Регистрирање на фирма?

  • Креатор на темата Креатор на темата Овердрајв
  • Време на започнување Време на започнување
Не е точно. Оваа власт донесе закон со кој ги забрани фирмите без вработени т.е. мораш да имаш барем еден вработен, но тоа падна на Уставен суд.

Така да сега можеш да имаш фирма без ниту еден вработен.

Malku glupo no taka e.:smir:
 
Ако му треба на некој регистрација на фирма или пак ликвидација нека пише слободно. 6000 е комплет,ЦР,жиро,печати,чекање по шалтери,проценка од овластен судски проценител.....се. Какви 300евра какви 2000 денари.

Ова 6000 денари е?Цел комплет го нудиш?И сакав да прашам дали треба да имаш некој влог или се регистрира фирма со 0 сметка?
 
гледаш... моментов за дека билизгласан законот па паднал на уставен ми киднало од базата на информации во црпкава меѓу рамења... гарант сум бил надвор од мк кога се десило овој момент...

леандра...

ти треба влог од 5.000 евра, дали во пари, дали во ствари... затоа служи проценител кој ке ти го попише твојот имот (седејки си во канцеларијата своја нели...) во смисол компутер, биро, столица и слично... после 6 месеци твојот сметководител ќе ти ги раскнижи како потрошени-уништени т.е. расходовани... тоа е паметно зашто утре ако идеш во стечај, стечајниот управник ќе го бара тој инвентар во периодот на ликвидација т.е. порамнување... во она што јас го пишав за 8.000 денари, од правничката што ми избрка се што треба, во таа цена беше и “услугата“ за пописот на инвентарот... значи буквално идеш, даваш лична карта, тураш потписи на неколку места, избираш банка и за некој ден добиваш фирма, со се жиро сметка, даночен број и печат+штембил (освен ако не си т.п. они немаат штембил)
 
А за затворање на фирма колку трошоци има?
 
Кога прашав кај една стечајна, ми рече 25 000 денари, ако е блокирана сметката (има долгови). По ценовници гледав и 250 евра.
 
околу 18 илјади денари ако не ти е блокирана жиро сметката... ако ти е блокирана нешто помалку... значи, збориме за стечај нели... си решил да ја бутнеш во стечај, имаш блокирано жиро сметка тогаш тоа е окол 15.500 денари... так ми рече правничката што ми средува фирмите... и тоа 15.500 не ги даваш одма туку на 3 пати на еден месец... првиот пат даваш околу 5.500, вториот пат (после 1 месец) околу 6.000 третиот пат (пак после 1 месец) околу 4.000 и фирмата е во стечај...

а комплетно затварање е друга процедура... да речеме се си е чисто со сметките, значи нема долгови, данокот платен... само до централен регистар се испраќа т.е. се дава документот што го зимаш од УЈП дека немаш долгови, исто така и од банка последен извод... се плаќа нешто ситно и тоа е тоа... ќе чекаш едно 3 до 6 месеци и фирмата ќе се избрише... секако и правник можеш да ангажираш, ама незнам колку ќе чини со правник... не сум баш до крај сигурен која е оваа процедура, ама знам дека имаше нешто и со суд... ај стварно кој знае нека објасни што и како е кога идеш на затварање а не на стечај на фирма...
 
Ова 6000 денари е?Цел комплет го нудиш?И сакав да прашам дали треба да имаш некој влог или се регистрира фирма со 0 сметка?

Zavisi od sto forma na drustvo registriras... Ako si Trgovec poedinec(TP) nema potreba od pari na smetka ili bilo kakov imot zasto vleguvas so celiot tvoj imot(zatoa retko koj se odlucuva na vakva forma na drustvo)... Ako formiras DOO togas e 5.000 evra vo pari ili predmeti(kako so objasni clenot pogore).. ako formiras AD togas e 25.000 ili 50.000 evra zavisno od nacinot na formiranje(bez ili so javen povik) itn...
 
Здраво
Потребно ми е доклку има некој да ми прати пример за промена на управител на ДООЕЛ и именување на нов, доколку има такви можи да ми ги пратите на е-mail: mecho_1987@hotmail.com или насочете ме каде да се обрарам и која е процедурата и колку време трае

Поздрав
 
imam 4 god firma doo sekoja godina zavrsna smetka prijavuvam 0 da ne imam nekoj problem so firmava ili nema vrska
nemam nisto raboteno so firmava mi trebase za nekoja rabota da napravam ama ne izleze kako sto mislev i taka stoi i odmara firmava
ke imam nekoj problem ili nisto?
 
па где си бре ти италиано... еднаш дојде и толку од муабетот... ни еден смс да пратиш дека си жив...

инаку, не. сега за сега немаш проблем, се додека не донесат некој закон кој што ке ти направи проблем... ако немаш долгови кон државата, поарно згасни ја што побрзо да си бидеш раат, зашто таму кај што си, не ке можеш брзо да реагираш и да бидеш информиран кога ке се смени нешто. а богами кај нас се мењава нешто редовно и секојдневно... срека е што уставен колку толку ги смирува и мењава или одржува работите на некое ниво...
 
Добро вака значи најдов самиот па еве нека му послужи на некој друг ако заглави со истата работа, доколку во ИЗЈАВАТА за основање на ДООЕЛ го имате вметнато тогаш треба да ја смените и изјавата и да приложите нова изменета

1. Одлука за отповикување по чл.242 од ЗТД и извор на нов управител
2. Изјава по чл.32 од ЗТД од стар упоравител - заверена на нотар ( во исклучителни случаеви се прима и од нов управител).
3. Доказ од нов управител дека не му е изречена мерка забрана за вршење на дејност (од Суд за прекршоци)
4. ЗП - Образец заверен кај нотар
5. Фотокопија од лична карта или пасош за нов управител
6. Одлука за измена на актот на друштвото ( договор или изјава) по чл.252 од ЗТД - треба да има штембил со деловен број
7. Прочистен текст од актот за основање - заверен кај нотар
8. Изјава по чл.183 од нов управител заверен кај нотар
9. Пополнет ППЗ образец кој можете да го најдете на страната на Централниот Регистат ( втората страна се пополнува во 2 примероци, во првиот се брише а во вториот се запишува новиот управител)
10. Доказ за уплатен надоместок

Поздрав

--- надополнето ---

mecho напиша:
Добро вака значи најдов самиот па еве нека му послужи на некој друг ако заглави со истата работа, доколку во ИЗЈАВАТА за основање на ДООЕЛ го имате вметнато тогаш треба да ја смените и изјавата и да приложите нова изменета

1. Одлука за отповикување по чл.242 од ЗТД и извор на нов управител
2. Изјава по чл.32 од ЗТД од стар упоравител - заверена на нотар ( во исклучителни случаеви се прима и од нов управител).
3. Доказ од нов управител дека не му е изречена мерка забрана за вршење на дејност (од Суд за прекршоци)
4. ЗП - Образец заверен кај нотар
5. Фотокопија од лична карта или пасош за нов управител
6. Одлука за измена на актот на друштвото ( договор или изјава) по чл.252 од ЗТД - треба да има штембил со деловен број
7. Прочистен текст од актот за основање - заверен кај нотар
8. Изјава по чл.183 од нов управител заверен кај нотар
9. Пополнет ППЗ образец кој можете да го најдете на страната на Централниот Регистат ( втората страна се пополнува во 2 примероци, во првиот се брише а во вториот се запишува новиот управител)
10. Доказ за уплатен надоместок

Поздрав

Здраво
Потребно ми е доклку има некој да ми прати пример за промена на управител на ДООЕЛ и именување на нов, доколку има такви можи да ми ги пратите на е-mail: mecho_1987@hotmail.com или насочете ме каде да се обрарам и која е процедурата и колку време трае

Поздрав
 
Тоа во регистар може само, ќе си отидеш таму со новиот управител и ќе си смениш. Ќе прашаш внатре кај што треба, ќе ти кажат. Знам една фирма што ја водам, завршија за еден ден такво нешто.
 
Малку оф топик ама зар има некој лудак што денес би отворил фирма и би работел легално во мк
 
Малку оф топик ама зар има некој лудак што денес би отворил фирма и би работел легално во мк

има...јас работам легално... треба да сум пореметен да земам пари за поставување на парно инсталација (минимум 2000 евра па се иде и до 15.000 евра) да набавувам материјали за кеш, и се остало... еден треба да ме поткаже или пријави па да ме ИЗГОРАТ СО КАЗНИ... а плус и не е само тоа... знаете ли дека парите во оптек што идат и се во кеш се многу малку? кој на денешно време има кеш во рака за да плати толкава сума? се е по сметки, трансакциони, жиро сметки, штедни сметки и слично.... нема кеш веке последниве 2-3 години ептен е запрен кешот... се е со безготовинско плаќање...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom