Астрална проекција

Член8

Avatar
Член од
7 февруари 2010
Мислења
30
Поени од реакции
2
јас мислам Дека е опасно овие периоДи Да се патува астрално првично пане анДов кој е експерт За астрал кажува Дека не е безбеДно ако сАмо раДи раДозналост се прави тоА башкА требА Да биДеш ептен спремен со разни техники за Да се снајДеш колку толку во АстрАлот биДејки ете нА пример може Да се фатиш на некоја стапица Да речеме ДА влезеш во некој отвор во просторот слично нА тунел е после е тешко зА искАчАње Ако не знаеш што Да правиш и ако остАнеш поДолго време оДвоен оД телото може некое битие оД Астралот ДА го обземе телото или Ако ептен Долго време не се вратиш тогаш телото капут отиДе и Други што се рАзбирАат препорАчуваА ДА Се биДе ептен претпАзлив тАка ДА пажљиво :nenene:
 
Член од
15 февруари 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
ја имам читано дека ако личноста подолго време е оддалечена од своето тело после нема да може да се врати и телото останува безживотно? не сум сигурна колку е точно
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101
Пред било какви вежби и обиди, обавезно медитирање :smir:
 
Член од
15 февруари 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
da , pa mislam deka nema da mozis da pravis astralna proekcija ako ne meditiras prethodno ::pipi:
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.725
Поени од реакции
11.963
ја имам читано дека ако личноста подолго време е оддалечена од своето тело после нема да може да се врати и телото останува безживотно? не сум сигурна колку е точно

Не е точно, нема опасности, физичкото тело ти е поврзано со астралното со т.н. сребрено јаже, вид на фина енергија, и не можеш да останеш подолго затоа што одредени физички потреби директно влијаат на астралното, пример ако физичкото има потреба од храна или мораш во ВЦ, вода, автоматски се враќаш назад...
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Не е точно, нема опасности, физичкото тело ти е поврзано со астралното со т.н. сребрено јаже, вид на фина енергија, и не можеш да останеш подолго затоа што одредени физички потреби директно влијаат на астралното, пример ако физичкото има потреба од храна или мораш во ВЦ, вода, автоматски се враќаш назад...
Па тогаш значи пред проекција кандидатот нека се нахрани добро, стави памперси и авантурата може да започне...:pos2:...
сега серизно...јас сум слушнал дека имало некои заебани типови кои можеле да ти го пресечат јажето...
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.725
Поени од реакции
11.963
Па тогаш значи пред проекција кандидатот нека се нахрани добро, стави памперси и авантурата може да започне...:pos2:...
сега серизно...јас сум слушнал дека имало некои заебани типови кои можеле да ти го пресечат јажето...
Опааа Сукоооон, море кои заебани типови, се знај кој Ѓаоло...
Сега сериозно, јас не сум чул за такви типови(му се обраќам на д чоузен 7)но еве Сукон може да ти објасни, акоп сака нормално...

The Magus напиша:
Опааа Сукоооон, море кои заебани типови, се знај кој Ѓаоло...
Сега сериозно, јас не сум чул за такви типови(му се обраќам на д чоузен 7)но еве Сукон може да ти објасни, акоп сака нормално...
Грешка - на мај спирит му се обраќав...
 
Член од
3 април 2008
Мислења
86
Поени од реакции
6
Као шо пишав во првиот мој пост, астралната проекција е исто опасна како и егзистенцијата во овој свет. Замисли кога некој домородец наеднаш би дошол сред град и вие би му даделе да вози кола. Не знае правила, не знае што е семафор и доста веројатно ќе настрада.

Секој од нас кога почнува со астрална проекција е во слична ситуација, стапува во нов свет со други правила и други можности.

Некое сребрено или златно јаже е чиста интерпретација на одредени астрални патувачи.. ситуацијата е многу покомплексна и постои многу посилна врска меѓу астралното тело и физичкото.

Кој ги читал излетите на Пане Андов (а.к.а Astralwalker) може да види оптрилика кои се тие опасности.. ги имаше некаде по форумите на интернет не знам кај се.. ама исто е факт дека тој на времето имал форма која ретко се гледа (резултат на тригодишно вежбање 8 саати на ден). Го знам лично и типот е прва класа, немам коментар(иако моментално формата му е доста опадната заради разни обврски)

Што се однесува до вежбањето.. тоа сакав да кажам. Доколку астралната проекција се практикува секојдневно тогаш тоа е еквивалент на вежбање.. ама доколку се запостави тогаш формата опаѓа и изведувањето станува потешко.

Инаку има еден вид на парадокс во тоа што колку астралниот патувач е посилен во изведувањето и колку повеќе манипулира со енергија, толку е поголема шансата да налета на нешто опасно ... слично кога возите кола со 10 км на саат или со 150 км на саат. Така што почетниците немаат некои посебни причини да се плашат.. шансите за заглавување се мали и скоро со сигурност се враќат во сопственото тело.. Друг фактор е што колку повеќе сте посилни толку повеќе го будите вниманието на разни сили коишто сакаат да ве регрутират на нивна страна.. Моментално во астралот е вистинска војна со епички размери .. за мене лично причина повеќе што правам излети ..

После толку многу години немам заглавено во никаква посериозна ситуација.. максимални симптоми што сум имал се главоболки и исцрпена енергија кога сум направил некој голем погрешен чекор. Но факт е дека има многу борби, контакти со битија итн.. така што кај секој е тоа многу индивидулно .. имам слушнато за случаеви кога едноставно го изгубиле умот после неколку проекции.. иако се ретки .. постојат... да не кажете после дека не ви кажав :helou:

There you go.. искуства од Пане

http://www.galaksija.info/forum/viewtopic.php?p=51508

Некои од моите патешествија директно поврзани со моменталните случувања во светот ги имам опишано овде

http://www.arcana.host22.com (секција astral travel)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.007
Поени од реакции
80.813
толку повеќе го будите вниманието на разни сили коишто сакаат да ве регрутират на нивна страна.. Моментално во астралот е вистинска војна со епички размери .. за мене лично причина повеќе што правам излети ..
Какви сили?
Што значи да те регрутираат сили?

Сили да те регрутираат е најстрашното нешто? има некој кој го регрутирале? Што се случува со него откога ќе го регрутираат?

Каква епска војна? Меѓу кој?
 
Член од
3 април 2008
Мислења
86
Поени од реакции
6
Evil betty.. Тоа се прашања коишто најдобро секој може да си ги најде одговорите со лично искуство.. со среќа
 

Член8

Avatar
Член од
7 февруари 2010
Мислења
30
Поени од реакции
2
Јас пред едно 3 години почнав да вежбам астрална проекција и тоа земав некои вежби од пане андов али за некое време прекинав од повеќе причини и од тогаш немам вежбано. никад и не сум се проектирал астрално само сум имал луциден сон али не е тоа тоа. Сега ми дојде така некоја инспирација да почнам пак со вежби али сериозно овој пат и ке вежбам на свој начин и ке пробам од повеќе страни со повеќе техники да работам за да биде тоа ептен добро а и за да бидам поспремен во астралот така да the chosen7 ако можеш дади некој совет или некоја вежба тука или по пп ке ти бидам благодарен
па се глеаме у астралот :helou::helou:

п.с. оваа веб стреанава http://www.arcana.host22.com е твоја или?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Како некој што е недоволно упатен во оваа тема и кој нема доволно време да ги исчита сите 17-18 страни, ме интересира дали е вистина дека дел вежбите (техники) за астрална проектирање се состојат од целосна звучна и светлосна изолација, односно непиење вода (или пиење само малку солена вода за да се засили жедта) со цел да се постигне или достигне поинаква состојба на телото и духот, попогодна за астрален излет.
Ако не се користат, што се користи? Медитација?
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Астралната проекција и мене ме заинтересира и баш онака сакав да дознаам нешто повеќе за неа, а посебно за сонот. Бидејќи очигледно е дека не сме свесно за време на сонот и можно е токму нашето астрално тело и за време на сонот да излегува од телото и да патува.
Затоа и се тврди дека може АП да настане и спонтано и несвесно за време додека спиеме.
А за оние што ја практикуваат морам да кажам дека како
1. немаат доволно знаење
какво знаење, со тоа што ќе прочитате на интернет неколку реченици и ке ве упати некој да читате некоја книга за АП мислите ли дека ке стекнете знаења доволни да се впуштите во АП????
Од кај знаете какви се тие книги и од какви автори се???
Можеби станува збор за некои магионичарски, окултни литератури.
Ни самите не знаете во што можете да се впуштите???
Ке речете супер е јогата или медитацијата но ако размислите подобро НЕ Е. Повторно немате знаење за тие области а се впуштате.
2. Повторно немаат знаење каде се можат да одат со АП
Во духовен свет??? Во кој духовен свет???
Кој живее таму , Што има таму????
Повторно незнаења.
Постојат духовни сили во духовниот свет а вие наивни луѓе ова не е ќе се качиш на автобус и ќе одиш за Скопје. Овде има работи кои никој од вас не ги знае а сте се затрчале во практикување на АП???
Кој се тие духовни сили??? Кој се тие паднати ангели, Кој се демоните???
Ако немате доволно знаења за некоја област и ги зимате од сумшиви литератури податоците за АП. Секако дека ке доживеет е лоши работи. И ке ви се случуваат лоши работи.
3. ЗОШТО сакате да практикувате намерно АП???
Никој од вас не ми даде аргументи зошто сака да го прави тоа???
Ако ми кажувате дека тоа е во способноста на човекот исто како што и способност можеби ке речете дека е да летате, телепатија, левитација или што знам ти уште не. Морам да ве разочарам дека не е така. Тоа се посебни способности и дарови би можело да се рече но од кого???
Кој може да ти ги даде тие дарови. Тие можат да бидат или од Божја природа, но за да добиете таков дар како на пример видовитост или сл вие мора да сте на високо духовно ниво и да живееш живот над страстите и суетата своја. Никој толку високо духовно развиена личност не ги сака тие дарови но само со божја благодет може да ги добие. А 2риот извор на тие дарови се демонските сили.
Сите вие што се обидувате да практикувате вакви глупости затоа што тоа ви се чини дека е интересно и супер искуство, со АП со користење на јога и медитација и со триста различни курсеви кои ги одите и практикувате технико кои ни самите вие не ги знаете за отварања на 3то око и што ти знам не. Сите вие сте оствариле или остварувате контакт со демонски сили. Пошто јогата и медитацијата се само еден вид на перење на вашиот мозок, и губење на вашата индивидуалност се со цел да се вклопите со некоја енергија? Која енергија??? Тоа се измислици за енергијата на кој наседувате да се чивствувате цели со универзумот и триста други бајки. Сите вие што практикувате вакви глкупости а гледам сте навлегле и во магијата сите вие што ќе речете дека сте имале контакт со некој вид на енергија не е таа Божествената енергија верувајте туку сте оствариле контакт со демонските сили.

Затоа подобро ви е да си живеете и работете што и да си работете а за овие работи можете само да прочитате но НЕ и да ги практикувате...


ехее, полека стави една подолу. Ти овде поставуваш прашања кои и самата не знаеш да ги одговориш, нели ? Односно доколку знаеш па дај сподели го твоето познавање со нас и потоа самите ние ке можиме да заклучиме дали АП е во ред да се постигнува намерно или не, без никаква потреба да даваме аргументи зошто тоа го посакуваме.....
Искрено овој пост на прво што го прочитав ми делува некако себично од твоја страна, велиш не знаете во шо се впуштате без самата да кажеш што е тоа...
Од друга страна изгледа и многу диктаторски...кога веќе кажуваш "немој ова немој она, ова чини она не " кажи и зошто така, а не да испаѓа дека така тебе ти текнало или дека така ти сакаш...
nvm... ако имаш некои лични искуства поврзани со ова кажи(ако сакаш) ако не...:smir:
 
G

Giggles

Гостин
Имам прочитано некаде, поодамна беше, дека астралната проекција може да настане и при пеницилински шок.Е сега не се сеќавам дали намерно може да се предизвика или случајно, а може и двете хмммм...ај баш ќе се растерам да видам...можеби грешка сум, ко во магла ми е :)
 
Член од
3 април 2008
Мислења
86
Поени од реакции
6
Сабазиј.. линковите што ги дадов во иницијалниот мој пост се минимум што е препорачливо да се простудира кога веќе некој сака да изведува АП. Таму ќе најдеш и одговор на прашањата.. кој нема време ниту за тоа тогаш немам што да кажам, можеби е подобро да не ни почнува.. не се работи само за техники (коишто ги има во тие текстови и ги препорачувам), човек треба да знае што да очекува на другата страна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom