Надал vs. Федерер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување

Навивам за:

  • Вкупно гласачи
    393
Ми се допаѓа ароганцијата на некои навивачи на Роџер...:pos2::pos2::pos2: Но овае фанклуб Надал вс Роџер, па нема потреба од модератори.....

И да, сигурен сум дека Роџер ке биде поминат од Надал...Ако сакаш во превод тоа може да се случи за 2 години, ако ги освои сите Грем Слемови, или за 3-4 години, каде би освојувал по 2 во сезона...Ако видите така, тоа не е невозможно....Има 24 години...

Поздрав
 
Се согласувам за 2 години ќе има 16 :)

Не ми се верува што читам, прво кој сме ние или ти да предидуваме кариера на спортист кој има проблеми со колена? кажав еднаш и пак ќе кажам се сеќаваш ли Роналдо како заврши? дали играше исто после тоа? да пак беше добар! али не како порано.

Значи кога Надал не би ги имал тие проблеми, би ја разгледале од сосема друга страна можноста но вака мисалм дека ќе мора да забави за да игра подолго, од друга страна од каде знаеш како ќе се одвива формата на по-тазе тенисериве? Содерлинг, Бердих, па и Дел Потро ако успее да се врати во форма нели.
 
Ако го држат коленава на Ѕверов а се надевам дека ќе го држат ќе го стаса и Федерер во титули и така Федерер и при крај на кариерата.
 
Конечно некому да му текне :)
 
Абе братче, ако навиваш за Надал, ко шо навивам јас за него....Ќе ме сватиш шо сакам да ти кажам...Мене не ми е на ум неговата повреда и не мислам толку песимистички кон тоа.....Гледам огромен тим околу него, кои работат на тоа, да не игра глупави турнири...

Ете штотуку го откажа учеството на Дејвис Купот и нормално е тоа...Ќе се сконцентрира само на Гренд слемовите и тоа е тоа...Не гледам никакви проблеми тука...Јас сум убеден дека ке го стигне Федерер и тоа е мое мислење....Реалната состојба во тоа ме уверува....

И Надал беше повреден и се врати како шампион на Роланд Гарос и Вимболдон...Не знам шо треба повеќе од тоа, дека е во топ форма...Каков доказ треба, навистина не знам....И не ми прави споредби мегу Роналдо и Едуардо...Тоа е фудбал и тенис....На фудбал мора да стравуваш од 11 играчи, на тенис, од судијата......

Како и да е, јас мислам дека Надал ке го надмине Роџер.....Ние го видовме најдоброто од Роџер и имам и тоа како огромен респект за него....Ми е мило што живеевме во ова време да ги видиме најдобрите финалиња на Аустрлиа Опен, Роланд Гарос и пред се финалето од пред 2 години на Вимболдон....Тоа е она кое ке се секавам цел живот
 
Каква врска има стравувањето од играчи кога се работи за убрзување во рок од 2 секунди во полн спринт и кочење во една секунда, дали разбираш кое напрегање е тоа за колената? Роналдо со скроз здрави одеднаш ги еба и толку беше! не мешај судии нити пак имаа врска тоа што у тенисот нема контакт..Јас ти кажувам реално како што е колената се најосетливот дел кај скоро сите спортисти кои се занимааат со трчање. Поготово ако се работи за нагло кочење, се надевам си учел Физика и ме разбираш, без навреда. Надал го прави тоа на велико на секој меч е затоа друже нема да иде до 16 грен слема па какви сака доткори нека има околу него тоа е факт. Не дека го мрзам, напротив еден од најфер тенисерите е и згора на тоа скоромен е. Но сепак мора да бидеме реални!
 
Абе братче, ако навиваш за Надал, ко шо навивам јас за него....Ќе ме сватиш шо сакам да ти кажам...Мене не ми е на ум неговата повреда и не мислам толку песимистички кон тоа.....Гледам огромен тим околу него, кои работат на тоа, да не игра глупави турнири...
Се додека во тимот го има глупиот чичко, кој нема осет, ќе пати Надал и тоа многу. :smir:
Надал верувам дека не сака да игра на толку турнири, но ете чичко му сака да го гледа на секој турнир, тоа е тоа, верувам дека некои работи ќе се сменат и нема да се форсира човекот.
 
Абре луге престанете да се глупирате..Да не беше Тони ,Рафаел сега немаше ни да играе тенис..Е сега како прво голем навивач сум на Федерер.Надал како таков играјач и со оваа игра нема да може да издржи да игра на оваа ниво на пример како Федерер и да ја има таа доминација..Не е дека не го сакам и тоој самиот кажа дека не сака да игра до 30 години.реално Надал ако не ги смали турнирите тенисот ке остане без надал за 2-3 години..Зошто надал никогаш го нема освоено УС Опен?Кон крајот на сезоната Надал е психолошки и физички е исцеден а америчкиот бетон ем е најбрз еми ги убива колената. Заслужено ги освои и вимблдон и Гарос но да го стигне федерер тоа малку потешко(малку повеке)еве една задача за Надал..(од мене)нека го престигне рекордот од 23 полуфиналиња на Гренд Слем турнири и јас ке го прогласам за најдоминантен најнадарен и најдобар тенисер во опен ерата..поз
 
јас имам еднo прашање како вие очeкувате надал понатаму да нема проблеми со колената..факт е дека тој нема да може да игра на ова ниво кога ке има 28-30 години тоа хроничен проблем(со колената) а исто така не знам како очекувате да го смени начинот на игра..ајде сега одеднаш јас ке играм како федерер или било кој нема смисла надал ке си остане надал а мали промени и вариации во неговата игррам може да се очекуваат следните години(на пример може да се забележи дека сега ее многу поагресивен и по активен, servisot mu e mnogu podobren ..)позз
 
Надал изјави дека веќе нема да игра на сите турнири (еве, годинава го скокна Барселона и покрај тоа што требаше да брани титула), нема да се замара со секој турнир, исто како и Федерер, ќе се концентрира на Грен Слем турнирите. Затоа пред US Open само на 1 турнир ќе игра. Така да, нема да го смени начинот на игра толку, колку распоредот. Паметно.
 
Ај линк ако воопшто постои таква информација. Во календарот на официјалната веб страница пишува дека ќе игра и во Торонто и во Синсинати пред US Open.
 
Ај линк ако воопшто постои таква информација. Во календарот на официјалната веб страница пишува дека ќе игра и во Торонто и во Синсинати пред US Open.

Точно е ова:smir:
 
Може да е точно дека ќе игра и во Торонто, одамна читав јас, врска немам каде... повеќе беше како размислување, не некоја официјална информација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom