Еве една задача од мене. Не знам од каде ја најдов ама многу е интересна.
Овој квиз е направен од Алберт Ајнштајн и според него 98% од испитаниците нема да го решат.
Постои ред од пет куќи, каде секоја има различна боја. Во овие куќи живеат пет луѓе од разни националности. Секој од нив има свое домашно животно, пие различен пијалок и пуши различна марка на цигари.
1. Британецот живее во Црвената куќа.
2. Швеѓанецот чува кучиња како домашни миленици.
3. Данецот пие чај.
4. Зелената куќа се наоѓа лево од Белата куќа.
5. Сопственикот на Зелената куќа пие кафе.
6. Личноста што пуши Пал Мал одгледува птици.
7. Сопственикот на Жолтата куќа пуши Данхил.
8. Човекот што живее во централната куќа пие млеко.
9. Норвежанецот живее во првата куќа.
10. Човекот што пуши Малборо живее до оној што чува мачки.
11. Човекот што одгледува коњи живее до човекот што пуши Данхил.
12. Човекот што пуши Лаки Страјк пие пиво.
13. Германецот пуши Принц.
14. Норвежанецот живее до Сината куќа.
15. Човекот што пуши Малборо има сосед што пие вода.
Кој има риба за миленик дома? (дали сте еден од 2%)
Не сум се ни обидел да ја решам.
Ајде слушам одговори
Според ова, дадени се како факт 4 миленичиња...Кучиња, птици, мачки и коњи.
Значи според прашањето, птиците би требале да се петиот елемент.
Од друга страна пак, само Германецот нема миленичиња. Дали он чува риби, или па чува глувци? Никаде во загатката не е напишано дека рибите се домашни миленичиња на некој од типците...туку само како прашање е поставено. Веројатноста да он чува риби е голема, дека постои можност он да чува и нешто друго како домашно милениче.