Дали (се) споредувате

Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Значи,одите по улица или седите дома и гледате телевизија.Одеднаш гледате некоја згодна и убава девојка/дечко,која е вашата реакција:"Овој/оваа е убав/а" , "Леле,колку сакам да сум како неа/него" или пак нешто како "Оваа/овој е поубав/а од мене" или пак да го/ја споредувате со некој друг?
Нели секоја личност е посебна и уникатна,има свој карактер,свој начин на живеење?Секој е различен поради тоа што е.
Па дали вие имате обичај да (се) споредувате?
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Сите сме уникатни и посебни но сепак кога геаме кај некој нешто што ни се допаѓа го применуваме.
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Не се споредувам со никого секој си е свој на свој начин секој си е убав за себе споредувањето со некој друг мене ми личи како да не си задоволен од самоит себи си и како да немаш ни најмалку самодоверба во себе:helou:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Да споредувам не,порано да,но со текот на времето ја применив онаа-никој не може да го живее животот исто како тебе,па наместо да губам време да споредувам некој со мене,гледам да си го направам животот да ми биде поинтересен.
Ме споредувале од типот-погледни ја братучетка ти,отиде на овој на оној колеџ,зошто не бидеш најдобра во се?Блаа кога ќе ми го направеле тоа искрено,не сум гледала излез.Или пак ќе ја пуштев Master of Puppets па ќе ми беше подобро на некој начин.
Јас лично не се споредувам,тоа го прават луѓе кои не се задоволни од себе,и имаат мала вредност на самопочит и поголема вредност на самосожалување.И не е ова само за убавината и згодноста,овде спаѓаат и пошироките сфери на оваа уметност наречена живот.
Значи,ни едното ни другото,мада ми се случило да искоментирам за некој дека е секси,ама тоа се сведува само на тоа и финито А да споредувам не...мада вчера му реков на Бада дека личи на Џон Кјузак;)
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Не се споредувам со никој бе, каков сум таков сум, нема шо тука да праам муабети „еј види го овој, и ја ќе бидам као него”. :)
 
Член од
8 април 2007
Мислења
725
Поени од реакции
6
Pa ako pravime muabet za nekoja koja odi po ulica i da vidam da recam lele kolku e ubavo oblezecna ili sakam da bidam ko nea i ne bas ne vikam ali ako eptem me bendisa nekoja na tv od slavnite licnosti da cesto vikam sakam da sum kako nea! :). A neznam zaso taka :)
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Абе да се споредуваш е едно да сакаш да бидиш е друго,за да се споредуваш треба да си на ниво со истото а да сакаш да бидиш е д имаш нешто слично на него.Јас да ли се споредувам па да ако ми е ниво.
 

Roswell

Tu Sei Tutta La Mia Vita
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.619
Поени од реакции
29
Sporedbata e najlosa rabota.
 

Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38
Ни се споредуам со некој ни па споредуам други, отсекогаш ми била многу банална работа тоа со споредувањето, сите сме посебни на некој начин, такви какви шо сме, не гледам простор за споредување....
 

Slatka_Mala

devoid of concept
Член од
15 февруари 2006
Мислења
477
Поени од реакции
11
Не (се) споредувам, и строго се противам на споредувањето со било кој, поготово помеѓу роднини, сестри, браќа итн. (го дадов како пример, зошто во нашето секојдневие ова е највообичаено меѓу народијава)
Отсекогаш ме нервирале тие работи, зошто сметам дека секој човек си е единка сама за себе, изгледа, се однесува и функционира според она што го носи во себе и дали се чувствува дека постигнал успех зависи од него, а не од некои општоопределени критериуми. Значи, ако некој има повисока плата, подобро изглеа (условно речено) и (навидум) има повеќе пријатели од мене, не го прави поуспешен од мене, поготово ако јас сум задоволна со она што го имам и што сум. :nenene: Get my point? :helou:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Не се споредувам со никој, таква сум каква што сум...
Можам да искоментирам дека некој е убав или убава, зошто па да не? Ама никогаш не сум посакала да бидам како таа личност, тоа е премногу глупаво и банално..секој има свој живот и е посебен на свој начин.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Споредувањето не значи имитирање или болна желба да бидиме како некој.Само понекогаш е добро за да се изгради критериум.На пример ако некоја девојка е поубава и посредена од мене и ми се допаѓа нејзиниот имиџ, ако треба нешто и ,,ќе и украдам,,.Тоа не е љубомора, само здрав пристап и преиспитување до каде сме.
 
Член од
28 март 2007
Мислења
81
Поени од реакции
6
Секој барем еднаш во животот посакал да биде некој друг, да живее и ужива во благодетите што некој ги има а тебе ти се толку далечни и неостварливи.Ке излажам ако кажам дека не сум посакала барем на момент да го заземам местото на Ранија ,(кралицата на Јордан) ,а се надевам дека секој од Вас има некој идол или водич во животот од кој црпи инспирација ,идеа за поубав живот.Мегутоа тоа е само желба ,илузија или по нашки течено -екскурзија на мозокот-.
А инаку кога гледам и посматрам вака некој од страна најчесто ги приметувам нивните убави и позитивни страни па зошто да не прифатам и применам нешто и на мене.Секој се стреми кон убавото или онаа народната ,, се што је лепо и богу је драго,,.
Тоа е мое мислење ,малку поразлично од досегашните но..:toe:
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Не се споредувам баш со никој.
Не гледам каков бил дечкото, гледам каква била девојката :icon_lol:
А дали нив ги споредувам? Па, да.. Ако гледам на телевизија нешто, мора то да се прави, а ако сум излезен негде в чаршија, па Охрид кафичине се само за таја работа, односно чашитлама. *(ако то ви беше поентата:))
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Не се споредувам и не споредувам никој.Сите сме уникатни (уникум :pos:). Можеби ако ме прашаат за некој како изгледа на лик а јас притоа не знам да го објаснам ке речам дека малку личи на некој од попознативе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom