Зоте и Мите84, тука такви дискусии не!
Тука расправаме за кошарката!
И, не се пласиравме...Болна вистина. Бевме блиску, но не го направивме оној последен, одлучен чекор.
Изигравме слабо, очајна трета четвртина, и беше јасно дека ќе го изгубиме натпреварот. Натпревар се добива со константна добра игра, а не со блескави периоди со кои ја рушиме трагиката во нашите редови во остатокот од самиот натпревар.
И, една кратка анализа на овој циклус квалификации:
Сами ја прокоцкавме шансата уште во оние вистински квалификации, и тоа пак против Израел во Софија...па и со Босна во Сараево...Никој друг не ни е крив.
Давитков како селектор си беше приказна за себе. Арсиќ не е решение! Имаме ние квалитетни тренерски имиња, верувам сите знаат за кого мислам...
Организацијата околу репрезентацијата од страна на КФМ не е на вистинското ниво.
И, дали оваа генерација го заслужи ЕП? Тоа е вистинското прашање! Мислам дека го заслужи, но во комбинација на сите околности се случи тоа што се случи. Но, најмногу поради селектор. Немавме вистински човек.
И, останува да се надеваме на некоја нова, посилна, поорганизирана генерација луѓе, кошаркари и КФМ, кои ќе остварат големи успеси на европските и светските натпреварувања!