Прво 2-тркално со мотор задвижено возило кое го имав беше PUCH-Ponyexpress, склопено во ROG-Ljubljana. ТOMOS во тоа време правеше некои ептен комунјарски модели на автоматик со пренос на гумен каиш помеѓу моторот и менувачот, и некои 14-ки или 12-ки, не се сеќавам точно, со менувач во ист дел со куплунгот на лева рачка. Ги викавме „поштарски“ зашто селските поштари возеа во тоа време такви. Подоцна TOMOS стана официјално возило на телеграмските разнесувачи во ПТТ на СФРЈ.
Јас лично имав: Автоматик, Т-15, Т-14, CROSS 50 Junior, Electronic 90.
Најдалеку што сум патувал е Скопје-Прилеп со TOMOS 50 Junior, а како најлош кај мене се има покажано Electronic 90.