Као шо пишав во првиот мој пост, астралната проекција е исто опасна како и егзистенцијата во овој свет. Замисли кога некој домородец наеднаш би дошол сред град и вие би му даделе да вози кола. Не знае правила, не знае што е семафор и доста веројатно ќе настрада.
Секој од нас кога почнува со астрална проекција е во слична ситуација, стапува во нов свет со други правила и други можности.
Некое сребрено или златно јаже е чиста интерпретација на одредени астрални патувачи.. ситуацијата е многу покомплексна и постои многу посилна врска меѓу астралното тело и физичкото.
Кој ги читал излетите на Пане Андов (а.к.а Astralwalker) може да види оптрилика кои се тие опасности.. ги имаше некаде по форумите на интернет не знам кај се.. ама исто е факт дека тој на времето имал форма која ретко се гледа (резултат на тригодишно вежбање 8 саати на ден). Го знам лично и типот е прва класа, немам коментар(иако моментално формата му е доста опадната заради разни обврски)
Што се однесува до вежбањето.. тоа сакав да кажам. Доколку астралната проекција се практикува секојдневно тогаш тоа е еквивалент на вежбање.. ама доколку се запостави тогаш формата опаѓа и изведувањето станува потешко.
Инаку има еден вид на парадокс во тоа што колку астралниот патувач е посилен во изведувањето и колку повеќе манипулира со енергија, толку е поголема шансата да налета на нешто опасно ... слично кога возите кола со 10 км на саат или со 150 км на саат. Така што почетниците немаат некои посебни причини да се плашат.. шансите за заглавување се мали и скоро со сигурност се враќат во сопственото тело.. Друг фактор е што колку повеќе сте посилни толку повеќе го будите вниманието на разни сили коишто сакаат да ве регрутират на нивна страна.. Моментално во астралот е вистинска војна со епички размери .. за мене лично причина повеќе што правам излети ..
После толку многу години немам заглавено во никаква посериозна ситуација.. максимални симптоми што сум имал се главоболки и исцрпена енергија кога сум направил некој голем погрешен чекор. Но факт е дека има многу борби, контакти со битија итн.. така што кај секој е тоа многу индивидулно .. имам слушнато за случаеви кога едноставно го изгубиле умот после неколку проекции.. иако се ретки .. постојат... да не кажете после дека не ви кажав :helou:
There you go.. искуства од Пане
http://www.galaksija.info/forum/viewtopic.php?p=51508
Некои од моите патешествија директно поврзани со моменталните случувања во светот ги имам опишано овде
http://www.arcana.host22.com (секција astral travel)