Трајко убаво си кажа има завршен факс, дека догурал до професор, дека се утепал од борба против олигарсите (изгледа Макпетрол кидна од бандата на олигарси) и нормално бар ако ништо друго може својата фамилија која ја „оформил“ во меѓувреме да ја спастри затоа што и така е создадена од експерт до експерт.
Се сеќавам дека Рубин 2002 кога ја запосли женатаму во клинички , приказната беше потполно иста.
Непотизам означува доколку вашиот сакан(а) или потомок е макар и Никола Тесла Вие ако сте носител на јавна функција не смеете по никакви услови и цена да ја злоупотребите и да влијаете на вработување на истиот во јавни институции што се под ваша ингеренција, а се финансираат од јавни давачки.
Кратко кажано ова што го направија досега Грујо со братучедите, Кондолиза Рајс фром Струмица со мажот, Трајко со деците, Гога ФБИ со фраерот е потполно исти к.р како СДС 4 години претходно. Значи нема разлика, нема место за никакво алиби или освета, ако сака некој да добие оценка дека е подобар во областа на корупција и непотизам едноставно треба сево ова да го расчисти, ако не се работи за сјаши Курто, да узјаше Мурто.