Па доколку на вработените во странски фирми државата им плаќа придонеси,таа со тоа ствара нелојална конкуренција кон домашните потенцијални инвеститори
Каква нелојална конкуренција конкретно? Прво, самиот термин "нелојална конкуренција" е многу глупо дефиниран, а уште поглупо наоѓа примена. Која конкуренција е лојална? Лојална на кого? Незнам на кого му текнало така глупо да дефинира нешто што означува сосема нешто друго.
и никогаш нема да одлучат да инвестираат во сопствената држава која ги прави уште на стартот неконкурентни.
Значи, конкретно со што ги прави неконкурентни? Со цена на чинење на производ? Со крајната негова цена, бидејќи странските инвеститори ќе имаат помали трошоци? А за кој производ конкретно и што произведуваме ние?
Прво: македонските производи се одамна неконкурентни во споредба со странските, а за причините за тоа можеме да дискутираме до сто и една во нова тема. Главна причина за ова се самите производители и државата нема никаква врска со тоа. Прв пример - како може Битолското млеко да биде по цена еквивалентно, па дури и поскапо од Словенското? Имаме домашно млеко (на кое што маржа става директно производителот наш македонски) версус странско, за кое се плаќаат царини при увоз, а освен маржата на производителот во Словенија, додатна маржа става и увозникот? И згора на сето тоа, бидејќи Словенците според платите се далеку кај нас, има многу поголеми трошоци при процес на производство? На вакви примери не може да им се фати крајот.
Значи, секој со два грама интелегенција би си рекол: У пичку матер, колкава маржа ставаат нашите производители?
Второ: Секој голем странски инвеститор кој ќе одлучи да внесе капитална инвестиција, сигурно нема да сака да произведува пипер, патлиџан, краставици, млеко, пиво, а со тоа нема да претставува никаква закана за конкурентноста на нашето производство. Збориме за инвестиции од типот на отварање погони на познати светски производители кои би запослиле илјадници работници и кои би произведувале производи кои ќе ги задоволуваат потребите на регионалните и светските пазари. Автомобилска индустрија, хардверски компоненти и слично, ние од тоа немаме ништо.
Чичко Итар Перо, бидејќи Мистичен е мал, еве вака нешто кое можеби не си го знаел бидејќи го немало во ниту еден медиум досега, а кое ти го кажувам од прва рака. Eден гигант, конкретно Henkel & Schwarzkopf своевремено сакаше да го купи Охис, да инвестира и да го претвори во производствен центар за Централна и Југоисточна Европа. Бидејќи тогаш имаше "многу добри услови и олеснувања" за странски инвестиции (и бидејќи нашите сакаа Охис да го обезвреднат и цедат до даска за потоа некој да го лапне за себе), Henkel & Schwarzkopf крена раце и ја купи Мерима Крушевац. Сега, од Крушевац имаме Персил, Мерикс, Солеа и уште 200 брендови на производи за пола Европа.
Е сега, иљадници Охисовци седат дома, гледаат вести и пијат ракија. И се навистина конкурентни - на комшијата Перо, кој може да испие помалку од нив ракија дневно. Важно, да не се даваат никакви поволности за да се привлечат странски инвеститори. Така. Само напред. Ние сме најконкурентни.