Бришење на историјата - реформи во образованието

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Во новата наставна програма во Британија нема повеќе место за најголемиот Британец на сите времиња, Винстон Черчил, бидејќи советниците сметаат дека наместо за него и други слични историски личности, учениците треба да учат за глобалното затоплување и дрогите.

Одлуката да се отстрани Черчил од учебниците по историја за средно образование е дел од една поголема реформа чија цел е осовременување на наставната програма. Заедно со поранешниот британски премиер, исфрлени се и Хитлер, Ганди, Сталин, Мартин Лутер Кинг, Eлизабета I и Хенри VIII.

Ваквиот потег е остро критикуван од страна на просветните работници ширум Британија, но и од некои политичари, меѓу кои и внукот на Винстон Черчил, инаку сегашен член на парламентот, Николас Соамс.

”Тоа е тотално лудило. Историјата е исклучително значаен училиштен предмет. Причината поради која некои луѓе не ја ценат сопствената држава е тоа што не знаат доволно факти за неа”, изјавил Соамс.

извор - on.net
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Леле! Не ми се верува! Па дали се овие нормални?
 
D

drle

Гостин
Да бе нека земат да учат за летот на пеперутките. Не за друго ама да не се замарат многу. Оти баги учени биле, па историја не му требала.
Несалам работа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да се исфрлат личностите кои го обележаа 20от век,е нечуено.Како може да се исфрлат од учебниците I и II Светска Војна?
Како второ,па што ќе им е по историја да учат за глобално затоплување и дрога?Си има посебни предмети за тоа...
Лудост
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
предмет историја = масовна лоботомија
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Леле! Не ми се верува! Па дали се овие нормални?

Историјата ја пишувале тие што имале пенкало, thus not relevant.
Сосема се согласувам. Жив пример сме ние. Сеуште учиме со југословенски систем, а слушам држава сме биле. Досега не сум сретнал да се учи за македонските востанија, македонска историја..туку само се спомнуваат некои имиња што на таа возраст и не ти значат баш многу, и не оставаат трага во нашиот мозок.
 

NEBO666

НАУЧНИК
Член од
21 јули 2007
Мислења
568
Поени од реакции
1
Sto korist ke imam vo zivotot od istorijata,bezveza e toa,samo ne zamara....
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Sto korist ke imam vo zivotot od istorijata,bezveza e toa,samo ne zamara....
Од каде тогаш ќе знаеш од каде потекнуваш?
Од каде ќе знаеш кој бил Александар Македонски?
Од каде ќе знаеш зошто го прославуваш 2 Август?

Ако не си ја знаеш историјата,нашите мили соседи ќе те вртат како сакаат.
 

Птичји Грип

Без влакна на јазикот!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
770
Поени од реакции
9
Кој нема историја нема ни иднина. Затоа треба да застанеме цврсто на ставот и да речеме СТОП за крадците на нашата историја.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Ironija, po greshka mu dadov zeleno namesto crveno na NEBO666 vo konkurencija za najglup post na kajgana!

Istorijata e uchitelka na zhivotot. Koj ne gi uchi tragediite od istorijata, gi povtoruva kako farsa.
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
230
Поени од реакции
0
Историјата ја пишувале тие што имале пенкало, thus not relevant.
Сосема се согласувам. Жив пример сме ние. Сеуште учиме со југословенски систем, а слушам држава сме биле. Досега не сум сретнал да се учи за македонските востанија, македонска историја..туку само се спомнуваат некои имиња што на таа возраст и не ти значат баш многу, и не оставаат трага во нашиот мозок.
Се согласувам во целост.
Кога јас учев, се сеќавам за некои настани беше посветена само една единствена страница колку да се спомене нештото, а за другарот Тито и југопропагандата учевме цели поглавја. Можеби сега е малку променето, не знам. Но, до пред некоја година нашата историја беше чиста пропаганда.

Јас многу повеќе научив за македонската историја преку интернет имајќи можност да прочитам и за "забранетите" теми, отколку за сите години поминати на училиште. Кога - тогаш, и македонската историја ќе претрпи драстични промени. Младите поколенија коишто имаат пристап до многу информации нема толку лесно да ги прифаќаат пропагандите коишто некои ќе сакаат да им ги пласираат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
:eek:ftopic:Слафко,аман со Тито веќе го отупе.:smir:
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Ќе ги зафркнеме британците.. Ние ќе им учиме и повеќе ќе знаеме за Черчил од нив... т.е. ние за се повеќе знаеме... за американската историја повеќе од американците, за англиската сега, за римското царство повеќе од италијаниве... за Наполеон повеќе од французуве :)
 

NEBO666

НАУЧНИК
Член од
21 јули 2007
Мислења
568
Поени од реакции
1
Од каде тогаш ќе знаеш од каде потекнуваш?
Од каде ќе знаеш кој бил Александар Македонски?
Од каде ќе знаеш зошто го прославуваш 2 Август?

Ако не си ја знаеш историјата,нашите мили соседи ќе те вртат како сакаат.
sto korist imam ako si ja znam istorijata,a i mislam deka makedonskata istorija e izmislena,i deka aleksandar makedonski ne bil makedonec...
a i mn ja mrazam makedonija,da zavrsam fakultet tuka,i ke letnam od makedonija...
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
sto korist imam ako si ja znam istorijata,a i mislam deka makedonskata istorija e izmislena,i deka aleksandar makedonski ne bil makedonec...
a i mn ja mrazam makedonija,da zavrsam fakultet tuka,i ke letnam od makedonija...
Историјата сигурно не е причината зошто сакаш да си отидеш од македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom