Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Комисијата за истражување на архивите на комунистичката тајна служба на Бугарија наведува дека Георги Прванов, кој кратко време бил член на Комунистичката партија, имал псевдоним “Гоце“ и бил соработник на разузнавачката служба од 4 октомври 1989 година до 16 јули 1993 година. Бугарскиот претседател минатата година призна дека неговото име е заведено во архивите на тајната служба на Бугарија, бидејќи во тој период прифатил, како историчар, да го советува тогашното министерство за надворешни работи за Македонија. Според бугарскиот закон, усвоен во декември 2006 година, се предвидува отворање речиси на целиот архив на комунистичката тајна служба, но не се предвидени никакви правни последици за поранешните агенти и соработници. Од донесување на тој закон, Комисијата нашла шест агенти или соработници, меѓу кандидатите на изборите за Европскиот парламент, кои се одржаа во Бугарија на 20 мај годинава. Тројца пак биле меѓу некогашните судии на Уставниот суд на Бугарија, а 15 во Вишиот правосуден совет.