Л. Рон Хабард е американски писател на научна фантастика од Небраска, кој пред креирањето на својата религија бил познат по неговиот фокус во научната фантастика. Тој се здобива со одредена едукација во универзитетот Џорџ Вашингтон, запишувајќи се во 1930г. во програмата за граѓански инженеринг. Но, неговиот академски успех е значително слаб, и следната година е исфрлен од школото.
За време на Втората Светска Војна, Л. Рон Хабард служи како морнарички офицер, но постојано бива отстрануван од раководни позиции поради некомпетентност. Во Јуни 1943г., е подложен на дисциплинско сослушување. Хабард по трет пат е отстранет од раководство откако го закотвува својот брод во Коронадо островите, кои се во територија на Мексико, и таму продолжува да изведува воени вежби. Мексиканските служби поднесуваат официјална жалба. Ова, заедно со неговиот неуспех да ј следи наредбата да се врати во базата,го води до Истражен Одбор. Одборот одлучува дека Хабард не ги испочитувал наредбите и е префрлен на други задолженија.
Откако е отпуштен од морнарицата, Хабард воглавно се ангажира во научна фантастика. Л. Рон Хабард добива одредено ниво на признание за неговата работа во научната фантастика, но пишувањето за еден цент по збор, не е неговата идеја за успех.
Не можеш да се збогатиш пишувајќи научна фантастика. Ако сакаш да се збогатиш, отпочни сопствена религија.
Одговорот на Л. Рон Хабард на прашање од публиката за време на состанок на Источната Асоцијација за Научна Фантастика (7ми Ноември 1948), цитирано во сведоштвото на Сем Москович во 1994г.“
Некое време по војната, Хабард се сретнува со Џек Парсонс, професор по аеронаутика во Калтек и приврзаник на британскиот окултист Алистер Кроули. Хабард успева да се всели кај Парсонс кој живее со неговата девојка Сара Нортруп. Парсонс, кој е Сатанист, го воведува Хабард во ритуална магија. Скиентолошката Црква не негира дека ова се случило, но тврди дека Хабард всушност работел како таен агент во мисија да стави крај на наводните магиски активности на Парсонс и да ја „спаси“ Сара Нортруп, која Парсонс ја користел во неговите Сатански ритуали. Всушност, Хабард во своите скиентолошки предавања го опишува Парсонс како негов пријател, а не како лице под негова истрага. Интересно е и да се спомене дека Хабард покасно се зема со девојката која вели дека ја спасил од Парсонс. Сара Нортруп станува втора ѓена на Хабард во Август 1946г. (станува збор за чин на бигамија, бидејќи Хабард веднаш по морнарицата ја напушта својата прва жена и деца, но не бил разведен). Набрзо потоа, ја објавува Дијанетиката.
Можеме само да претпоставуваме како фактички Л. Рон Хабард ја развил својата „наука“, Дијанетиката. Билокакви сведоштва и документи од неговите експерименти никогаш не се презентирани, ниту пак се докажани било кој од методите кои ги користел за да дојде до своите теории за умот. Според Црквата, зачетоците на Дијанетиката се серијата на клеточни експерименти, кои наводно ги вршел во 1937г. Тие експерименти наводно покажувале дека поривот за опстанок доминирал над секој друг можен животен порив.
Ова било пресврт во дотогашната тероија дека животот не е ништо друго освен игра на среќа. Спротивно на Дарвиновата тероија на еволуција, која дава важност на опстанокот единствено од аспект на природна селекција, Хабард изјавува дека опстанокот доаѓа од „интелигенција“ надвор од шемата на животот. Хабард изјавува дека целиот живот е раководен од една команда: опстани. Но како да се опстане? Хабард морал да изнајде практично решение. Неговиот прв голем чекор кон такво нешто, и следствено кон Дијанетиката, е направен во 1945г. за време на Втората Светска Војна. Хабард, кој во тоа време е полковник во американската војска, наидува на 15 бивши воени затвореници, кои по изгладнувачкиот режим не биле способни да апсорбираат протеин и покрај сите можни третмани.
Хабард, заинтригиран од ова, заклучил дека умот го контролира телото, а не обратно, и дека умот моѓе да создаде ментални пречки кои спречуваат ендокриниот систем да реагира на третманот. Од друга страна, ако та ментална пречка е отстранета, проблемот би бил решен. Ова станува првиот принцип во Дијанетиката.
Зборот „дијанетика“ доаѓа од грчиот збор диа (низ, преку) и ноус (ум или мисла). Хабард ја формулира Дијанетиката врз база на премисата дека умот е тој што реагира на примарната команда за опстанок, и го контролира животот во напорот за опстанок.
Тврдејќи дека го открил изворот за повеќето проблеми на човекот, Хабард се зафаќа да ја претвори Дијанетиката во неинвазивна терапевтска наука која може успешно да ги излечи сите типови на неврози, психосоматски болести и психози.

Неговото школско досие:
Неговото морнаричко досие: