Дали Манчестер Ј. влегува во криза?
Ливерпул му зададе сериозен удар на Манчестер Јунајтед. Не толку поради тоа што се намали бодовната диференција, туку поради тоа што со убедливата победа во дербито ја отвори дилемата - може ли шампионот да влезе во криза во решавачкиот дел од сезоната?
Никогаш по 1936. Манчестер Јунајтед не загубил на „Олд трафорд“ од Ливерпул како во саботата. Но чудно, Сер Алекс Фергусон нема многу забелешки за играта на својот тим, иако призна дека денот бил лош поради четирите примени гола.
„Тешко е да се прими поразот затоа што мислам дека бевме подобри, а резултатот не го открива тоа“, се обидуваше да објасни предводникот на Манчестер Јунајтед, за кого сега пресудно е да се реагира.
„Секогаш е така во овој клуб. Ние го правиме тоа“, свесен е Фергусон дека на ривалите не смее да им дозволи да дојдат многу близу.
Сега има плус четири во однос на Челзи и на Ливерпул, но и натпревар за доигрување.
„Ги победивме Реал и Манчестер во една недела и покажавме дека можеме. Реално, за титула во Премиерлигата треба да ги добиеме сите средби до крајот на сезоната“, не влезе во еуфорија менаџерот на Ливерпул Рафаел Бенитез. „Ќе биде тешко, но можеме“, порачува Шпанецот.
По добриот развој на настаните на „Олд трафорд“ и триумфот над Манчестер Сити, шанса препозна и Гус Хидинк.
„Ова не е битка на менаџерите, туку на играчите. Рафа е искусен, а Сер Алекс многу искусен. Како почетник, дозволете ми да ги бркам“, се пошегува Хидинк.