Јас сакам да оди Вашингтон ама незнам што ќе прави тренерот има солидни кои можат да покриваат на таа позиција, но Мејси е добар под кош и направи многу за нашата репрезентација, па ќе видиме како и што.
Инаку самата победа над повеќе од солиден противник говори дека денес изигравме добро а вистинските предизвици идат во утрешниот дуел со Германија на која мора да и се реваншираме и натпреварот со Хрватска каде мора да стегнеме малце.
Иако да не се залажуваме овие се пријателски утакмици каде кружат сите играчи и скоро никогаш не игра најјаката петторка кај нас заедно.
Мислам најјаки моментално се Врба, Антич,Гечевски,Вашингтон и Ристе. Замени имаме повеќе од одлични а Арсиќ може да се ослони на сите играчи.Освен дедо Перо кој мое да го забетонираат на едно место и само тројки да шутира.