Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
10 април 2009
Мислења
146
Поени од реакции
9
фала ПИО за овие клипчиња. пжс е под железничка станица? јас сум од с.Драчево па затоа. ако имаш уште од овие клипови ставај не се срами:D.
 
Cresevo

Внимавај на називот во иднина.
Член од
9 октомври 2008
Мислења
923
Поени од реакции
2.103
Macedonian snipers third best in the world Monday,04 May 2009

1.Russia, 2. Ukraine, 3. Macedonia.
These are the top three countries at the latest Sniper World Cup for Police and Military held in Budapest, Hungary. Eagle eye, nerves of steel ... is something that best describes a snaperist. Mistakes aren't allowed, the tiniest of mistakes can be very costly.
Macedonian elite police and military sniper units have been competing at the Budapest sniper world cup since 2004. For six years in a row Macedonian elite unit "Tigers" have placed in the top 10 in the world.
In 2008, the Tigers placed third in the world, right behind the Russians and the Ukrainians (Berkuti). The Tigers are known as the toughest unit for urban fighting in Macedonia, though some may have arguments for the Wolves and the Red Scorpions. They are not the same. The Wolves and Red Scorpions belong to the Army, while the Tigers are a police commando unit.

Each day of a "Tiger" member is planned out from morning to evening. Every minute of the day, including meals, training and tasks are planned months ahead. Their primary duties are to cover VIP persons, free hostages, deal with criminals and terrorists on moments notice etc.
The Tiger's sniper unit is also known in being able to take out targets at 1,500 meters distance with 100% accuracy which makes them one of very few units in Europe and the only ones in the Balkans that can do that

извор

Еве и од А1
 
MARTIN BT16

волк
Член од
31 август 2008
Мислења
61
Поени од реакции
4
браво браво секоја чест на дечките:salut:
 
С

Спенсер

Гостин

видете ми го мсн-то под аватарот...не за џабе сакам да бидам ТИГАР-снајперист:D:vozbud: има време за тоа...секоја чест...стварно!!!барем у нешто Македонија да е 3та а 1ва на балканот!!!
 
Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Гледавте Код ? Имаше нешто на кратко збореше еден снајперист и тој изјави дека поседуваме некој снајпер кој го имаме само ние од целиот балкан:pipi:
-------------------------------------------------------
А на ова налетав во еден весник

Животот смрди на барутот од 2001
Поранешниот полициски тигар Страшо Глигоров после секоја акција во воениот конфликт во 2001 година водел мал дневник. На парче хартија ја запишувал секоја емоција предизвикана од секој куршум испукан кон ОНА.

Неговите воени белешки почнуваат со првото огнено крштавање под тетовското Кале. Од тогаш за Глигоров почнува се да смрди на барутот од 2001.
Првото огнено крштавање во конфликтната 2001 година за поранешниот тигар било при нападот на тетовското Кале. Сеќавањата на тој ден му се свежи како вчера да се случило.
"Бевме во Танушевци кога ни јавија дека треба да се интервенира на тетовското Кале. Во Танушевци врнеше, па кон Калето тргнавме жива вода. На патот веднаш под Калето беше отворен оган врз нас. Дожд од секакви проектили паѓаше врз нас. Беа ранети неколку колеги, но не попуштивме. Сите се држеа невидено храбро. Не попуштивме ни пред огнот, ни кога се изнамачивме да ги свртиме возилата за да продолжиме. Пукаа на нас со тромблони, митралези, автомати. Беше вистински мал фронт. На повлекување непријателот тргна по нас. Тогаш беше најтешкото, но никој од нас не попушти. Никој не чувствуваше ни замор, ни паника, ни страв. Ни се чинеше дека сето тоа трае кусо, а всушност траело можеби и три часа. Припадниците на ОНА се спуштаа се пониско, па еден колега ги запука со тромблони. Тој е многу силен колега, па тромблоните ги испукуваше од рамо. Партали ги направи. Тогаш беа полесно ранети шест тигри", раскажува Глигоров.
Нивната задача била да го исчистат патот кон Шапка и да се излезе над Калето. Напред одел булдожер, по него тенк, па оклопните возила.
"Булдожерот уриваше се пред себе. Ништо не можеше да го запре, а го возеше обичен работник. Неговата храброст беше невидена. Силно газевме се пред нас. ЕСЗ требаше да нападне од Гајре, па идевме од Шипковица кон Шапка. Се искачивме на одредената позиција и го гледавме Калето под нас. Поставивме црни стрели и почнавме да гаѓаме, а ОНА возвраќаше со истрели од бункери од правец на Селце. Тогаш прв пат го почувствував барутот буквално под нос. Куршум ми прелета покрај лицето. Ама такви работи не не спречуваа во задачите. Сите притиснавме со сета сила. Калето беше опколено. Од една страна, полицијата, од друга, армиските волци. ОНА почна да бега. Калето беше освоено.
"На 23 јули 2001 се разбудив околу шест часот. Ноќта имав лош сон и поради него имав лошо претчувство. И брат ми беше во тигрите, па умот ми одеше на него. Бев старешина во базата. Попладнето околу 17.30 часот добивме информација дека нашите се нападнати во Теарце. Веднаш тргнавме кон Тетово со хермелини и со пинцгауери. Јас бев во последното возило, а брат ми во првото. Јас не носев панцир. Кај Карпалак пак пред очи ми дојде сонот. Си реков, ај да ставам панцир нешто лошо ќе се случи. Само што ја ставив левата рака во панцирот не нападнаа од левата страна со зољи, митралези, бомби, РПГ... Најсилниот оган беше врз првото возило во кое беше брат ми Мите. Му го погодија возилото со зоља и целото чадеше. За среќа, вратата им била отворена и млазот од зољата излегол надвор. Но, се запалија сандаците со муниција. Гледав како гори и се молев да не експлодира. За среќа, специјалците од ЕСЗ се многу спремни. Немаше ни паника ни страв и враќавме на огнот. Брат ми се снашол и со шишиња минерална вода ги полеал запалените сандаци и ја спречил експлозијата на муницијата. Го одбивме нападот. Сите возила ни беа изрешетани, ама продолживме понатаму за Тетово. Тоа се случи 10 дена пред големата трагедија кога кај Карпалак загинаа бранителите. Ние паднавме во заседа, а после никој не го обезбеди местото и се случи трагедија", вели Глигоров.
Нему Карпалак не му е единствениот настан вечно врежан во сеќавањата. Во неговите мисли засекогаш ќе останат и Радуша и Брест и Жилче...
"На 11 август тргнавме за Радуша да ги извлечеме полицајците кои беа под опсада во селото. На пат кон селото постојано не надлетуваа авиони и хеликоптери кои стрелаа кон непријателските линии. На стемнување стасавме во Радуша. Мојата задача беше да се пробијам кај кујната од станицата. Застанавме со хермелинот и кога ја отворивме вратата неколку полицајци од кујната се стрчаа и влегоа во хермелинот. Немаа оружје и ги прашав кај им е личното вооружување, а тие ми одговорија: 'Какви пушки, 18 часа сме на позиција и под оган, не сме јаделе ниту сме биле во тоалет, тргнувај да си одиме'. Тогаш видов дека пред кујната има неколку сандаци и го прашав полицаецот од станицата што има во тие сандаци. Тој ми рече дека внатре има оружје и муниција, но дека тоа сега не е важно, оти треба да се спасуваме. Се налутив, скокнав надвор и ги отворив сандаците. Беа полни со муниција за минофрлачи и со автоматски пушки. Си реков: 'Ова нема да им го оставиме на непријателите'. Им наредив на полицајците што ни влегоа во хермелинот да излезат од возилото за да товарат. Тие не сакаа и првиот што ми беше при рака го грабнав надвор. Немаше место за целото оружје. Им се јавив на командантот и на заменикот да им кажам за ситуацијата. Тука имаше еден камион, но му беше празен акумулаторот, па наредив да го закачат камионот за хермелинот и да го натовариме оружјето. Влегов внатре во кујната и најдов купишта сандаци со оружје и муниција. Тоа мораше да се спаси, за да не го заплени непријателот. Натоваривме се и тргнавме кон Скопје", се сеќава полковникот Глигоров.
 
С

Спенсер

Гостин
Гледавте Код ? Имаше нешто на кратко збореше еден снајперист и тој изјави дека поседуваме некој снајпер кој го имаме само ние од целиот балкан:pipi:
-------------------------------------------------------
таа снајперска пушка е Accuracy International AW во 338 Lapua Magnum, Schmidt und Bender оптика... Импресивна пушка,
 
Член од
10 април 2009
Мислења
146
Поени од реакции
9
луѓе, беше ли некој денес во Ѓорче? слушнав дека таму ќе имало нешто. а за утре знае некој каде има нешто? кажувајте за да им оддадеме чест на МВР и Гордана Јанкуловска.
 
С

Спенсер

Гостин
луѓе, беше ли некој денес во Ѓорче? слушнав дека таму ќе имало нешто. а за утре знае некој каде има нешто? кажувајте за да им оддадеме чест на МВР и Гордана Јанкуловска.
утре идам на екскурзија...ако иде некој у Ѓорче или каде било,а да има нешо, обавезно апарат и слики да стај:D
 
firestarter

нетачен
Член од
3 април 2008
Мислења
80
Поени од реакции
6
таа снајперска пушка е Accuracy International AW во 338 Lapua Magnum, Schmidt und Bender оптика... Импресивна пушка,
Една од најдобрите ако не и најдобра снајперска“ПОЛИЦИСКА“пушка во светот.Сум имал прилика да ја видам и да ја држам и делува импресивно,исто како и нејзината цена,околу 16000 евра:vozbud:.Треба да се направи разлика помеѓу војничка и полициска снајперска пушка за да нема забуни.Со војничката пушка доволно е само да онеспособиш човек делумно и да направиш проблем додека со полициската треба да го елиминираш моментално.Во принцип снајперизмот е цела наука и треба да објаснувам цело време така да ке го скокнам тој дел.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184

Дечкиве учествуваа на натпревар во Јужна Русија заедно со Спецназ, СЕАЛ, САС , НОА (PLA) од Кина и уште десетина каде Волците си ја завршија мисијата пред Британските САС, победувајќи ги во тактика, борбени вештини и најбитното, решителна храброст. Кај нив важи правилото „една Мајка, Еден татко, еден за сите, сите за еден!“
Трну, може да знам од каде ја доби оваа информација и ако имаш линк да ми дадеш? Ти благодарам однапред....:helou:
 
С

Спенсер

Гостин
Една од најдобрите ако не и најдобра снајперска“ПОЛИЦИСКА“пушка во светот.Сум имал прилика да ја видам и да ја држам и делува импресивно,исто како и нејзината цена,околу 16000 евра:vozbud:.Треба да се направи разлика помеѓу војничка и полициска снајперска пушка за да нема забуни.Со војничката пушка доволно е само да онеспособиш човек делумно и да направиш проблем додека со полициската треба да го елиминираш моментално.Во принцип снајперизмот е цела наука и треба да објаснувам цело време така да ке го скокнам тој дел.
па темава е всушност за тоа:D ако не те мрзи,напиши 5-6 реда... иначе

http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=09/policija-07-05.wmv&VestID=108201 дел од активностите за прославување 7 мај,ден на полицијата:vozbud:

еве ја ЕСЗ-ТИГАР:vozbud::violent1:
спасување со хеликоптер:vozbud:
мииирноооО!!!! тие најдесно се ЕСЗ-ТИГАР:vozbud: зверови
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Во врска со снајперистот,човекот кажа дека додека да го испукаш метакот,треба да се направи многу калкулации,како што се далечина на мета,надворешни услови како сонце,ветер,дожд...во врска со снајперот,само ние сме го имале на Балканот!
 
Член од
10 април 2009
Мислења
146
Поени од реакции
9
Сенка-човек :), полицајците во црна облека што се спуштаат по зграда се ЕСЗ? Јас не бев во касарна Ѓорче ама ми рекоа да побарам по нет за слики од четвртокот. Незнам директен линк, дај некој пост ако знаеш каде да разгледам слики од МВР. На нивната страна ги знам веќе 100 пати ги свртев сликите а плус и ги симнав повеќето. Или па информации за оружја и опрема ако имаш. А ако не се од јавна природа прати ПП со линкови колку да утепам нешто интересно до јуни. Поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom