модерните Грци отколку апсурдната помисла на некакво античко воскреснување на новоизмислените традиции кои се туѓи по култура и по раса за модерните Грци.
Референци:
Anonymous, (1838) “Sketches of Modern Greece” Blackwood's Edinburgh magazine, Volume 43.
Cummings, Dennis “The Myth of Pheidippides and the Marathon.” Finding Dulcinea. 5 Nov. 2010. Web. 10 Nov. 2010.
http://www.findingdulcinea.com/news/sports/2010/april/Myth-of-Pheidippides-and-the-Marathon.html.
Hobsbawm, Eric (1983) The Invention of Tradition Cambridge University Press.
Roudometof, Victor (2005) “Toward an archaeology of national commemoration in the Balkans” in National symbols, fractured identities: contesting the national narrative edited by Michael E. Geisler, New England, Middlebury College Press.
Snider, D. (1881) A Walk in Hellas St. Louis, Privately Printed.
Young, D. (2002) The Modern Olympics: A Struggle for Revival Baltimore and London, The Johns Hopkins University Press.
- A brief history of the Olympic games MA, Blackwell Publishing.
Liotta, P. (1999) The wreckage reconsidered: five oxymorons from Balkan deconstruction USA, Lexington Books
http://www.macedonianspark.com/mk/vesti/mediainternet/452-2010-11-10-14-51-04