Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
В последните дни се говори Косово да се дели.Какво мислите за това?
Loso,oti SR velat samo Mitrovic,a mislat i na dr.,kako na pr.Strpce,a to e na nasa granica.В последните дни се говори Косово да се дели.Какво мислите за това?
Албанците од Косово во странство можат да патуваат единствено со "синиот" пасош на државата Србија што не ја признаваат. Истото се однесува и на личните карти, изводите од матичните книги на родените и друго.
Лошо мислиме за тоа, "брате" Бугар
Било каква самостојност на Косово, па дури и на половина од територијата значи проблеми за Македонија. Не знам зошто, но имам некое чувство дека тоа и оди во прилог на Бугарската фашистичка влада
Ама ај, тоа е сосем друга тема
Да ти контрирам мора...Грешиш...Докажано. Точка.
- Од друга страна, руското противење веќе однапред е пресметано - веќе со месеци е јасно дека на Русија нема да и биде дадена можност да стави вето на независно Косово во Советот за безбедност на ОН, рече тој.
- Контакт групата на крајот ќе го префрли прашањето на ЕУ, чии најголеми членки - Велика Британија, Франција и Германија - и натаму сметаат дека Косово треба да биде независно. Според тоа, Москва нема да може да го блокира таквиот исход, иако тоа сериозно ќе ги оштети односите на Западот со Русија, заклучи Карпентер.
Да ти контрирам мора...Грешиш...Докажано. Точка.
Убаво тој на бато...и за тоа ли даваат функција во тоа ЕУ бе?? Па нели ја кењав истово уше меѓу првите постои тука кога кремсиров ми идеше контра? Дај да аплицирам ондак..
он топик, а воедно и како глобална реплика на Столаров (Карпентер) тука кој зима плата за работи шо се стакло јасни.
1. Косово ќе добие независност.
2. Косово можеби ќе влијае за потикнување на сонот на некои Голема Албанија, но исто така ќе добие и шамар од тие што ќе им ја поклонат независноста во тој случај.
3. Косово ќе биде етнички чиста држава, но само навидум. Таму веќе има турци, македонци, срби (последниве сакал нејќел никој нема да им дозволи масовно да ги преместат во Кина)
4. Косово можеби ќе направи криза во регионов. Но не воена, туку криминогена атмосфера, со тоа што секоја нова држава нема да има разработен систем, па ќе биде една голема вукојебина (Македонија во почетокот беше иста, па и секоја друга држава при раѓање)
5. Криза за стабилност нема да има поради тоа што ќе бидат презафатени со крадење меѓу себе, и позиционирање на власт, градење на моќ, и контрола на самото население
Каде ја гледам Македонија во сето тоа? Нов сосед кон кој треба да се разработи добар економски пазар. Косово се гради, ние имаме градежни фирми. Веќе е познато дека нафтата (барем досега) ја зимаат од кај Окта. Во голем дефицит се за струја. Интернет линкови. Телефонија, мобилна телефонија, станици за истите. Крај краева, дај боже да не ни стават барем виза, па со Србија да бидат единствени соседи кон кои нема да плаќаме виза. (Албанија има еден вид на такса од 1 евро, нема виза)
Тоа е тоа што Македонија треба да го гледа во Косово, можност да пласира македонски производи, на пазар кој е за 20 минути одалеченост од Скопје. Ништо повеќе.
Било кое друго сценарио, постои само во главите на простиот народ кој не ги гледа игрите што очигледно ги водат поголемите сили во Европа, па и светот.
П.С досеа добро ги гаѓав работиве...кој ќе части коа ќе биде ова шо го пишуем?