Оливер Фокс со ноќи се обидувал , да го контролира и продолжи сонот , но кога во тоа успеал , сонот се претворил во будна свест ослободувајќи астрал и Фокс бил способен да продре низ цврстите ѕидови и да ја “моделира материјата по сопствена желба “ !
Во минатото голем број извонредни поединци , по пат на разни методи и техники успевале да постигнат вонтелесни проекции и сo својот астрал патувале низ простор и време. Во ова поглавије ке согледаме едно од најдобрите искуства на Олвер Фокс. Неговата исповед детално опишана во “Окултна ревија“ од 1920 година, спаѓа во најинтересните од целокупната литература за вонтелесните доживувања . Статии во кои Фокс , детално ги опишал своите астрални проекции - “Боров портал “ и “ Позади боровата врата “ содржат голем број возбудливи поединости .
Инспиративен сон
На почеток на своето интересно кажување за своите необични искуства , ги дава следните напомени и објаснувања
1. биле тоа сонови полни со живот
2. биле тоа вистински проекции на внатрешното тело !
За разлика од многу други истражувачи , Оливер Фокс не се обидувал да докаже теорија за постоење на астрално тело . Тој едноставно , само ги изложувал преживеаните искуства , пуштајќи ги читателите сами да истражуваат и пресудуваат . Основна каректеристика на Фоксовите вонтелесни истражувања е дека произлегувале од потполна контрола на сонот. Неговата техника, денес позната во светот, се сведува на посматрање на некои несугласици или анахронизми во сонот. Со други зборови, за оваа техника неопходна е свесност дека се спие и сонува.
Еве го клучот на Фокс за сон:
“Во време кога бев студент на техничкиот колеџ, еден необичен сон ме инспирираше да ги започнам своите истражувања. Сонував дека стојам над својот дом. Гледајќи надолу, открив дека поплочениот камен на интересен начин ја променил својата положба-долгата страна сега беше паралелна со ивичњакот наместо под прав агол -како што навистина беше!Како тоа се случило, се прашував. Тогаш се сетив- па јас сонувам! Во истиот момент силата на животот што ја доживував никогаш не била поинпресивна.Никогаш морето и небото н е зрачеле со таква убавина, никогаш куќите и улиците не биле поскладни, никогаш полињата не беа така измиени чисти сјајни...Никогаш ,не се чувствував така убаво, јасни мисли, чист мозок и боженствено мокен. Чувството не траеше долго, мојата ментална контрола ја изгуби моќта и се усклади со моето уморно и лењо тело. Тогаш на ум ми дојде една сјајна идеа-одличив да се обидам да се вратам во својот сон ида го продолжам!...”
Од таа желба произлегла голема задача. Оливер Фокссо ноки се обидувал да го контролира сонот и барем малку да го продолжи,но кога тоа му тргнало од рака, сонот се преточувал во будна свест ослободувајќи астрално тело Фокс бил способен да продре низ навидум цврсти ѕидови и да “моделира материја по сопствена желба”.
После долготрајни експерименти дека напорот, да го продолжи сонот предизвикува непријатна болка во предел на епифизната жлезда и тоа му било знак да се врати во физичко тело. Фокс открил, дека во последните секунди на продолжениот и контролиран сон доживува -двострука свесност. Со други зборови, тој во тие необични мигови , можел да се осети себе си, како учествува во својот сон, али истовремено бил свесен дека лежи во својот кревет дури ја гледал и спалната соба! Без сомнение Оливер Фокс, бил вистински истражувач.Болките во епифизниот дел биле знак дека експериментот треба што побргу да се прекине. Фокс се повеќе го мачело прашањето што ќе се случи, ако не ги послуша сигналите на своето тело и продолжи со експериментот?!
Една ноќ одлучил да оди до крај: после болниот сигнал слушнал “ клик”во пределот на мозокот и наеднаш се осетил “откључен”и одвоен од своето физичко тело! Губејќи го чувството на двојна свест му се чинело дека запловил во едно ново искуство, нова димензија, во која времето и просторот ништо не претставуваат. Оливер Фокс се нашол во- астрална проекција!
земено од Iluzionist