Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум воодушевен од играта , но задоволен од победата.:)
 
Самарџиски ДРВО невидено.Вашингтон Антич:vozbud:.Честито нека ни е победата!!!
Македонија 78 : 67 Велика Британија
 
Нека ни се множат победи и со среќа во полуфиналето. Прикажавме добра игра но може и многу подобро од ова. Сепак подготвителни натпревари се па некако ќе се прогледа низ прсти. Многу форсираме шут за три. Изгледа центрите не ни се во форма :). Сепак две победи и не е така лошо.
 
Бидејќи не ги гледав последните две утакмици ради поминат лимит да ве прашам, сметате дека Вашингтон треба да оди во Полска на сметка на Мејси ? :toe:
 
Јас сакам да оди Вашингтон ама незнам што ќе прави тренерот има солидни кои можат да покриваат на таа позиција, но Мејси е добар под кош и направи многу за нашата репрезентација, па ќе видиме како и што.

Инаку самата победа над повеќе од солиден противник говори дека денес изигравме добро а вистинските предизвици идат во утрешниот дуел со Германија на која мора да и се реваншираме и натпреварот со Хрватска каде мора да стегнеме малце.

Иако да не се залажуваме овие се пријателски утакмици каде кружат сите играчи и скоро никогаш не игра најјаката петторка кај нас заедно.

Мислам најјаки моментално се Врба, Антич,Гечевски,Вашингтон и Ристе. Замени имаме повеќе од одлични а Арсиќ може да се ослони на сите играчи.Освен дедо Перо кој мое да го забетонираат на едно место и само тројки да шутира.
 
Бидејќи не ги гледав последните две утакмици ради поминат лимит да ве прашам, сметате дека Вашингтон треба да оди во Полска на сметка на Мејси ? :toe:
Мадрид , Дариус е ѕвер верувај.Какви потези имаше денес , уф,уф...Сам си изгради 3-4 позиции за шут кој си ги погоди.Подели 4-5 добри асистенции , не игра 1 на 5 иако си мислев дека е таков играч.Изигра и солидна одбрана , навистина тешка задача ќе има Јовица.
Сепак ако јас би бил Јовица , би го земал Мејси.Би било премногу неблагорадно од наша страна да заборавиме се што тој стори во квалификациите.:toe:
 
Оваа не ја гледав па ако може некој што ја имал таа шанса да ми каже как изигра Војдан.Ја гледав со Летонија даде едно 15 поена за да не претерам ама за толку минути на терен.
Реално гледано со победа над израел и добиваме противник како германија/русија кои играа без своите најдобри играчи па мислам дека може да се стигне до 8-мина финале ако не и борба за медал
 
Утре со поразениот од дуелот Хрватска-Германија.:helou:

Дај боже да падне Хрватска и нашиве да земат да не играат ништо да речат Хрвативе овие се дупки невидени и на ЕП ете ти победа :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom