***freak***
И да волиш до неба, и да прашташ кад треба [x]
- Член од
- 9 февруари 2007
- Мислења
- 383
- Поени од реакции
- 1
* Потпевнувај си ја често музиката од Бетмен
* Лижи го филот од наполитанките а потоа составувај ги повторно.
* Во секој разговор реплицирај со:
- Така мислиш ти!
* Oставај бакшиш со странски пари.
* На забава на која те поканил пријател, покани еден куп луѓе кои тој не ги познава.
* Доколку отидеш на опера пеј си силно на глас.
* ПИШУВАЈ САМО СО ГОЛЕМИ БУКВИ.
* пишувај само со мали букви.
* Не употребувај интерпункциски знаци
* На поетски рецитал прашувај зашто стиховите не се римуваат.
* Секогаш кога гледаш телевизија со друштво, 5 минути пред крајот на шоуто, смени го каналот.
* Спомнувај си разни бројки додека некој брои нешто.
* На работа свиркај си различни песни кои ќе им влезат во психа на другите. (на пример "Лакокарача")
* Излези на улица, насочи го фенот за коса накај автомобилите и види дали ќе успорат.
* Прашувај ги луѓето кој пол се.
* Остави ја новогодишната елка накитена до Април.
* Секогаш грицкај ги пенкалата што ти ги дале на заем, и тоа пред тој што ти ги дал.